31.8 C
Скопје
12/06/2025 13:30
МАКТЕЛ

   

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Поднесовме барање за информации од јавен карактер до Министерството за транспорт за „Вардарска долина“ и трасата на брзата пруга

      

Почитувани,
Ве информираме дека ние – Здружението на инженери на Република Македонија (ИНРМ) поднесовме барање за пристап до информации од јавен карактер до Министерството за транспорт, во врска со изјавите на министерот Александар Николовски за трасата на брзата пруга на Коридорот 10 и нејзиното преклопување со трасата на стратешкиот проект „Вардарска долина“, кој предвидува изградба на 12 хидроелектрани и акумулации.

Со оглед на огромното значење што овој инфраструктурен избор го има за иднината на енергетската независност и технолошкиот напредок на државата, сметаме дека јавноста има право навремено и целосно да биде информирана.Во продолжение на оваа порака ќе ја најдете целосната содржина на поднесеното барање, со поставени прашања кои сметаме дека се од клучен јавен интерес

   

До:
Министерство за транспорт
Ул. „Плоштад Црвена Скопска Општина“ бр. 4, 1000 Скопје
Б A Р А Њ Е
ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Од:
ИНРМ
Е-маил: [email protected];
Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Службен весник на РСМ“ бр. 101/2019), а имајќи ги предвид изјавите на министерот Александар Николовски, доставуваме барање за информации од јавен интерес.

Во телевизиското интервју од 17 мај 2025 година, министерот изјави дека е донесена одлука за изградба на брза пруга на Коридорот 10, на релација од границата со Србија до границата со Грција, која ќе се гради по трасата на постојната железничка линија низ долината на реката Вардар: Табановце – Куманово – Скопје – Велес – Неготино – Демир Капија – Гевгелија. Истовремено, на истата траса е планиран стратешки водостопански и енергетски проект познат како „Вардарска долина“, кој предвидува изградба на 12 хидроелектрани и акумулации. Согласно техничката документација за овој проект, постојната железница на таа рута треба да се дислоцира, што всушност претставува и една од клучните причини за досегашната стагнација во реализацијата на „Вардарска долина“. Дополнително, во изјавата на министерот во поткастот од 11 јуни 2025 година наведува дека при проектирањето на трасата на брзата пруга „не смее да се зафаќаат објекти од А категорија“, што отвора реални дилеми и прашања околу усогласеноста на проектот за брза железница со законските ограничувања и националните приоритети, особено приоритетот за водостопанскиот и енергетски стратешки проект „Вардарска долина“.

Со оглед на горенаведеното, остануваат повеќе неразјаснети прашања за кои јавноста има легитимен интерес да добие конкретни информации:
1. Дали Министерството има веќе усвоено финална траса за брзата пруга Табановце – Гевгелија? Ако да, дали таа траса поминува низ просторот предвиден за акумулациите и хидроелектраните во рамки на проектот „Вардарска долина“?

2. Дали при планирањето на трасата се земени предвид стратешките документи за хидроенергетски развој, вклучително и проектот „Вардарска долина“, кој е дел од зелената транзиција и енергетската визија на Македонија?

3. Дали Министерството ја разгледувало можноста за адаптација на трасата на пругата на начин што би овозможил истовремена реализација и на железничката инфраструктура и на проектот „Вардарска долина“?

4. Дали постои стручна анализа, студија или мислење што покажува дека трасата може да се модифицира без значително зголемување на трошоците, а со зачувување на капацитетите и просторот потребен за изградба на хидроелектраните?

5. Дали Министерството направило проценка на штетата што би произлегла поради евентуалното оневозможување на изградбата на 12-те предвидени хидроелектрани долж Вардар, како последица на изборот на трасата на пругата?

6. Дали проектот „Вардарска долина“ е официјално определен како национален енергетски објект од категорија А? Ако да, како Министерството ја обезбедува усогласеноста на трасата со законските ограничувања кои важат за неповредливост на објекти од оваа категорија?

7. Зошто Македонија инвестира 2 милијарди евра во пруга што ќе поддржува само брзини до 160 км/ч, кога европските земји веќе стандардно проектираат железнички коридори за брзини од 300–350 км/ч? Зошто инвестираме во пруга која ќе биде застарена уште пред да се изгради? Кој ќе сноси одговорност ако за 10 години пругата стане технолошки застарена и некомпатибилна со развојните текови во регионот и Европа, само од причина што избраната траса долж долината на Вардар поради географијата не дозволува понатамошно осовременување?

8. Дали е направена анализа на геометриските ограничувања на трасата низ долината на Вардар (кривини, радиуси, теренски бариери) и нивното влијание врз можноста за идно зголемување на брзините до брзини од 250+ км/ч?

9. Колку пати досега е направен инженерски или теренски увид во алтернативни траси – особено преку Штип, Радовиш и Струмица – кои имаат подобри геометриски услови, помала населеност и потенцијал за повисоки брзини и зошто министерството не се одлучило за таа траса?

10. Зошто до денес не е организирана јавна стручна расправа во која би се анализирале различни опции за трасата на брзата пруга?

11. Дали Министерството планира да ги вклучи универзитетите, инженерската и експертската фела, како и граѓанскиот сектор, во евентуалниот процес на ревидирање на трасата – со цел да се осигура долгорочна одржливост, технолошка современост и усогласеност со другите национални стратегии?

