Американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, посочи дека целта на претседателот на САД, Доналд Трамп, е Израел и арапските земји да ги нормализираат своите дипломатски односи, со цел стабилизација на Блискиот Исток.
Американскиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изјави дека САД ќе се стремат кон сеопфатен мировен договор со Иран во претстојните преговори, но нема да прифатат збогатување ураниум или поседување нуклеарно оружје од страна на Техеран, објави јапонскиот јавен сервис Ен-Ејч-Кеј.
На прес-конференција во Хаг во средата, претседателот на САД, Доналд Трамп, нагласи дека борбите меѓу Иран и Израел, кои траеја од 13 јуни, завршија и најави дека САД ќе започнат разговори со Иран следната недела.Истовремено, Виткоф во гостување на американската телевизија Си-Ен-Би-Си рече дека САД се „оптимисти за постигнување сеопфатен мировен договор“ со Иран.
– Имаме разговори со Иранците. Мислам дека се подготвени – рече Виткоф.Тој нагласи дека САД нема да дозволат Иран да збогатува ураниум и да развива нуклеарно оружје, нарекувајќи го тоа „црвена линија“ и нешто што „може да го дестабилизира целиот регион“.
Виткоф посочи дека целта на претседателот Трамп е Израел и арапските земји да ги нормализираат своите дипломатски односи, со цел стабилизација на Блискиот Исток.Тој објасни дека за таа цел веќе се водат преговори и додаде:– Мислиме дека наскоро ќе имаме значајни најави за земји кои ќе се приклучат на мировните напори предводени од САД.