Договорот, кој е целосно во акции, ја проценува вредноста на xAI на 80 милијарди долари, а на „X“ на 30 милијарди долари, напиша Маск на својата социјана мрежа. Илон Маск објави дека ја продал својата социјална мрежа „Икс“, на „xAI“, стартапот за вештачка интелигенција што тој го основа во 2023 година, во необичен договор што може да покрене прашања за судир на интереси, пренесува Њујорк Тајмс. Договорот, кој е целосно во акции, ја проценува вредноста на xAI на 80 милијарди долари, а на „X“ на 30 милијарди долари, напиша Маск на својата социјана мрежа. Цената за X е со 14 милијарди долари попуст во однос на 44 милијарди што Маск ги плати за компанијата во 2022 година. Двете компании се приватно сопствеништво.
„Иднините на xAI и X се испреплетени. Денес официјално го преземаме чекорот да ги обединиме податоците, моделите, компјутерската моќ, дистрибуцијата и талентот. Обединетата компанија ќе испорача попаметни, позначајни искуства на милијарди луѓе, додека останува верна на нашата основна мисија – трагање по вистината и унапредување на знаењето. “напиша Маск во својата објава. Двете компании на Маск веќе споделуваат значителни ресурси. Моделите за вештачка интелигенција на xAI се обучуваат со податоци објавени од корисниците на X, компаниите делат некои инженери, а четботот на xAI, Grok, беше достапен за претплатниците на X. Минатиот месец, банкари на X им кажаа на инвеститорите дека дел од приходите на социјалната мрежа доаѓаат од xAI. Извор: Новинска агенција МЕТА