„Воздухопловните сили работат на постигнување воздушна супериорност низ целиот Иран“, се вели во соопштението на Израелските одбранбени сили, објави „Тајмс оф Израел“.
Израелскиот портал наведува дека голем пожар можел да се види на аеродромот во Машхад, по израелскиот напад.Нападот врз аеродромот во Машхад потенцијално го означува најдалекусежниот напад досега од страна на израелските воздухопловни сили, додаде „Тајмс оф Израел“.