27.8 C
Скопје
16/06/2025 09:27
МАКТЕЛ

   

Инженери на Северна Македонија: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата 

      

ЕВН истовремено ги извршува сите клучни улоги. Тој е оператор на дистрибутивниот систем, поставувач на броилата и нивен верификатор преку сопствено акредитирано телоДржавните институции немаат ниту пристап ниту контрола врз софтверските конфигурации на броилата кои директно влијаат на мерењето и фактурирањето на потрошувачката на електрична енергија.

Иако министерката за енергетика Сања Божиновска уште на 23 февруари годинава при посетата на Бирото за метрологија најави итно активирање на државната лабораториска опрема за проверка на електричните броила, во реалноста таа опрема сѐ уште не е ставена во функција. За време на посетата, таа изјави дека „ерата на високи сметки и неточни броила заминува во историја” и дека опремата „веднаш” треба да се активира. Со тоа истовремено призна дека државата располага со современ систем за тестирање кој седум години не се користел поради „нечија неажурност или други причини”.

   

И покрај јавното ветување на министерката, конкретни чекори не беа преземени сè до моментот на нашата реакција на 4 јуни 2025 година кога поднесовме Барање за информации од јавен карактер до Бирото за метрологија, а за кое одговор добивме на 13 јуни. Во Одговорот се потврдува дека опремата сеуште не е ставена во функција, дека граѓаните немаат можност самостојно да поднесат барање за проверка на сопственото броило и дека Бирото не води евиденција за типовите на вградените броила, ниту пак води евиденција за бројот на евентуални поплаки или утврдени отстапувања.

Интересно е што јавната набавка 10614/2025 „Услуга за инсталација и обука на ZERA МТ310-5 (трифазен систем за тестирање на електрични броила) дизајниран за високопрецизно тестирање на енергетски броила вклучително и паметни броила, во согласност со стандардите за калибрација” е објавена на 12 јуни, што е само неколку дена после нашето испратеното барање. Ова е првиот институционален потег кој е преземен четири месеци после најавата на министерката и нејзиното ветување дадено во февруари.

Одговорот од Бирото откри сериозни системски недостатоци, меѓу кои најзначаен е фактот што граѓаните немаат директен пристап до независна државна проверка на своето броило, туку мораат да поднесат барање до ЕВН, која самата одлучува дали и како ќе спроведе верификација. Исто така, не постои јавен регистар на моделите и техничките параметри на броилата што се користат во домаќинствата, ниту пак се води статистика за поплаките од корисниците. Со тоа, сите клучни механизми на контролата на електронските броила што директно влијаат врз точноста на сметките на граѓаните и стопанството, остануваат исклучиво во рацете на операторот ЕВН, додека државните и независни институции, вклучително и Бирото за метрологија, немаат пристап, увид или контрола врз нивната конфигурација, техничките параметри или дневните модификации. Ова е целосно отсуство на институционален надзор, увид и контрола врз најважната компонента во системот за наплата на електрична енергија – електронските броила.

Во одговорот на нашето прашање: „Кога Бирото последен пат извршило инспекциски надзор над лабораторијата на ЕВН?”, беше наведено дека „Телото за инспекција на броила е акредитирано од Институтот за акредитација” (сертификат ИТ‑068). Оттаму сфативме дека таа акредитација опфаќа исклучиво физичка и техничка верификација на точноста на броилата, во согласност со МКС EN ISO/IEC 17020:2012 (тип B) и стандардите за прва, периодична и вонредна верификација. Меѓутоа, бидејќи најчесто користените модели Iskraemeco MT174 овозможуваат софтверска конфигурација на множител, тарифен профил, фазност и CT/VT однос (параметри што директно влијаат на начинот на пресметувањето на потрошувачката) во сертификатот не се споменува ниту една одговорност за проверка или увид во овие софтверски поставки. Така ЕВН преку своето акредитирано тело врши верификација без никаква независна контрола на конфигурациските параметри, а државните и други автономни институции немаат пристап до евиденцијата на тие промени, ниту можност активно да контролираат дали уредите се конфигурирани точно и фер.

