Специјалниот пратеник на американскиот претседател за Русија и Украина, Кит Келог, го советувал Доналд Трамп да не се среќава со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба бидејќи сметал дека односот меѓу двајцата претседатели „треба да се зајакне“, изјави висок американски функционер запознаен со разговорите за „Си-ен-ен“. Тимот на Зеленски се заложил да се одржи состанокот во Белата куќа, вели изворот.
„Во Киев, Келог и Зеленски се согласија за договор со една точка која допрва треба да биде финализирана“.„Зеленски тоа го одигра погрешно колку што можеше. Тој влезе во Овалната соба делувајќи како строг, „тежок играч“. Не играше добро. Сите во собата се чувствуваа навредени“, рече високиот американски функционер вклучен во разговорите. „Сега Зеленски ќе мора сам да сфати како да го поправи ова. Ние не можеме да го поправиме за него“, изјави висок американски функционер за Си-Ен-Ен.