Азески става акцент и на капацитетот на државата да ги искористи парите понудени согласно гаранцијата но и за капацитетот на домашните компании да се вклучат во инвестициските активности. Посочува дека Стопанската комора во овој период е целосно насочена кон тоа да им помогне на компаниите да ги оспособи непречено да се вклучат во таа работа и дека за секој нов проблем со кој фирмите ќе се соочуваат Комората ќе се вклучува во изнаоѓање решение.
На пример за заедничкиот настап на компаниите за учество на меѓународните тендери градиме конзорциуми и иницираме формирање конзорциуми, вели претседателот Азески, а кај образованието за потребите на бизнисот работиме на формирање на кадар онаков како што бараат компаниите. Работиме и на поддршка на компаниите за заеднички настап на трети пазари, заедички производи, на извозната активност.Железницата е рак рана на македонската инфраструктура а ние се наоѓаме на коридор кој има транзитна позиција и е значаен за поврзување на Централна Европа и Медитеранот со Блискиот Исток. Само ние уште имаме повисока цена на траспорт со камионски превоз од железнички, вели претседателот на Стопанската комора.