Израелската влада денеска го поддржа разрешувањето на главната јавна обвинителка Гали Бахарав-Мијара, со гласање недоверба во парламентот, објавија медиумите во Израел. Министрите едногласно го одобрија контроверзниот потег во нејзино отсуство. Сепак, одлуката е само почеток на подолг процес, а прв чеот ќе биде формирање специјална комисија. За време на владината седница, во Ерусалим се одржуваа демонстрации против разрешувањето на Бахарав-Мијара.
Претходно, јавната обвинителка објави отворено писмо во кое се вели: „Владата сака да биде над законот, нема да бидеме одвратени“.
Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху се обидува да ја смени јавната обвинителка поради нејзиното постојано противење на одлуките на политичкото раководство за кои таа смета дека се незаконски. Десничарскиот премиер Нетанјаху и неговите сојузници долго време го обвинуваат судскиот систем во Израел дека е премногу моќен и претерано се меша во работата на извршната власт. Правните експерти во Израел предупредија дека разрешувањето на Бахарав-Мијара ќе ја загрози демократијата во земјата. Плановите на владата на Нетанјаху за реорганизација на судството доведоа до повеќемесечни масовни протести во 2023 година и предупредувања за уништување на демократската рамнотежа во Израел