Индија и Пакистан потврдија дека е договорен прекин на огнот. Прекинот на огнот стапува во сила денеска, објавија светските агенции. Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот, по разговорите со посредство на САД.
„По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија за целосен прекин на огнот веднаш. Им честитам на двете земји за користењето на здрав разум и големата интелигенција“, објави Трамп на мрежата Трут Соушл.