22.8 C
Скопје
09/05/2025 16:28
МАКТЕЛ

     

Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно

      

Иако со последните амандмани се испочитувани дел од барањата од јавните расправи, сепак овие измени се само делумно усогласување со европското законодавство, што значи парцијално решение, пишува „Вистиномер“. Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува онлајн медиумите во регулираната сфера. Иако со последните амандмани се испочитувани дел од барањата од јавните расправи, сепак овие измени се само делумно усогласување со европското законодавство, што значи парцијално решение, пишува „Вистиномер“. Во продолжение, ви ја пренесуваме објавата во целост: Измените во Законот за медиуми што е во фаза на второ читање во Собранието, се однесуваат најмногу на внесување на онлајн медиумите во легислативата, нешто што е барање на самите сопственици на онлајн медиумите, но и дел од современото европско законодавство, конкретно со Европскиот акт за слобода на медиумите познат како ЕМФА (European Media Freedom Act – EMFA).

Откако се отвори оваа тема што најмногу ја туркаа уште во време на претходната влада порталите што припаѓаат во Здружението за заштита и унапредување на интернет медиумите ONLINEMEDIA.MK, но и откако и новинарските здруженија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), отстапија од ставот дека нема потреба од регулација на порталите – тој став беше и став на ЕУ се до пред некоја година – Министерството за дигитална трансформација (МДТ), подготви измени на Законот за медиуми. Овие измени беа подготвени уште лани при крај на годината, но откако еснафските организации и експерти побараа јавна расправа, таа траеше до март, а оттогаш предлогот за измени е ставен во Собранието, каде вчера (14.04.) го мина комисискиот филтер на надлежната комисија и се очекува да биде усвоен и на пленарна седница на парламентот. Што треба(ше) да се постигне со овие измени? Главна измена на овој закон е внесување на онлајн медиумите како регулирани медиуми со права и одговорности и формирање Регистер на онлајн медиуми што со законското решение ќе го води регулаторот АВМУ.

   

Но една од главните цели на законот е гарантирање на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, нешто што спаѓа во основните права или првиот кластер во преговарачкиот процес со ЕУ – Фундаменти, а предлагачот, Владата, уште во воведот на предложените измени запишала: Со донесувањето на измените на законското решение ќе се испочитуваат препораките зацртани во Патоказот за владеење на правото, кој ги опфаќа клучните реформски приоритети во „Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права“ во делот на слободата на изразување. Имплементацијата на препораките содржани во европските политики ќе овозможи зголемена транспарентност на онлајн медиумите во делот на сопственоста, рекламирањето и финансирањето, подобрување на конкурентноста, заштита на уредничката независност, подобрени права на новинарите. На овој начин, онлајн медиумите ќе ги остварат сите права, но и обврски како и сите други медиуми. Дали е ова така? Одговорот на ова прашање е само делумно. Ова го велат и експерти и од ССНМ и од невладините, кои заедно со ЗНМ бараа да нема парцијални решенија, како и од дел од невладиниот сектор кој учествуваше во дел од јавните расправи. Снежана Трпевска од Институтот РЕСИС, експерт за медиумски политики, ни изјави дека измените се парцијални, и дека усогласувањето со европското законодавство е парцијално или минимално, поточно со ЕМФА кој стапува во сила во мај годинава. Како аргументи Трпевска наведува:

  • дефиницијата на онлајн медиумите не е усогласена со ЕМФА, ниту со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги АВМУ (ЗАВМУ). Во ЕМФА се зборува за даватели на медиумски услуги, исто како во ЗАВМУ, а овде се сè уште издавачи на медиуми.
  • нема одредби за заштита на плурализмот (член 22 од ЕМФА) – затоа што концентрацијата на сопственоста во онлајн секторот не е регулирана (одредбите во ЗАВМУ се застарени и не се однесуваат на онлајн секторот).
  • нема одредби за заштита на новинарите во редакциите од арбитрарно мешање на сопствениците и директорите на медиумите, ниту пак има гаранции за нивниот работен статус (член 6.3 од ЕМФА)
  • нема обврски за сопствениците на медиумите да пријавуваат конфликт на интерес (член 6.3 од ЕМФА)
  • нема одредби со кои новинарите се заштитуваат од дигитално следење – spyware (член 4 од ЕМФА)

