Од Општина Аеродром информираат дека во текот на изминатава недела извршиле инспекциски контроли на околу 100 угостителски објекти на територија на општината, а од понеделник започнува со проверка на хидранти во станбените објекти.-Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност- велат од Општината.
Исто така, оттаму соопштија дека е изготвен план за контрола на хидрантските мрежи во станбените објекти, пристапите и излезите објектите за колективно домување и најавија дека од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, започнува инспекција за состојбата во зградите. Од општина Аеродром додадоа дека претходно, на 18 март, в.д. градоначалникот Дејан Митески испратил барање до сите основни училишта, детски градинки, при што во најкус можен рок треба да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гаснење пожар. Исто така, потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација.