16.9 C
Скопје
12/05/2025 18:31
МАКТЕЛ

     

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

      

Во сторијата на насловната страница на Тајмс, коментарите на Блер беа опишани како „најновиот знак дека мејнстрим консензусот за зелените политики се урива“ Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел од медиумите ги извадија од контекст, или сосем ги извртеа коментарите на Блер, пишува „Вистиномер“ Бившиот  премиер на Обединетото Кралство, Тони Блер, во извештај објавен преку својот тинк-тенк „Тони Блер институт за глобални промени“, имаше неколку критики кон моменталните стратегии за справување со климатските промени. Овие коментари на бившиот премиер ги разгорија страстите на (конзервативните) медиуми во Обединетото Кралство, кои го извадија делумно или целосно од контекст она што го пишува во самиот извештај. Воедно, коментарите на Блер се искористија како повод за славење на „уште еден пораз“ на поборниците за климатските промени.

Во известувањето на насловната страница, Дејли телеграф ги опиша коментарите на Блер како директен „напад“ врз премиерот Кир Стармер, и покрај тоа што напоменаа во самиот напис дека Блер воопшто не ја споменал Велика Британија. Во сторијата на насловната страница на Тајмс, коментарите на Блер беа опишани како „најновиот знак дека мејнстрим консензусот за зелените политики се урива“. „Блер вели моменталните нето нула политики се „осудени на пропаст“, пишува насловот на Би Би Си. Нето нула е осудено на пропаст предупредува Тони Блер“ пишува насловот на Тајмс. „Нето нула е пропаст, Блер му кажа на Стармер“ пишува насловот на Дејли Телеграф. „Тони Блер направи дупка во плановите на Ед Милибед за нето нула“ пишува насловот на Пејпер. Но, во предговорот на самиот извештајот, Блер оваа идеја ја срочи поинаку: Ова се незгодните факти, што значи дека секоја стратегија заснована на „постепено укинување“ на фосилните горива на краток рок или ограничување на потрошувачката, е стратегија осудена на пропаст, пишува во извештајот.

   

Инаку, кога се споменува „нето нула“ се мисли намалување на емисиите на јаглерод и останатите гасови на што е можно помала количина којшто ќе може да се апсорбира или трајно да се складира од природата и други мерки за отстранување стакленичките гасови. Со други зборови, по емисиите и нивната апсорпција да остане „нето нула“ нови гасови во атмосферата. Што се однесува до нашите медиуми, изјавата на Блер не беше пренесена многу поразлично. И кај нас имаше пренесување на веста со сензационалистички наслов, извадени од контекст работи и некои сосема погрешни информации што никаде не се споменуваат во самиот извештај на Блер. Освен Офф нет, друг медиум што ја пренесе веста беше Енергетика24. Но, за разлика од Офф нет, тие немаат грешки во пренесувањето на веста. Имено, уште од насловот и поднасловот на написот на Офф нет го пишуваат следното: Тони Блер бара уште порадикални промени – да се укинат и глобалните конференции за климата, зашто не даваат резултати. Читајќи го насловот може да се добие слика како тој ова директно да го има кажано. Но, како и со британските медиуми, Блер воопшто не повикува на целосно укинување на нето нула политиките. Понаттаму, во самиот напис на Офф нет се вели:

Документот потпишан од институтот на Блер оди многу подалеку од преиспитување на целите за гасовите. Се бара целосно укинување на глобалните конференции за климатски промени, познати како КОП, зашто не решаваат ништо. За сериозно соочување со климатските кризи потребно е да се формира „нова коалиција“ што може да испорача резултати. Она што всушност поранешниот премиер го напиша за конференциите е следното: Процесот на COP [Conference of Parties] нема да донесе промени со потребната брзина. Големото собирање на сите нации има свое место, иако веројатно не секоја година. Но, реалноста е дека одлуките на големите земји и политичката насока што ја даваат кон технологијата и финансиските текови, всушност можат да го решат климатскиот проблем. Сепак, не постои соодветен процес што овозможува да се изврши детална и сложена политичка работа, наложена од малкуте нации што можат да направат вистинска разлика во однос на климатските промени. Ако COP ги зголеми глобалните амбиции за климатска акција, сега ни е потребен нов процес што ги зголемува глобалните решенија. Нов кооперативен пристап кон технолошките решенија што би можел да биде следно возбудливо поглавје.

