Се докажа дека преголемата моќ на власта не донесе благосостојба во држава, изјави на прес-конференција Сали Мурати, пратеникот од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, која е дел од коалицијата Европски фронт. Toj вели дека како коалиција тие се отворени за соработка со сите политички субјекти во земјата. Според него, со случувањата во коалицијата Вреди се докажало дека тие немаат легитимитет и дека на изборите ќе победи Европскиот фронт.
„Ние сме победници и на претседателските и на парламентарните избори. Ја гледаме внатрешната хармонија, односите со соседите, евроатлантските аспирации, слободата на медиумите… Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот. Тие знаат дека самиот Арбен Таравари призна дека 70% од гласачите немаат доверба во нив и дека не се ценети во нивните коалициски редови“ рече Мурати. Тој нагласи дека Mакедонија ќе влезе во подлабока политичка криза и како коалиција бараат предвремени парламентарни избори. „Не сакаме да бидеме во Владата по секоја цена. Демантирам дека сум размислувал. Сум дел од Европскиот фронт“, одговори Мурати на прашањето дали тој или некој од коалицијата има интерес за да пристапи кон владеачкото мнозинство.