Освен ова, Трпевска додава дека од надлежното министерство (МДТ), иако се најавува не се знае дали воопшто ќе почне работата на нови закони што ќе бидат конзистентни и ќе ги имплементираат и другите прашања содржани во ЕМФА, а тие се: работата на јавниот сервис (членови 5.1, 5.2, 5.3 ЕМФА), концентрацијата на сопственоста (член 22 од ЕМФА), модерирањето на содржините на социјалните платформи (член 18 од ЕМФА)… Всушност, ова произлегува од самиот Патоказ за спроведување на реформите поврзани со владеење на правото, каде Владата уште во верзијата од декември 2023 г., за овие измени си дала рок до 2028 година: Со измените во различните закони, донесени во различни фази ќе се регулираат онлајн медиумите, позицијата на националниот радиодифузен сервис, правната заштита на новинарите, социјалните и работничките права, конкурентноста, одржливоста и плурализмот итн. (до 2028 година), се наведува во Патоказот кој е усвоен од Собранието, но според последните информации сега бил во процес на ревидирање.

Од ССНМ изразија задоволство што Владата ја уважила забелешката дека тројца постојано вработени во онлајн медиумите – како услов да влезат во Регистарот на онлајн медиуми, може да го загрози постоење на многу интернет медиуми, особено на локално ниво, па амандмански преку група пратеници го сведуваат бројот на двајца постојано вработени, со исклучок на еден и еден хонорарно вработен за локалните и специјализираните медиуми кои ги дефинирале како „медиуми со мал и/или специјализиран опфат“. Но, потсетуваат и на парцијалноста на решението: ССНМ е задоволен што на крајот сепак беа прифатени нашите барања за измени со амандмани во Законот за медиуми. Овие измени се пред сè значајни и од големо значење за локалните медиуми кои се наоѓаат во незавидна состојба и се соочуваат со сериозни предизвици, но и за непрофитните, специјализираните медиуми и медиумите на заедниците. Сепак, уште еднаш потенцираме дека за сериозно подобрување на состојбата потребно е отворање на целосен, инклузивен процес на изработка на целосно нов Закон за медиуми кој ќе биде усогласен со Европскиот акт за слобода на медиуми и во кој ќе бидат внесени дефиниции кои ќе бидат во тек со технолошкиот напредок, и уште поважно за нас да бидат засилени членовите во законот коишто ќе ги засилат механизмите за заштита на работничките и професионалните права на новинарите и медиумските работници, што е основа за слободни медиуми кои го штитат јавниот интерес, ни изјави Павле Беловски, претседателот на ССНМ.

Ова беше заклучок и после втората панел дебата посветена на измените на законот кон крајот на март на која учествуваа преку 50 претставници на НВО секторот, релевантните медиумски здруженија и експерти. Но, меѓу заклучоците од овие дебати што се испратени до надлежното министерство се наведуваа и „целосно усогласување со европската регулатива, особено со ЕМФА“, како и дека „парцијалните решенија не се одржливи на долг рок и неопходно е да дојде до изработка на целосно нов Закон за медиуми“. Што предлагаше Метаморфозис? Фондацијата Метаморфозис како невладина организација која е издавач на три онлајн медиуми – интернет портали, во врска со ова прашање исто така се залага за целосно решение. Во јавната дебата и во коментарите на ЕНЕР кога беше објавена првата верзија на Предлог измените на Законот за медиуми, наведено е дека Метаморфозис е на ставот дека е неопходно донесување на нов Закон за медиуми, во кој сеопфатно ќе бидат уредени сите отворени прашања согласно европските норми и стандарди. Што значи, против парцијални решенија. По прашањето за бројот на вработените, Метаморфозис уште тогаш беше на ставот дека ако е услов, тогаш бројот треба да биде максимум две вработени лица, но и дека законодавецот треба да биде свесен дека ги става во опасност локалните и специјализираните медиуми, па да направи исклучок:

