18.8 C
Скопје
06/05/2025 19:50
МАКТЕЛ

     

Има конфликт на интереси – една од парцелите на кои ќе се гради „Лидл“ во Куманово е на кумот на градоначалникот Димитриевски, обвини опозицијата

      

Советот на Општина Куманово со 20 гласа „за“ и 10 „против“ ja усвои нацрт – измената и дополна на Деталниот урбанистички план (ДУП) каде што треба да се гради маркет на „Лидл“, објави „kumanovonews.mk“. Станува збор за парцела на влезот на Куманово со површина од 42.000 метри квадратни на местото на поранешен ЧИК „Куманово“. Иницијатори на измените во ДУП се фирмата „Реџина“ и Драган Митевски, кој е кум на градоначалникот Максим Димитриевски, а финансиер е „Лидл Македонија“. По неколкучасовната расправа, за Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу ул. „1“, ул. „ЈНА“, ул. „2“, КП 16793, ул. „3“, КП 16369/2 – Општина Куманово, покрај советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и нивните партнери од албанскиот блок, гласаше и ДУИ која е опозиција во Советот, додека против беа само СДСМ и Левица. Опозицијата објави дека една од трите предвидени локации за изградба на маркет од германскиот синџир „Лидл“ се наоѓа на парцела која е во сопственост на близок роднина на градоначалникот, откупена од неговите родители за цена од 250.000 евра, значително повисока од пазарната.

„Од родителите на градоначалникот парцелата е откупена за некаде 250.000 евра, иако пазарната вредност на ова парцела, која по класификација спаѓа во реон 3, најмногу би чинела 60.000 евра. Ова парцела не може да послужи за инвестиција, или урбанизација, туку намената е да биде тампон зона помеѓу автопатот и населеното место. Меѓутоа кумот ја купува за 250.000 евра, и за неполн месец ја препродава со преддоговор на инвеститорот ‘Лидл’ во износ околу 600.000 евра. Само по себе ова е сомнително, коруптивно и треба да се испита“, кажа Александар Јовановски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата. Сомнежи за можна злоупотреба на службената положба и трговија со влијание, особено поради интензивната динамика на измените на ДУП-от и начинот на нивното носење, изнесе и советничката Атина Мургашанска, поради отсуство на транспарентност и потенцијално нарушување на јавниот интерес.

   

„Вашата лична вмешаност дава простор за сомнеж дека се работи за коруптивен процес, за злоупотреба на службената положба и тргување со влијание. Такво инсистирање да се донесе ДУП-от со прескокнување на процедурата, да се заврши што побрзо, бидејќи не се знае, изборна година сме, може нема да останете на власт“, кажа Мургашанска. Според Миле Андоновски, целокупната постапка покажува дека промените не се темелат на реална урбанистичка потреба, туку следат однапред утврдена агенда, всушност потврдувајќи ги веќе изнесените факти на претходната седница. „Во август 2023 година итно се закажа седница за да се регулира прашањето за тендерот за продажба на земјиште во индустриска зона Речица. Се знаеше дека купувачот ќе биде ‘Лидл’, и тоа се реализираше. Само два месеца потоа, направен е договор за купопродажба на парцела што била во сопственост на татко му и братучедот на градоначалникот, со површина од 1.240 м2, со одложено плаќање. Купувач е Драган Митевски за 250.000 евра, 200 евра по метар квадратен. Рок на исплата е 12 месеци, со обврска да се плаќа на месечни рати во сразмерен дел. Месец дена потоа, се прави преддоговор за купопродажба на истиот купувач со ‘Лидл’“, кажа Андоновски.

