Рано утрово изгорел автомобил „Пасат“ во сопственост на жител на скопското село Бардовци, а огнот се проширил и на уште еден автомобил, соопшти МВР.
„Денеска (13.06.2025) во 03:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Ѓ.(36) од с.Бардовци. Од пожарот било зафатено и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Н.(67) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.