По насилните инциденти за време на вчерашното ослободување на Арбел Јехуд и Гади Мозес, Израел побара од посредниците да спречат повторување слични сцени и насилство што ги загрозува животите на заложниците. Групата Хамас ја известила израелската власт за имињата на тројцата заложници кои утре треба да бидат ослободени од заробеништво, објави британски Гардијан. Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека детален одговор ќе биде даден по проверката на списокот и по информирањето на семејствата. Тројца мажи се очекува да бидат ослободени од заробеништво, по завршувањето на ослободувањето на жените цивили и војници кои ги држат Хамас и другите терористички организации во Појасот Газа. По насилните инциденти за време на вчерашното ослободување на Арбел Јехуд и Гади Мозес, Израел побара од посредниците да спречат повторување слични сцени и насилство што ги загрозува животите на заложниците.
Претходно, израелската затворска служба го потврди ослободувањето на 110 палестински затвореници, објави британски Гардијан. Според службата, дел од затворениците се ослободени од затворот „Офир“ кај Рамалах, додека, пак, другите од затворот „Кезиот“ во Јужен Израел биле префрлени на преминот Керем Шалом, во близина на границата со Египет. „Затворските сили работат на ослободување на терористите во согласност со дипломатскиот договор за враќање на заложниците, во целосна координација со сите безбедносни служби“, се вели во соопштението на Затворската служба. Откако вчера Хамас ослободи тројца Израелци и петмина тајландски заложници, при што примопредавањето на заложниците на Црвениот крст помина во тензична атмосфера, Израел реагираше и го стопираше ослободувањето на палестинските затвореници. Во Рамалах, илјадници луѓе ги пречекаа поранешните затвореници, кревајќи ги на раменици во празнична атмосфера.