На седницата беше посочено дека фирмата „Реџина“ која го купи поранешен ЧИК е сопственик само на објектите, додека земјиштето под нив и во дворот се на Република Северна Македонија, а во тек е постапка во Министерството за финансии за негово отуѓување. Советникот Благојче Јаќимовиќ од НСДП, се интересираше како може фирмата да склучува купопродажен договор за продажба на земјиштето кое не е нејзино, и дали државата ќе ѝ го продаде по цена 500 евра за квадрат колку што е постигната минималната цена при продажбата на земјиштето на другата парцела. Зошто земјиштето не го продава државата по пазарната цена, туку го отуѓува за да го продаде приватникот? Му беше одговорено дека тоа го дозволува законот, а не Општината. Во своја одбрана, градоначалникот Димитриевски истакна дека постапил согласно законот и дека измените на ДУП-от се делумно резултат на процесите на денационализација кои траат повеќе од една деценија. Тој укажа дека и други семејства, не само неговото, се засегнати во враќањето на сопственоста, и подвлече дека во 2010 година како советник гласал против првичната верзија на планот, бидејќи не сакал земјиштето да се продава на странски инвеститор, затоа што се работи за негова дедовина која им била неправдно одземена.

„Кои се мотивите на инвеститорите да го купат тоа земјиште треба да ги прашате нив. Не се работи за земјиште само на моите родители туку за членови на моето потесно и пошироко семејство, кои се наследници на 1.200 м2, од парцелата која што е 4 хектари. Јас вашата одлука како Совет ќе ја почитувам, ама никогаш нема да нарушам право на некого што му го овозможува законот да влезе во постапка за просторно и урбанистичко планирање на било која сопственост која ја поседува“, кажа Димитриевски. Тој ја обвини опозицијата дека ја бојкотира најголемата инвестиција во последните 5 децении која ќе донесе нови вработувања, и кажа успеал да го заживее градот кој претходната власт го уништила. Советниците од малцинството, пак, повторија дека не се против влегување на странски инвеститор во градот, особено на реномирана компанија како што е „Лидл“, но бараа да се почитува јавниот интерес и да се заштити државниот имот. За нив дополнителен проблем претставува сообраќајната инфраструктура околу планираниот објект. „Лидл“ е значајна инвестиција за Куманово, но не е стратешка, измената е за трговски простор. Според она што јас го имам како искуство „Лидл“ секогаш бега од урбанизирана средина и онаму каде што ќе биде проблем за нормално одвивање на сообраќајот.

Ова сообраќајница е правена во 50- тите години, тогаш имало мал обем на сообраќај и во основа бил пешачки. Замислете сега ако се направи трговски објект во стил на „Лидл“, што ќе се случи со сообраќајот“, истакна советникот Андоновски. Тој предложи, објектот на касарната „Карпош“- се работи за државно земјиште кое може да се даде под долгорочен закуп, запуштениот, неуреден простор да се уреди, „Лидл“ да инвестира помалку пари, блиску до автопат, со решено сообраќајно решение, клучка и надвозник, за да може да се движи во било која насока на автопатот. Ивана Ѓорѓиевска, пак, го бранеше донесувањето на ДУП-от со аргумент дека проектот ќе донесе економски развој и нови вработувања за Кумановци, посочувајќи дека индустрискиот комплекс е во згаснување, а инвестициите од странски компании како „Лидл“ се можност за ревитализација на градот. Поради судир на интереси, измената на ДУП-от вчера се гласаше по вторпат, бидејќи на минатата седница гласаше и Дарко Митевски, кој е координатор на советничката група на ЗНАМ, а е брат на иницијаторот за измените – кумот на Димитриевски. Советниците од опозицијата тогаш им укажаа дека има судир на интереси, но власта не попушти и ја донесе одлуката тврдејќи го спротивното. Општина Куманово во 2023 година му продаде на „Лидл“ државно земјиште во индустриската зона Речица за 5,5 милиони евра и веќе се гради дистрибутивен центар.

