Тој кажа дека пожарот избувнал пред три дена во попладневните часови од „дива“ депонија кај село Ваксинце и почнал да се шири, зафаќајќи површина од околу 500 хектари, претежно сува трева, но и триесетина хектари борови култури.
– Жалам, што првично имаше мала некоординација со општинските власти меѓутоа сето тоа надмина сето тоа. За среќа, зафатена е само деградирана шума. Во справувањето се вклучија наши екипи со мала помош на ТППЕ Куманово. Веќе вториот ден во ноќта, пожарот се закани да ги зафати куќите во Ваксинце. Тука веќе се вклучи општинската администрација и тоа солидно со механизација, луѓе се што требаше. Меѓутоа веќе наредниот ден откако Ваксинце не беше веќе критично, повторно не оставија сами и нашите колеги го гасеа пожарот, изјави Михаилов.Тој додаде дека постојано имале координација со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување како и со ЦУК од соседна Србија, бидејќи пожарот се приближил до границата