Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани во или во близина на воените објекти веднаш да се евакуираат.Предупредувањето без преседан до Иранците може да сугерира дека Израел планира нови напади врз воени објекти, оценува АП.
„Сите поединци кои моментално се или ќе бидат во или околу фабриките за оружје и околните објекти мора веднаш да ги напуштат областите и да не се вратат до понатамошно известување“, изјави за X портпаролот на израелските одбранбени сили, полковник Авичаи Адра.
Пораката е објавена на персиски јазик.