  

Најново

Фридрих Мерц е избран за нов германски канцелар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Работиме на нов модел на субвенциите за нови авиолинии кој ќе донесе најмалку 10 нови дестинации

Sase Ivanovski

Кривична за Жан Железарски: Се заканувал на затворски полицајци, едниот го расекол со стаклен предмет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Црквата мора да му обезбеди стабилност на човештвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРВАТА АНТИКОРУПЦИОНЕРКА ДОДЕКА ОДАВАЛА СЛУЖБЕНИ ТАЈНИ ОТФРЛАЛА И ПРИЈАВИ ЗА „АДИТИВ“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Чарли Џи е вешт каменичар посветен на заштита и ревитализација на историската архитектура преку прецизна изработка и уметнички талент

Sase Ivanovski

МАЛОЛЕТНИК ОД ТЕТОВО НАСИЛНО БИЛ ВНЕСЕН ВО „БМВ Х5“, КОГА УСПЕАЛ ДА ИЗБЕГА МУ СЕ ЗАКАНИЛЕ СО ПИШТОЛ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – 440 милиони денари за поддршка на спортот, 100 милиони денари за нови униформи за војниците, зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе се градат

Sase Ivanovski

Љатифи Азизи: Владата донесе одлука за помош на млади и младински организации, одобрени се измените на ЗЛС со што значително ќе се подобри функционирањето на општините

Sase Ivanovski

Герасимовски: Во четврток ја отвораме новата градинка Пролет, прва по 50 години

Sase Ivanovski

Дваесет години посветени на безбедноста: Дирекцијата за радијациона сигурност одбележува значаен јубилеј

Sase Ivanovski

Општина Куманово – Ден на македонскиот литературен јазик

Sase Ivanovski

Средба на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со претставници на Конрад Аденауер Фондацијата

Sase Ivanovski

Средба на генералната секретарка на Собранието Димовска, со г. Павел Усватов, директор на Програмата за владеење на правото за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер

Sase Ivanovski

Изјава од претседателката Сиљановска-Давкова за одржаната Свечена академија по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

(ФОТО) Началникот на Генералштабот на Армијата на Меѓународниот саем DEFEA 25 во Грција

Sase Ivanovski

Уважена жалбата на Асмир Јахоски: излегува од притвор со парична гаранција

Sase Ivanovski

Безживотно тело пронајдено на Бит Пазар

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Расчистени девет тешки кражби во Битола, од слобода лишени три лица

Sase Ivanovski

Министерот Муртезани по преземањето на претседавањето со ЕУСАИР: „Ќе градиме не само патишта, туку и мостови на разбирање и солидарност“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче да се огради од наркодилерот Андон Стојков, ако не се фрла сомнеж дека стои зад него

Sase Ivanovski

Koстадиновски од Букурешт: Силата на аргументите ја прават одлуката на Судот авторитетна

Sase Ivanovski

Јовчевска-Михајловска: Верувам во капацитетот на нашите ученици и сум убедена дека можат да ја положат матурата без проблем – со сопствено знаење, труд и искрен пристап

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Три нови инвестиции во зоната во Штип со повеќе од 1000 нови вработувања, Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, на средба со граѓани во Илинден: „На локалните избори носиме нова енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Јазикот е нашиот бедем и неспорен идентитет, како премиер нема да отстапам од нашето цивилизациско право да говориме на македонски

Sase Ivanovski

Шукова: Цените постојано растат, а нашите граѓани имаат најниски плати во регионот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС уште не се огради од функционерот фатен со дрога, Филипче брани нарко трговија

Sase Ivanovski

Стојаноски: На 1200 локации до крајот на оваа година ќе се гради во рамки на јавниот повик за финасирање на инфраструктурни проекти од Владата предводена ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, на средба со граѓаните во Велес: „Локалната власт мора да биде сервис, а не господар на граѓаните“

Sase Ivanovski

Формирана Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Струмица: Демократијата во партиите е предуслов за демократско општество

Sase Ivanovski

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

Sase Ivanovski

Трипуновски: Уште денеска ќе биде пуштена водата, земјоделците да бидат спокојни

Sase Ivanovski

Заврши средбата Мицкоски – Таравари без договор. До крајот на месецов ќе сме дознаеле си оди ли или не Таравари од Владата

Sase Ivanovski

Израелски министер повика на „изгладнување до смрт“ на Палестинците во Појасот Газа

Sase Ivanovski

Федерален апелациски суд го отфрли барањето на Трамп за одземање на статусот на илјадници мигранти