Поради ова, поднесовме формално барање за информации од јавен карактер до ЕВН Македонија, со цел да ни достават детали за техничките можности на конфигурирање на моделот Iskra MT174-D1A54-M3KO, како и за другите smart броила за кои знаеме дека се користат кај домаќинствата и стопанството и да ни појаснат дали овие уреди поседуваат можност за интервенции на множител, тарифни распореди, фазност и CT/VT односи, и дали тие логови се достапни и за државен надзор и кој е надлежен за проверка на софтверските поставки што директно влијаат на точноста на фактурирањето. Во барањето јасно нагласивме дека не прашуваме дали се изведуваат конкретни промени, туку дали тие технички можности постојат и дали се поддржани од софтверските и хардверските карактеристики на броилата, со цел да ги разбереме ризиците од потенцијални манипулации што директно влијаат врз точноста на фактурирањето.

Можеме да заклучиме дека очигледна е потребата од итни реформи кои ќе обезбедат вистинска независност и транспарентност во системот за мерење на електрична енергија. Потребен е јавен регистар на броила, пристап за потрошувачите до проверка на точноста на своето броило и обврска за државните институции да имаат увид во конфигурациските логови. Денес, системот е целосно во рацете на приватниот оператор ЕВН, без државен надзор, без техничка отчетност и без механизми за заштита на граѓаните.

Одговорите што ги добивме потврдуваат дека, и покрај бројните најави за итност, ништо не се случи сѐ до формалната реакција на граѓаните. Наместо институционална одговорност, реформите се активираат единствено под притисок на освестени граѓани. Опремата остана неактивирана, контролата на броилата – недостапна, а ветувањата – неисполнети. Потрошувачите не можат да побараат независна проверка, а контролата врз мерењето и конфигурацијата на софтверот останува исклучиво во рацете на ЕВН.Неопходно е да се создаде транспарентен, технички прецизен и независен систем за мерење на електрична енергија, достапен за сите граѓани. Секој потрошувач заслужува точно броило и право на проверка на неговата точност за да не биде нарушена довербата во мерењето на електричната енергија.

   

Најново

Трамп очајно сака да избегне војна со Иран, но дали навистина може?

Sase Ivanovski

Трамп пристигна на Самитот на Г7 во Канада

Sase Ivanovski

Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега

Sase Ivanovski

ПРВА СРЕДБА НА ГУВЕРНЕРОТ СО БАНКАРИТЕ Славески бил информиран и за подготвеноста на банките за пристапување во СЕПА

Sase Ivanovski

УАПСЕН Е ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПУКАЊЕТО ВО МИНЕСОТА Уби конгресменка и рани сенатор

Sase Ivanovski

Капацитет за апсорбирање омраза

Sase Ivanovski

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе ја платат цената

Sase Ivanovski

Нова нафтена криза на повидок? AДАК ги советува Германците да ги наполнат резервоарите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Улицата Дебарца наскоро со нов лик за побезбедно движење

Sase Ivanovski

Трамп нареди проширување на мерките за притворање и депортација на мигранти низ САД

Sase Ivanovski

Руската амбасада ги евакуира Русите од Иран по копнен пат

Sase Ivanovski

Земјотрес во Македонија, регистриран предмалку во западниот регион

Sase Ivanovski

Шестмина возачи уапсени за безобѕирно возење викендов низ Македонија!

Sase Ivanovski

(Видео) ПСЖ лесно против Атлетико Мадрид на стартот клупскиот Мундијал

Sase Ivanovski

Алиу: Дисперзија на онколошки услуги и дигитализација – приоритети во здравството

Sase Ivanovski

Црни луѓе

Sase Ivanovski

„ПУТИН МИ СЕ ЈАВИ, СПРЕМЕН Е, ДОЛГО РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ТОА“ Трамп е отворен за идејата рускиот претседател да ги смири Израел и Иран

Sase Ivanovski

Правна дилема: Дали Османи и Димитров имале овластување да потпишуваат протоколи со Бугарија во врска со Францускиот предлог?

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

Без мигранти ЕУ ќе го обере бостанот

Sase Ivanovski

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е и локална појава на град, вели метеорологот Славчо Попоски. Тој вели дека што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник (17 јуни) во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. „Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно пријатни и не премногу високи, па тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, напиша тој.

