Израел објави дека ја прекинува струјата во Газа. Целосните ефекти од оваа одлука не се веднаш јасни, според АП, овој потег ќе го загрози производството на вода за пиење. Денешното соопштение на израелските власти доаѓа откако пред седум дена ги прекинаа сите испораки на стоки на територијата за повеќе од два милиони Палестинци.
Тел Авив се обидува да изврши притисок врз Хамас да прифати продолжување на првата фаза од нивниот прекин на огнот. Таа фаза беше завршена минатиот викенд. Од друга страна, Хамас побара наместо тоа да почнат преговорите за втората потешка фаза од примирјето. Газа е во голема мера уништена од војна, а за дел од снабдувањето со електрична енергија се користат генератори и соларни панели.