Како главна забелешка за слабиот напредок на земјата во борбата против корупцијата се наведуваат измените во Кривичниот законик. Загрижуваат и „политички мотивираните назначувања и разрешувања на судии“.
Правосудството и во овој извештај е најголемиот проблем во борбата против корупцијата. Оценската мисија на ЕУ која влезе во највисокото тело на правосудниот систем даде дури 40 препораки, а наведени се и политичките притисоци за кои се жалеше претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.Подобро рангирани од Македонија во регионот се Словенија, Хрватска, Грција, Црна Гора и Бугарија, а со послаби резултати се Косово, Албанија, Србија и БиХ.