Издавачот на информативни содржини во вид на текст, аудио или аудиовизуелен формат преку онлајн медиум – интернет портал по исклучок може да има и само едно лице во редовен работен однос, доколку неговата адреса и секојдневна работа се одвива во општините и регионите во Република Северна Македонија надвор од Скопје, т.е. потпаѓаат под категоријата локални или регионални медиуми или пак се занимаваат со информативни содржини наменети за ранливи категории граѓани и групи, а кои се од општ јавен интерес – се наведува во коментарите што на ЕНЕР ги поднесе Метаморфозис на крајот од ноември 2025 година. Во овие предлози има и други аргументи (како на пример потребата во дефиницијата за онлајн медиум да се опфатат и нивните профили на социјалните мрежи поради усогласување со DSA), што можете да ги прочитате ТУКА. Патем и Владата во својата Програма за 2025 г. предвидела (стр.29 и 30) дека МТД до Собранието во април ќе достави Предлог закон за дигитални услуги, што е дел од Реформската агенда за усогласување со ЕУ, со DSA., но тој не може да се пронајде ниту на ЕНЕР ниту во Собранието преку пребарување. Конечно, на сеопфатност во усогласувањето, а не на парцијални решенија во врска со медиумите во своите извештаи упатуваше и ЕУ и во 2023 (стр.11) и во 2024 година (стр.7). Извор: Новинска агенција МЕТА

    

Најново

(ВИДЕО) ЉУБЧО: БРЗАТА ПРУГА Е ПРОЕКТ НА СРБИЈА, НИЕ СЕ ЛЕПИМЕ НА ТОА КАКО КЛЕНОВИ

Sase Ivanovski

КОЈА Е СРПСКАТА АЛТА БАНКА ШТО ЈА „ПИКИРА“ НАШАТА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА – ова се податоците за нејзината сопственост и профити

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОГОТ ЗА КАНДИДАТ ЗА ИДЕН ГУВЕРНЕР ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ПОЧЕТОКОТ НА СЛЕДНАТА НЕДЕЛА – кој ќе седне на престижната функција во Народната банка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Во градежната фирма до скоро имав околу 100 вработени, сега имам 20

Sase Ivanovski

ФЕД ГИ ЗАДРЖА КАМАТНИТЕ СТАПКИ И ПОКРАЈ ПРИТИСОКОТ НА ТРАМП – економијата и понатаму е под притисок поради царините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: Профитните маржи на банките се 100 пати поголеми од тие на маркетите, но јавноста е гневна на маркетите?!

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА ГИ ШОКИРАА ТУРИСТИТЕ: Еве што да очекувате сезонава во омиленото летувалиште

Sase Ivanovski

„ДА ВИ КАЖАМ КОГА ЌЕ СЕ ВРАТАМ ДА ЛЕЖАМ ЗАТВОР…“ – Горан Ангелов Ќосето со остра реакција за укинувањето на притворот на Јахоски

Sase Ivanovski

„НАРОДНА БАНКА ПОКАЖА ОТПОРНОСТ ВО СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ“: Кјобе, шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија

Sase Ivanovski

ВО НЕГОТИНО Е ТРЕТИРАНО: Стручни лица ќе проверат од Кавадарци до Гевгелија дали се раширил отровниот плевел

Sase Ivanovski

ВОЈНИЦИ, АРТИЛЕРИЈА, АВИОНИ… Еве колку чини воената парада во Москва

Sase Ivanovski

Просечна плата во МЕПСО забрзано се движи кон 1.000 евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љубчо Георгиевски во „Бизнис муабети“: Најдобрите економски години за Македонија беа кога јас бев на власт

Sase Ivanovski

Фактор анализа ВЕЛЕС 2024: Кој го дрма Велес? Еве ги најголемите фирми во градот на Гемиџиите!!!

