Во рамки на авто – мото рели Шмпионатот на историски возила на Македонија кој се спроведува во склоп на годинешните планирани активности на Националната Федерација на историски возила на Македонија, овој викенд 24 и 25 мај 2025 год. се одржа првиот авто – мото рели натпревар на историски возила, Македонија – Исток. На релито се возеа три етапи и тоа: Прва етапа – Скопје – Свети Николе, Втора етапа – Свети Николе – Радовиш и Трета етапа – Радовиш – Струмица. Вкупната должина на патеката изнесуваше 137 км и истата требаше да се извози во точни, однапред предвидени временски интервали, со почитување на сообраќајните правила и сообраќајната култура, како во населените места град/општина, така и на отворениот автопат. Историските возила беа распоредени во 2 категории и 5 класи според годината на нивното производство, кубикажата на нивниот мотор и нивните технички карактеристики.
Со своите возила настапија 27 натпреварувачи, членови на 8 клубови на историски (олдтајмер) возила од државата. Организатор на овој авто – мото рели натпревар беше Клубот на историски возила VM Classis од Скопје, а истиот беше потпомогнат и одржан во соработка со Општина Центар, Општина Рдовиш, Општина Струмица, Општина Демир Капија и Општина Градско. Натпреварот беше координиран и технички подржан од страна на Националната федерација на историски возила на Македонија и Светската федерација на историски возила FIVA и Министерството за спорт. По завршувањето на сите етапи од натпреварот беа прогласени победниците во своите категории/ класи.
I – КАТЕГОРИЈА ОЛДТАЈМЕРИ
Прва класа – Олдтајмери до 1000 cm3
Прво место – Марко Божиновски – Опел Кадет Купе – Клуб VM Classic
Второ место – Мојсије Милосавлевски – Мини Купер – Клуб Мини Класик
Трето место – Ербин Мемиши – Затава 750 – Клуб VM Classic
Втора класа – Олдтајмери до 1600 cm3
Прво место – Марија Соломонова – Затава Југо – Клуб VM Classic
Второ место – Васил Стамболиски – Застава Скала 128 – Ретро Лајф
Трето место – Горан Заковски – БМВ 316 – БМВ Македонија
Трета класа – Јангтајмери над 1600 cm3
Прво место – Дамјан Николовски – БМВ 730 – Клуб БМВ Македонија
Второ место – Игор Николовски – 323 тк – Клуб БМВ Македонија
Трето место Кристина Георгиевска – Мерцедес – S 300 TD – Клуб VM Classic
Пласманн по клубови
- Клуб VM Classic – Скопје
- Клуб БМВ Македонија – Скопје
- Клуб Ретро Лајф – Скопје
- Олдтајмер Клуб Скопје – Скопје
- Олдтајмер Клуб Мини Класик – Скопје
- Олдтајмер Клуб Авто Мото Класика – Прилеп
Следниот авто – мото рели напревар од Шампионатот на историски возила е планирано да се одржи на 5 и 6 јули во општините од централниот дел на Македонија. Во прилог Ви испраќаме линк до фотографии од натпреварот: https://we.tl/t-SDYcyYpbKf Со почит, Национална Федерација на историски возила – Претседател Мојсије Милосавлевски Повеќе информации за нашите активности може да најдете на следните линкови: https://fiv.mk/ – НАЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА НА ИСТОРИСКИ ВОЗИЛА НА МАКЕДОНИЈА https://www.facebook.com/groups/303004327892503/?hoisted_section_header_type=recently_seen&multi_permalinks=1067902714735990