Sase Ivanovski

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите

Sase Ivanovski

Шојгу: НАТО и ЕУ се подготвуваат за директен воен конфликт со Русија

Sase Ivanovski

Холивуд запрепастен од најавата на Трамп за царини на филмови снимени во странство

Sase Ivanovski

Власта во Србија е против вонредни парламентарни избори, студентите добиваат поддршка од опозицијата за барањето за распуштање на Собранието

Sase Ivanovski

Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат во селото Облешево, незадоволни се од состојбата пред почетокот на сеидбената сезона

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Јаневска: За да се задржат студентите, се подготвува нов закон за високо образование со модерни студиски програми

Sase Ivanovski

Хамас: Преговорите за прекин на огнот во Газа немаат смисла во оваа фаза

Sase Ivanovski

Израел одобри план за заземање на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Американците и Европејците веруваат дека Третата светска војна е близу

Sase Ivanovski

Четири Пулицерови награди за „Њујорк тајмс“, три за „Њујоркер“

Sase Ivanovski

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Sase Ivanovski

Берлин ќе го поддржува Киев се додека е потребно, порача Шолц на крајот од својот мандат

Sase Ivanovski

Сојузниците го враќаат системот „Патриот“ повторно на маса за Киев

Sase Ivanovski

Кој е „романскиот Трамп“? Сака да земе делови од Молдавија и Украина, не ги сака Русите

Sase Ivanovski

Трифун Костовски: Дефектен плурализам

Sase Ivanovski

Сплиќани покажаа нечовечност кон жртвата Сашко. Го испратија со УАААА и свирежи

Sase Ivanovski

Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин

Sase Ivanovski

Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање

Sase Ivanovski

Осомничената антикорупционерка отфрлила и пријави за случајот „Адитив“

Sase Ivanovski

Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа

Sase Ivanovski

Шок во Бундестагот – Мерц не е избран за канцелар во првиот круг

Sase Ivanovski

Николоски: Преговараме со „Виз ер“ да ја отвори линијата Будимпешта – Охрид

Sase Ivanovski

Tриесет и четири години од загинувањето на Сашко Гешовски – прва жртва при распадот на Југославија

Sase Ivanovski

Левица: Тошковски дели тендер од 500.000 евра на фирма која ДПМНЕ ја обвинувало за корупција

Sase Ivanovski

Обвинение за 59-годишник кој во Чаир изврши полов напад врз малолетник

Sase Ivanovski

Уапсен е Грк на „Табановце“, во возилото му е пронајдена марихуана

Sase Ivanovski

Нивото на водата на Охридското Езеро е 26 сантиметри под просекот за месец мај

Sase Ivanovski

Работна група на МОН, СОЗР и УКИМ: Ќе ги отстранува пречките за да продолжи изградбата на објектите за ФИНКИ и ФФК

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС лицемерието на сцена, откако го покачија ДДВ на околу 1500 прехранбени производи, сега лијат крокодилски солзи за негово укинување

Sase Ivanovski

Кривична пријава поранешен директор на Здравствен дом Куманово за злоупотреба на службената должност и овластување

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода кумановец затоа што бил затекнат при обид да изврши кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Лишен од слобода државјанин на Република Грција, во неговото возило се пронајдени цигари и тутун без документација

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Средба на министерката Димитриеска-Кочоска со турскиот министер за трезор и финансии Шимшек – Договорено интензивирање на соработка меѓу двете министерства

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕУСАИР Форум на Крит – Муртезани: „Преку соработка и поврзаност до заедничка европска иднина“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Над 1000 нови вработувања најавува премиерот Мицкоски, интензивирана соработката во областа на царината меѓу Македонија и Турција, поддршка за општините од источниот регион

Sase Ivanovski

Си Џинпинг: Кина и ЕУ се стратешки партнери

Sase Ivanovski

За 4,4 проценти поскапеле угостителските услуги на годишно ниво

Sase Ivanovski

Кардиналите пристигнаа во Ватикан пред утрешниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа

Sase Ivanovski

Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европскиот фронт

Sase Ivanovski
Вчитувам....