Израелската армија (ИДФ) денес објави дека Али Шадмани, кој се смета за началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран, е убиен денес. Според извештаите, Шадмани е највисокиот воен командант, објавува Ројтерс.
Информативниот портал Ynet објавува дека Шадмани бил водач на Револуционерната гарда и иранската армија, а бил назначен на таа позиција откако неговиот претходник, Алам Али Рашид, бил убиен во операцијата „Подемот на лавот“ во петокот.