Критиката дека мултилатералната конференција како СОР е преспора за придвижување кон реални промени за справување со климатските промени и можеби е потребен нов начин на заедничко дејствување што ќе биде побрзо и ефикасно е валидна критика. Но, никаде во овој и другите цитати не се споменува укинување на ваквите конференции за климата. А, особено цинично е да се каже дека ваквите конференции не се ефективни кога токму ваква конференција буквално го спречи проширувањето на озонската дупка. Со т.н. „Монтреал протокол“ се лимитираа емисиите на штетни честички како хлорофлуоројаглеродот. Успешноста на овие лимитирања, според извештајот на Светската метеоролошка организација од 2022 г., доведоа до тоа озонската дупка целосно да се затвори во рок од неколку децении. Дополнително, исто така отсуствува контекстот за новите технологии како зафаќање (или ловење) на јаглеродот од атмосферата. Настрана од фактот што повеќе институтифондациигрупи и научни магазини зборуваат дека оваа технологија не е ефективно решение за справувањето со  климатските промени, тоа го потврдува и самиот Блер во својот предговор, пишувајќи: Во моментов, зафаќањето на јаглерод не е комерцијално одржливо и покрај тоа што е технолошки изводливо – но политиката, финансиите и иновациите би го промениле ова.

Дополнително, речиси ниту една влада во светот нема донесено закони или стратегии за „нето нула емисии“ со „постепено укинување на фосилните горива на краток рок или ограничување на потрошувачката“. Но, како низа години во минатото и на СОР28 што се одржа на  крајот на 2023 г. во Дубаи, светските лидери се согласија да направат постепена „транзиција од фосилни горива“ до 2030 година. Не само тоа, Кир Стармер на самитот за „Иднината на енергетската безбедност“ организирана од Меѓународната агенција за енергетика во Лондон, афирмираше дека неговата влада „се залага за иднина со ниски емисии на јаглерод“ и дека справувањето со климатската криза и зајакнувањето на енергетската безбедност се „во ДНК на неговата влада“ и дека „нема да чекаат, туку ќе забрзаат“. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерката Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski

Почнаа 13-тото издание на RoboMac и 5-тото издание на RoboMac Junior

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но не очајуваме, македонската економија има потенцијал испорачуваме резултати

Sase Ivanovski

Јаневска: се залагаме за едносменска настава во сите училишта бидејќи значително го подобрува знаење на учениците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче има удел во бизнисите на Заев во Дубаи, затоа ли молчи за златната виза?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: Во што се претвори СДС? Здружение на наркодилери и конзументи? Или нивен заштитник? Ќе се откаже ли СДС од Слаѓан Марковски?

Sase Ivanovski

Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска со порака до збунетото СДСМ – се самозалажувате – вашите штабови се како археолошки напуштени музеи

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: И ова утро, Општина Центар го исчисти сметот во Дебар Маало, Комунална хигиена на продолжен викенд

Sase Ivanovski

Минисерство за внатрешни работи: Приведен кавадарчанец, управувал возило со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ги повикувам станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви и лифтови

Sase Ivanovski

Лазаров: Им честитам на момците, сега ќе играме со најдобрите во Европа

Sase Ivanovski

Полицајците денеска излегуваат на протест, бараат повисоки плати

Sase Ivanovski

Филипче: Луѓето што гласаа за ЗНАМ сега гледаат дека се излажани

Sase Ivanovski

Левица: Обвинетите во „Делчевски ниви“ кои се блиски до Мицкоски добиваат тендери од МРТВ

Sase Ivanovski

„Прво биди човек, потоа врши интервју“ – публиката ја нападна овој водител на Fox News поради обид да ја продолжи емисијата откако гостинот се онесвестил во етерот

Sase Ivanovski

Унгарија ги откажа разговорите со Украина за правата на малцинствата

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче јасно кажа дека не поседува имот во ОАЕ, визата што ја поседува не е добиена на основ на инвестиции

Sase Ivanovski

Денес, „Матица македонска“ ќе чествува 195 години од раѓањето на Прличев со промоција на новата книга од акад. Митевски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАМП ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТЕН АВИОН ОД КАТАР Го викаат „летечка палата“, таков луксуз не сте виделе

Sase Ivanovski

Масовни апсења на деца низ Европа: Се раѓа нова генерација терористи, а некои од нив имаат 14 години

Sase Ivanovski

Трамп ќе потпише извршна наредба за намалување на цените на лековите што се издаваат на рецепт

Sase Ivanovski

Таравари: Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЕУ е нашата цел, но треба да научиме да победуваме и во Вашингтон и во Брисел, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: Не сакаме да бидеме кукли во владата. Кога не можеме да бидеме тоа за што народот не избрал му се враќаме нему

Sase Ivanovski

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Повеќе од 500 гости на Самитот Македонија 2025 во Скопје

Sase Ivanovski

Од срцето на Европа – Чешка нуди литиум наместо јаглен

Sase Ivanovski

Мицотакис патува во Рим на средба со Мелони

Sase Ivanovski

Станбените заедници во Центар ќе добијат субвенции за поправка на лифтови и кровови на зградите

Sase Ivanovski
Вчитувам....