Почитувани,Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на редовна седница заседаваше и утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои што се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат.Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато тестот на граѓаните, во изминатите 4 години, а тоа го потврдуваат и анкетите.
Затоа ИК утврди и ги предложи следните кандидати:
1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Георгиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски
Сите кандидати предложени од ВМРО-ДПМНЕ водат 4, а во некои општини 5:1.Сите кандидати ги исполнуваат сите квалитети за градоначалник, се работи за чесни, одговорни, работни и експедитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници, кои направиле вистинска трансформација во нивните општини, а другиот дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои до сега се водени од кадри на СДСМ.
Сакам да нотирам дека се одвиваат и внатрепартиски избори за советници, преку Месните комитети и Општинските комитети, истовремено и граѓаните кои не се партиски определени слободно можат да се вклучат да даваат свои предлози за советници.Потребно е заедништво за да градиме државни цели. Ги повикуваме сите да се надминат себе си и да ја стават Македонија пред се.
Со кандидатите кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ веруваме дека тоа може да се случи.ИК предочи дека пред Македонија е во изборен период, во кој ќе се одлучува за тоа Македонија дали целосно ќе се стави на патот за трансформација. Заклучено е дека во сите општини преовладува желбата раст, развој, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.Очекуваме победа секаде. Македонија ќе победи. Доаѓа ново време.