Sase Ivanovski

ПРИЛИВ НА ПОЛАДЕН ВОЗДЗУХ ОД СЕВЕР: Промена на времето од денес

Sase Ivanovski

БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки

Sase Ivanovski

РУСИЈА Ѝ ПРЕДАДЕ УШТЕ 1.200 ТЕЛА НА УКРАИНА Москва не добила ниеден загинат руски војник за возврат

Sase Ivanovski

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Sase Ivanovski

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент го одобри договорот за стратешко партнерство со Русија

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција сака да биде посредник во решавањето на спорот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Шефот на иранската разузнавачка служба убиен во израелските напади

Sase Ivanovski

Германската полиција ќе користи алтернативни оружја против вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Sase Ivanovski

Асистентот на Диди откри што му купувал на раперот за „кралските ноќи“: Кондоми, лубриканти, мед…

Sase Ivanovski

Демонстрации против Израел во Хаг и Брисел

Sase Ivanovski

Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ БИЛО ДА ЈАДЕМЕ ЈАЈЦА, МРСНА МОРСКА РИБА И МНОГУ КАФЕ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СРАМОТА Е ДА СЕ РАДУВАМЕ НА БОМБИТЕ ШТО ПАЃААТ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ЈА ПРАШАА НА ФЕЈСБУК ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Sase Ivanovski

Израелците соборија ирански ракети надвор од атмосферата вечерва, погледнете го видеото

Sase Ivanovski

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката

Sase Ivanovski

ИРАН: СОБОРИВМЕ ИЗРАЕЛСКИ Ф-35

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ: НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НАД ИРАН ЌЕ И ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Sase Ivanovski

ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА

Sase Ivanovski

Магдебург ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

Sase Ivanovski

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа

Sase Ivanovski

Ројтерс: Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Sase Ivanovski

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Sase Ivanovski

Полицајци нападнати во кафуле во 3 часот по полноќ

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

Sase Ivanovski

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања 2024–2028, наоди од првата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Општината обезбеди нови ПП апарати за сите училишта и градинки

Sase Ivanovski

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Sase Ivanovski

Дмитриев: Русија би можела да стане посредник меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Интервју со Наташа Бојчева, ветеринарка: Бричењето на крзното во лето може да му наштети на кучето

Sase Ivanovski

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни, едното го изела, другото е повредено

Sase Ivanovski

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОРАКА ДО МЛАДИТЕ МАЖИ: 10 ЛАГИ ЗА ЖЕНИТЕ КОИ НЕ УЧАТ ВО ФИЛМОВИТЕ, ПЕСНИТЕ, МЕДИУМИТЕ…

Sase Ivanovski

Мицевски: Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

(Видео) СДСМ: Без одговорност на Тошковски и Јанев – нема правда за Кочани

Sase Ivanovski

Кирков: Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува

Sase Ivanovski

ОЈО ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Алиу открил 57 предизвици во здравството, фокус на онкоболните пациенти

Sase Ivanovski

Алиу најави: Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи

Sase Ivanovski

ИРАН ГО ЗАМОЛИЛЕ КИПАР ДА ПРЕНЕСЕ ПОРАКИ ДО ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ИДФ: Бараж ирански ракети пресретнати во северен и централен Израел

Sase Ivanovski

Индекс: Јадранoт преполн со „ничии“ банкомати што наплаќаат огромни провизии

Sase Ivanovski

Татковците во Македонија слабо си играат со децата

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше аеродромот Мехшед во североисточен Иран

Sase Ivanovski

ВИДЕО Нетанјаху го посети нападнатиот град, толпата му ја пееше „Биби, крал на Израел“

Sase Ivanovski

Албанската Влада го усвои договорот со Србија за социјално осигурување

Sase Ivanovski

Жителите на „Марко Крале“ во Бутел со денови се гушат во смрдеа од ѓубре

Sase Ivanovski

ПУТИН ЧУВСТВУВАЛ ДЕКА КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ТРЕБА ДА ЗАВРШИ Трамп се согласил, но му рекол дека и војната во Украина треба да заврши

Sase Ivanovski

ТЕХЕРАН ЌЕ ЈА ПОЧУВСТВУВА СИЛАТА НА ИЗРАЕЛСКАТА РАКА Нетанјаху најави жестока одмазда, Израел нападна објект на иранското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Мерц: Не смее да му се дозволи на Иран да има нуклеарно оружје

Sase Ivanovski
Вчитувам....