Израелските медиуми на арапски и хебрејски јазик денеска ги објавија имињата на 11 од 12-те деца убиени во саботата во ракетниот напад на Хезболах врз друзскиот град Мајдал Шамс во окупираната Голанска Висорамнина.Од 30-те ранети во тој напад, 15 остануваат хоспитализирани, многумина со повреди поради кои се наоѓаат во животна опасност.
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека по нападот се засилуваат подготовките за „следната фаза на борбите на северот“, додека борбите во Газа се во тек.точно знаеме од каде е истрелана ракетата. Остатоците од ракетата ги испитавме овде на ѕидот на фудбалскиот терен и знаеме дека се работи за ракета Фалак со боева глава од 53 килограми. Тоа е ракета на Хезболах и кој истрела таква ракета врз урбана област сака да убива цивили, сака да убива деца“, рече Халеви во видео пораката од местото на нападот.
Очевидци на смртоносниот напад сведочат дека се случила трагедија и дека за еден ден биле изгубени животите на 12 деца.Израелските одбранбени сили прецизираа дека ракетата што паднала на фудбалскиот терен е од типот Фалак 1 од иранско производство.
Израелски авиони синоќа нападнаа голем број цели на Хезболах, вклучувајќи магацини со оружје и друга инфраструктура во близина на градот Тир, во долината Бека и во јужен Либан во Кфар Кила, Раб ал Талатин, Киам и Таир Харфи.Американските разузнавачи изјавија дека се согласуваат со оценката на израелската војска дека ракетата била истрелана од Хезболах, и покрај инсистирањето на проиранската екстремистичка група дека не била вклучена во смртоносниот напад, објави Асошиетед прес.
Извор близок до претставници на американските разузнавачки служби изјави дека нема сомнеж дека Хезболах го извршил нападот на Голанската висорамнина, но дека не е јасно дали фудбалскиот терен бил намерно цел или дали ракетата била погрешно испукана.Тоа беше најкрвавиот поединечен напад од Либан од почетокот на прекуграничните судири меѓу Хезболах и израелската армија еден ден по избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа на 7 октомври минатата година.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во саботата се закани дека либанската исламистичка организација ќе плати висока цена за тоа.
По нападот, Белата куќа и Националниот совет за безбедност соопштија дека САД ќе продолжат со напорите за ставање крај на „ужасните напади долж сината линија“ и дека тоа мора да биде приоритет, алудирајќи на линијата за разграничување што ги дели Либан и Израел.Иран денеска во изјава на портпаролот на Министерството за надворешни работи Насер Канани го предупреди Израел дека е против каква било „нова авантура“ во Либан, пренесе Ројтерс.