Sase Ivanovski

РАФУНА И АЗЕСКИ ВО СКОПЈЕ РАЗГОВАРАА ЗА НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ПРОТОКОТ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКАТА ГРАНИЦА

Sase Ivanovski

Комората испраќа јасни пораки

Sase Ivanovski

КОЈ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ГУВЕРНЕР НА МАКЕДОНИЈА – се споменуваат четворица кандидати, кого ќе предложи претседателката

Sase Ivanovski

ЦЕНИТЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ СКОКААТ ЗА 40 ПРОЦЕНТИ! Реномирани производители тврдат дека за пет години возилата нема да бидат достапни за граѓаните

Sase Ivanovski

РЕКТОРКАТА НА УКИМ, БИЛЈАНА АНГЕЛОВА ЗА ФАКТОР: Новите згради на ФИНКИ И ФФОСЗ ќе ја зачуваат бруталистичката архитектура

Sase Ivanovski

ЗБОРУВА 7 ЈАЗИЦИ И ГО САКА ТЕНИСОТ: Кој е Роберт Франсис Превост, новиот папа – ова е неговиот пат до поглавар на Католичката црква

Sase Ivanovski

Колку заработија најголемите фотоцентрали во Македонија лани?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Љупчо Георгиевски: Десет години работев со маркети, но ги затворив – профитните маржи беа ниски

Sase Ivanovski

Фактор анализа БИТОЛА 2024: Бабам Битола – големи бизниси! Кои фирми направија од 10 милиони евра па нагоре?

Sase Ivanovski

НАРОДНАТА БАНКА КАЖА НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ЛАНСКАТА ДОБИВКА НА ДОМАШНИТЕ БАНКИ – профитот, сепак, растел побавно од претходната година

Sase Ivanovski

Ќе има ли Македонија државни енергетски капацитети – планови и инвестиции? Божиновска за ТВ24: „Најдобро е државата сама да ги гради“

Sase Ivanovski

Кој е „идеалниот“ број на сексуални партнери? Студијата ја открива слатката точка – и тоа не е она што мислите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЉУБЧО: ДВА ПАТИ СЕ ВИДОВМЕ СО МИЦКОВСКИ ОТКАКО СТАНА ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ, НО ОЧИГЛЕДНО ЗА НИШТО НЕ СЕ РАЗБРАВМЕ

Sase Ivanovski

Реакција на прес-конференција на Советничката во Советот на општина Куманово од СДСМ Атина Мургашанска, одржан на 09.05.2025 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Министерство за внатрешни работи: Министрите Тошковски и Дачиќ потпишаа договор за „One Stop“ систем со едно застанување и брза заедничка контрола, имплементација пред летната сезона

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: ПОТРЕБНА Е ИТНА САНАЦИЈА НА ПАТОТ ВО ГАЛИЧНИК

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово – Панихида во спомен на загинатите бранители од Диво насеље

Sase Ivanovski

(ДЕН ПОТОА) ТАМАРА ТОДЕВСКА: ЕМОЦИИ, МУЗИКА И ЉУБОВ – ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Sase Ivanovski

Миистерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука, две правни лица од Куманово и нивните сопственици за злоупотреба на постапката за доделување договор за превоз на ученици

Sase Ivanovski

(ФОТО) СКРИЕНОТО ТРЕТО: Некаде помеѓу присуството и отсуството

Sase Ivanovski

Ден на Европа – прослава на единство, култура и поврзаност

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА: 54 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ТРОШАТ БЕЗ КОРИСТ – ПОТРЕБНА Е РЕАКЦИЈА ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГАШИ – ЧЕЗА: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО ЗНАЧИ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТ И СПОДЕЛЕНА ОДГОВОРНОСТ

Sase Ivanovski

Викторија Трајков ќе учествува на панел-дискусија насловена: Патот на Македонија кон ЕУ-предизвици и можности во 2025 година!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Со заминувањето на СДС во опозиција, заврши и времето на недопирливите криминалци и на безредието во државата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Убиствата станаа секојдневие, СДСМ бара одговорност од Тошковски

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел!?

