-Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО? Софтверот “Селебрајт Инсајтс Про” како и “НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција.
Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти. “Амнести интернешнл” во својот извештај објави целосно истражување и форензички резултати за овие случувања.
Сега МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за 9 милони денари – истакна Илиевски.Според него, „ова се скандалозни и загрижувачки информации“.
-Зошто МВР го избра најсомнителниот софтвер, познат по низа скандали и незаконско следење? Ќе се прислушкува ли повторно „на големо“ и тоа без соодветни одобренија од правосудните органи?Ќе има ли кој да контролира и како би се контролирало недозволено следење, снимање, упад во комуникациите на граѓаните? МВР должи одговори на јавноста – нагласи Илиевски.