Под водство на проф. д-р Зоран Божиновски и со поддршка од стручен тим успешно е извршена реконструкција на деформитет на стапало кај 13-годишен пациент. Во медицинскиот тим учествуваа д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, анестезиолог д-р Марина Темелковска, д-р Ивана Колевска Удовалиева, инструментарка с. Шехиде Синани, помошник инструментарка с. Аријета Мемети, сестра анестетичар с. Менче Дојчиновска и болничар Сејнур Идриз.
-Трансплантациите се извршени благодарение на ткивната банка на ортопедија. Со секоја успешно изведена трансплантација, ние не само што спасуваме живот, туку им даваме шанса за подобар и поквалитетен живот на пациентите. Тие се инспирација за сите нас. Изразувам посебна почит кон донорот и благодарност до семејствата на донорите. Огромна благодарност и до сите здравствени работници вклучени во трансплантациските постапки. Во изминатите шест месеци се извршени осум ортопедски трансплантации кај деца и возрасни со кои значително се унапредува квалитетот на живот кај пациентите, вели проф. д-р Кузмановска, национален координатор за трансплантација.