12. Според Министерството, кој е поголем стратешки приоритет за Македонија: Брзина од 160 км/ч по старите кривини на Вардар, или трајна, чиста и сопствена енергија преку реализација на „Вардарска долина“ и дали државата може да си дозволи да избере само едно од овие две?
Бараме наведените информации да ни бидат доставени во електронска форма преку е-пошта или во писмена форма, согласно законски предвидениот рок и согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Во Скопје, 12.06.2025 година

   

Најново

Двете Кореи ги демонтираат пропагандните звучници на границата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Сите гледаме како одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување, но обвинителството е слепо за оние над нив

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИЈА ГЛАСИНИ ДЕКА ЕРДОГАН Е БОЛЕН: Турските власти експресно се јавија со одговор

Sase Ivanovski

Синодско искушение: Георгиј има шанса да докаже дека е достоен

Sase Ivanovski

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани

Sase Ivanovski

Нова драма во Австрија: 12- годишно момче направило листа за отстрел на своите соученици

Sase Ivanovski

ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Алиу – Новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

По 35 милиони евра за километар автопат?! Славески: Сумата за Бехтел и Енка ќе биде поголема од 1,3 милијарди евра

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

Sase Ivanovski

Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене

Sase Ivanovski

Адеми: Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите

Sase Ivanovski

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Sase Ivanovski

СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Се урна авион на аеродромот Ахмедабад – имало 242 патници

Sase Ivanovski

По апсењето и Тошковски го санкционира сопартиецот Нацев. Му ја одзема лиценцата на Рубикон

Sase Ivanovski

КЗК: Вишиот управен суд потврди решение со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор

Sase Ivanovski

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Sase Ivanovski

Aкција на БЈБ, извршени претреси во Велес – запленети кокаин, пари и мобилни телефони

Sase Ivanovski

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

Sase Ivanovski

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Sase Ivanovski

СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи

Sase Ivanovski

Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење

Sase Ivanovski

Четворицата француски активисти од бродот „Мадлин“ до петок ќе бидат депортирани од Израел

Sase Ivanovski

Влада: За три дена, 109 повредени лица од Кочани ја искористиле телефонската линија 070/355-526

Sase Ivanovski

Шестата рунда преговори меѓу САД и Иран ќе се одржи овој викенд во Оман

Sase Ivanovski

Полицаец убиен во сериозни судири во Боливија

Sase Ivanovski

Најмалку пет работници од Хуманитарната фондација за Газа се убиени во напад на Хамас

Sase Ivanovski

Нови детали за убиецот од Грац: Тренирал во стрелачки клуб

Sase Ivanovski

Студентскиот дом „Пелагонија“ отворен за сместување студенти од 1 јули

Sase Ivanovski

Парада и протести: Две Америки се среќаваат во сабота

Sase Ivanovski

Напад со беспилотно летало во Харков: 12 повредени, меѓу кои 4 деца, погодени се станбени згради

Sase Ivanovski

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski

Декларацијата од самитот во Одеса повикува на зајакнување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Израел го демантира сопствениот амбасадор во Киев: Не сме ѝ ги дале системите „Патриот“ на Украина

Sase Ivanovski

Царина запленила 600 кг анаболици и 200 кг марихуана како дел од акција на Европол

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна

Sase Ivanovski

Градоначалникот Николов ги отфрла обвинувањата: Кривичната пријава е политички мотивирана, општината немаше допир со плаќањата

Sase Ivanovski

МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал

Sase Ivanovski

Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени се доживотни признанија, израз на почит и благодарност, а не симболика

Sase Ivanovski

Европол: Сајбер криминалците ги претвораат личните податоци во високо вредна стока

Sase Ivanovski

Касами: Во Владата има место за нови политички партнери

Sase Ivanovski

Уапсен е млад тетовец – возел со 175 км на час на автопат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Обвинителство да открива уште одговорни за пожарот во Кочани, ние ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Да не дозволиме деца со попреченост да го поминат летото затворени дома: Се собираат донации за летен камп во Скопје!

Sase Ivanovski

Кина со критики за „провокативните“ изјави на Хегсет

Sase Ivanovski

Падна Чет-џи-пи-ти, проблеми за корисниците ширум светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот, платите, растот

Sase Ivanovski

Александар Нацев бил дел од Владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот 16-17та година, обавувал некаква функција тој период и тоа е последното нешто што го познавам и е поврзано со Александар Нацев, рече Мицкоски

Sase Ivanovski

Администрацијата за пет месеци „изела“ три милиони евра само во нови договори за телефони и претплата

Sase Ivanovski

ИЗДАВАЛ ЛАЖНИ ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ, ТРОШЕЛ ОПШТИНСКИ ПАРИ ЗА ДОМАШНИ НАБАВКИ: финансиска со кривична против градоначалникот на Росоман

Sase Ivanovski

Министерство за економија и труд објави јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија, занаетчии и компании од преработувачката индустрија

Sase Ivanovski

САД СЕ ВО ДЛАБОКА КРИЗА Протестите во Лос Анџелес се доказ за внатрешен распад, вели Москва

Sase Ivanovski

Украински војник ослободен од руско заробеништво покажа лузни на телото

Sase Ivanovski

ИРАН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ ГИ ГАЃА АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ АКО ДОЈДЕ ДО КОНФЛИКТ Министерот за одбрана тврди дека сите цели се во дострел

Sase Ivanovski

Постариот или помладиот партнер: Кој е посреќен во врските со голема разлика во годините?

Sase Ivanovski

МНР СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ДО СДСМ „Амбасадите не се партиски трофеи, туку државни институции“

Sase Ivanovski

Одржана работилница за јакнење на капацитетите на полицијата за заштита на новинарите

Sase Ivanovski
Вчитувам....