„Илон, те замолив да го потврдиш татковството со тест уште пред да се роди нашето дете (на кое ти му го даде името), ти одби. И не ми праќаше пари мене, туку праќаше поддршка за твоето дете за кое сметаше дека е потребна… сѐ додека не го повлече најголемиот дел за да ја задржиш контролата и да ме казниш за ‘непослушност’. Но, во реалноста само го казнуваш својот син“, му рекла таа.
„Иронично е што твојот последен обид на суд беше да ме замолчиш, а во исто време користиш социјална мрежа што буквално ја поседуваш за да испратиш погрдни пораки за мене и нашето дете до целиот свет. Се работи само за контрола и сите го знаат тоа. На Америка ѝ требаш да пораснеш, ти разгалено маж-дете (man child)“, заклучила таа.
Патем, маж-дете (man child) е англиски термин кој опишува возрасен маж кој се однесува незрело, како дете. Тоа е термин што неодамна за Маск го употреби и неговата трансродова ќерка.За потсетување, 26-годишната писателка и конзервативна активистка Ешли Сент Клер, наводната мајка на 13-тото дете на Маск, син роден пред шест месеци, поднела петиција за единствено старателство над детето во Врховниот суд во Њујорк.Заедно со барањето за старателство, поднесена е и тужба за утврдување на татковство. Според американските медиуми, судот како доказ добил низа пораки меѓу Маск и Сент Клер. Во една од пораките, испратена пред Доналд Трамп да победи на претседателските избори, Маск ја нагласи потребата од дискреција. Во таа комуникација, тој пишува: „Секој ден добивам смртни закани. Јас сум #2 (втор) по Трамп за убиство“.