Индија и Пакистан се согласија за целосен моментален прекин на огнот. Вицепремиерот на Пакистан изјави дека отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот, а министерот за надворешни работи на Индија потврди дека паузата во борбите меѓу двете земји започнала во 17 часот по локално време. Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека прекинот на огнот е резултат на долга ноќ на разговори со посредство на САД.
„По долга ноќ разговори со посредство на САД, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на потополно и непосредно прекинување на огнот. Честитки до двете земји за користењето на здравот разум,“ напиша Трамп на социјалните мрежи. Заменик-премиерот на Пакистан, Ишак Дар истакна дека Пакистан отсекогаш се стремел кон мир и безбедност во регионот, без да прави компромиси со својот суверенитет и територијален интегритет. Индискиот министер за надворешни работи, Викрам Мисри, вели дека и Индија и Пакистан ќе прекинат секаков вид пукање и воени дејствија на копно, воздух и море почнувајќи од денеска во 12:30 по британско време.