„Возилото на УНИЦЕФ кое вчера чекаше да влезе во северниот дел на Газа беше погодено од боева муниција. Прашањето за инцидентот е покренато кај релевантните израелски власти. За жал, хуманитарните работници продолжуваат да се соочуваат со ризици кога доставуваат помош за спасување животи“се вели во објавата.
Хуманитарните и здравствените работници не се поштедени во Газа. Во нападите на израелската армија во Газа досега се убиени околу 200 хуманитарци, што е рекордна бројка, покажуваат податоците на организацијата „Aid Worker Security Database“.
Обединетите нации објавија дека повеќе од 170 нивни вработени загинале во Газа, што е најголем број на жртви меѓу персоналот на ОН во историјата на светската организација. Според извештајот на ОН од 29 март, загинале и 15 работници на палестинската Црвена полумесечина.Тензиите на Блискиот Исток ескалираа на 7 октомври, кога палестинските милитанти на Хамас ја нападнаа израелската територија од Појасот Газа и убија и киднапираа голем број луѓе. Израелската армија возврати со воздушни и ракетни напади врз Појасот Газа, како и целосна блокада на палестинската енклава.