Заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, упати честитка до верниците со порака за солидарност, пожртвуваност и заедничка работа за општото добро.
„По еден месец посветеност, пожртвуваност и размислување, Фитр Бајрам доаѓа како божествен благослов и награда. Како што постот не научи на трпение, воздржаност и посветеност, така и нашиот заеднички напор за општо добро бара посветеност, трпение и пожртвуваност,“ напиша Меџити.
Тој истакна дека во текот на Рамазанот се работело за зајакнување на верата, изградба на заедничка визија и надминување на предизвиците со мудрост. „Фитр Бајрам нè потсетува на важноста на солидарноста, а исто така нè инспирира да го трансформираме овој дух во конкретни дела за нашето општество,“ додаде тој. На крај, Меџити порача: „Среќен Бајрам! Божјиот мир, милост и благосостојба нека биде врз вас, врз вашите семејства и врз сите оние кои работат за општо добро!“