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Висока владина делегација на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, пораки за значењето на борбата против фашизмот и потребата од обединета Европа кон која припаѓа и македонската држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Димитриевски се уште не даде одговор на ниту едно прашање, институциите да не молчат и да постапат за овој случај

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Цените постојано растат, власта нема решение

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерно и исмевање на народот во лице е СДС и Филипче да поднесуваат закон за Кочани, исто како да поднесеа за Модуларната или за враќање на името

Sase Ivanovski

Костовски: Димитриевски е бесрамен предавник, институциите мора да реагираат за неговиот криминал

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Кога Венко Филипче – симболот на здравствената мафија од време на пандемија, зборува за морал, чесност и патриотизам, тоа е навреда за здравиот разум на граѓаните

Sase Ivanovski

На денешен ден 9-ти мај, во престрелките во Куманово, животот го загуби бившиот припадник на Единицата Лавови, како припадник на Македонските специјални сили, Саше Самојловски – Касандрa од Тетово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: НЕКА Е АИРЛИЈА – СТАДИОНОТ ССК Е ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН!

Sase Ivanovski

(ФОТО) Орце Ѓорѓиевски: ЉУБИША АРАНЃЕЛОВИЌ, се поклонувам на твоето херојство! ВЕЧНА ТИ СЛАВА!

Sase Ivanovski

Саша Богдановиќ: Родителите Благе и Катица ја заменија својата стара куќа со новоизграден дом во општина Старо Нагоричане – Ова е десетта куќа изградена од темел а досега се помогнати семејства со над еден милион евра

Sase Ivanovski

Муцунски: Еднодневна посета на Украина

Sase Ivanovski

Николче Мискоски: По втор пат во Општина Кривогаштани се организира акција за чистење на отпад GENERALKA WEEKEND

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарна Невзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Колку евентуалните потреси во владата ќе донесат и предвремени паралементарни избори?

Sase Ivanovski

Од стационарот „Лајка” до Википедија: Едукативна авантура на учениците од гимназија „Јосип Броз-Тито“-Скопје

Sase Ivanovski

Честитка – Гаши: 9 Мај нека биде поттик за уште посилна посветеност кон европската иднина!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење

Sase Ivanovski

Јаневска: со квалитетни идеи и повеќе партнери на образовните установи, дополнително ја стимулираме еколошката одговорност кај младите

Sase Ivanovski

Гаши со честитка: Новиот папа да донесе повеќе духовност и поголема етика, а неговата работа да биде патоказ на патот кон мирот!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода велешанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал три сообраќајни незгоди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Sase Ivanovski

СДСМ: Убиствата станаа секојдневие, Тошковски нема контрола над безбедноста

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки и финансиска поддршка е партнер на општините во Македонија

Sase Ivanovski

Ристески: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во спортската инфраструктура

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: МЗШВ се грижи за земјоделците и руралниот развој во Македонија, доделени се договори во вкупен износ од 10.094.050 денари на 54 здруженија

Sase Ivanovski

Здружение на класични филолози „Антика“: Државен натпревар по класични јазици

Sase Ivanovski

СДСМ: Максим Димитриевски си ги сруши сите изборни ветувања со еден корупциски скандал – тој е минато

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Струга за издржување казна затвор од две години и девет месеци

Sase Ivanovski

Герасимовски: Фотоволтаиците на ООУ „Киро Глигоров“ чекор до енергетски независен Центар

Sase Ivanovski

Филипче со честитка за Денот на победата над фашизмот и денот на Европа: Да го продолжиме патот на мирот, соработката, слободата и солидарноста

Sase Ivanovski

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski
Вчитувам....