Објавени се и два телефонски броеви на кои може да се сподели било каква информација со родителите на исчезнатото девојче, а се апелира да се пријави во полиција секое сознание за Ринеса.Телефонските броеви за контакт се 070/891-246 и 071/374-091.
Од Министерството за внатрешни работи за „360 степени“ потврдуваат дека исчезнувањето е пријавено во четвртокот.„Случајот е пријавен на 01.02.2024 од страна на таткото С.М. и СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на лицето“,велат од МВР.