„Ова не е време за политика“, рече лидерот на опозицијата и поранешен премиер Јаир Лапид, само неколку дена откако го повика Парламентот на предвремени избори и крај на владеењето на Нетанјаху.
„Да, оваа Влада треба да биде соборена, но не среде егзистенцијална борба“, додаде тој и посочи дека домот на неговиот син бил оштетен во иранскиот напад.
Во Израел, вообичаено е политичарите, без разлика на партиската припадност, да ја поддржуваат владата за време на војна или голема криза, но поларизацијата во земјата е длабока, најмногу поради перцепцијата на самиот Нетанјаху – контроверзниот премиер кој ја водеше земјата речиси 16 години, и во исто време му се суди за корупција и се потпира на поддршката на екстремната десница.