ЈП”Улици и патишта”Скопје известува дека на ден 12.04.2025 година (сабота) во периодот од 8-14 часот ќе се вршат градежни работи за санација на коловозот, на ул. ,,Димитрија Чуповски’’ во насока од Порта Македонија до ул. Македонија.
На ден 13.04.2025 година (недела) ќе се изведуваат активности за обележување на хоризонталната сигнализација на сообраќајницата.
Апелираме да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и замолуваме за трпение во сообраќајот во часовите до завршување на градежните работи, со цел зголемена сигурност и безбедност за сите учесници во сообраќајот.
ЈП УЛИЦИ И ПАТИШТА СКОПЈЕ