30.8 C
Скопје
13/06/2025 15:40
МАКТЕЛ

   

(ИНТЕГРАЛНО) Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност

      

На сите 34 физички и три правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 62 лица помеѓу кои шест деца им се ставаат на товар – тешки дела против општата сигурност. Помеѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. Поради немање доволно докази, постапката се запира за 11 лица, помеѓу кои двајца поранешни министри.

-Денеска до Основниот суд во Кочани поднесен е Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои заеднички со учество во дејствие на извршување на кривично дело или со друг особен придонес кон извршување на делото, предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери на место каде што се собрани поголем број луѓе, односно на 16.03.2025 година, при настапот на музичката група ДНК во угостителскиот објект „КЛУБ ПУЛС“ Кочани каде во пожар 62 лица го загубија животот, со тешки телесни повреди се здобија 157, а со телесни повреди уште 54 лица. Обвинетите делото го сториле со свесно непостапување според прописите и техничките правила за заштита, а дел од нив и со директно општоопасно средство и дејствие со кое бил предизвикан пожарот, соопшти републичкиот обвинител Љупчо Коцевски на денешната прес-конференција во ЈОРСМ.

   

Коцевски информираше дека поради немање докази постапката се запира за 11 лица, еден е починат, а за еден обвинет има прекин поради здравствена состојба.
Истрагата утврдила дека тројца обвинети одговорни лица, сопственици и управители на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги КЛАСИК ДМ ДОО Кочани со подружницата Кабаре ПУЛС Кочани, односно Друштво за производство, трговија, услуги и угостителство ММММ КАФЕ ДООЕЛ Кочани со подружницата на правното лице КЛУБ ПУЛС Кочани, незаконски вршеле угостителска дејност од 2012 до 2025 година, без исполнување на минимално-техничките услови и со реконструкција без дозвола.

-Првообвинетиот во временскиот период во 2012 и 2024 година во повеќе наврати преземал градежни дејствија со кои извршил реконструкција со пренамена на објектот при што неконтролирано без стручен надзор вградувал несоодветни материјали-синтетички, полимерни материјали и полиуретански сунѓер кои носат ризик од лесно започнување и брзо ширење на пожар и други опасности од пожар, па во наведениот објект не биле исполнети минимално-техничките услови ниту основните стандарди и барања за заштита од пожар и за безбедност и заштита од пожар за да во него се врши угостителска дејност. Практично, во објектот не бил испочитуван ниту еден пропис во однос на квалитетот на вградените материјали, носивоста и стабилноста на конструктивните елементи, бројот и големината на излезите за евакуација, бројот на паркинг места, преградувањата на објектот, но и во однос на предвидување, располагање и употреба на соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење на пожари и противпожарни апарати, образложи Коцевски.

Дополни дека обвинетиот сопственик на објектот во кој функционирал клубот со умисла помогнал така што дозволил и учествувал во градежните активности за вршење угостителска дејност, иако знаел дека објектот во негова сопственост нема таква дозволена намена ниту пак како сопственик поднел барање за реконструкција со пренамена.Обвинет е и братот на првообвинетиот, кој продавал влезници над дозволениот капацитет и дозволувал влез на малолетници, спротивно на законските правила за безбедност и заштита.

Во случајот е обвинета и сопственичка и правно лице од Кочани, преку кои во 2012 година на барање на првообвинетиот, спротивно на член 47 од Законот за градење бил изготвен проект за пренамена на објектот во кој не биле содржани сите фази односно делови и елаборати кои задолжително мора да ги содржи основниот проект.
-Во 2023 година, повторно незаконски, таа му изготвила основен проект, користејќи го како образец претходниот документ при што ја сменила насловната страна како да е документот изготвен во 2023 година, за да може обвинетиот и инвеститорот ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани понатаму незаконито да го користи документот како основа за вршење на угостителска дејност и добивање лиценца, посочи Коцевски.

Општина Кочани ќе им додели едногодишни стипендии на двајца млади и надежни спортисти во машка и женска конкуренција, кои имале забележителни спортски резултати и достигнувања во текот на 202
Тројца градежни инспектори од Општина Кочани, се, исто така, обвинети, бидејќи иако биле должни да постапуваат по службена должност, не спровеле инспекциски надзор и не презеле мерки за отстранување на неправилности кај објектот „ПУЛС“. Свесно дозволиле објектот незаконски да продолжи со работа како кабаре, иако знаеле дека со тоа може да настане штета, со што постапиле спротивно на Законот за градење и Законот за инспекциски надзор.Воедно, тројца поранешни градоначалници на Кочани кои биле на функција од 2012 до 16.3.2025 се обвинети затоа што, иако знаеле дека објектот „Клуб Пулс“ е небезбеден и незаконски според урбанистичкиот план и Законот за градење, не презеле никакви мерки за негово затворање. Со своето непостапување му овозможиле на сопственикот незаконски да врши угостителска дејност на таа локација.

-Во услови кога сопственикот на објектот никогаш не поднел барање за реконструкција со пренамена, градоначалниците не наредиле надзор на овластените градежни инспектори во рамките на инспекциската служба во состав на Општина Кочани спротивно на Законот за инспекциски надзор, не донеле Годишна програма и не подготвиле месечни планови за работа на овластените градежни инспектори за вршење инспекциски надзор на наведениот објект засновани на проценката на ризик со оглед да објектот е место каде што се собираат поголем број посетители и постоела опасност по нивните животи и здравје. За постоењето и работењето на објектот Клуб Пулс никогаш не ги известиле Дирекцијата заштита и спасување, Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија дека објектот работи без да ги исполнува законските услови за таа намена. Воедно, спротивно и на неколку члена од Законот за заштита и спасување, иако постоел континуиран ризик не презеле мерки за превенција, за ублажување и спречување на настанување на можните опасности од други несреќи и не предложиле план за заштита и спасување кои задолжително се применуваат во објектите за вршење на туристичко угостителска дејност. Без овој објект да биде впишан во регистарот на општината согласно чл.4, чл. 4-а и чл. 4-б од Законот за угостителска дејност, овозможиле на првообвинетиот да плаќа надоместок за вршење на угостителска дејност-кабаре во износ од 4.000 евра, од кои половина биле уплаќани на сметка на општината, појасни републичкиот обвинител.

Во однос на обезбедувањето на дискотеката, обвинение е поднесено против управителот на обвинетото правно лице – агенција за обезбедување од Скопје и уште четири лица припадници на обезбедувањето, од кои еден воопшто не поседувал лиценца за да врши физичко обезбедување.
-Против реалниот сопственик на агенцијата за кого истрагата беше отворена пред неколку дена таа продолжува до нејзиното завршување. Сите тие не постапиле согласно Законот за приватно обезбедување и не презеле мерки и активности за спречување и откривање на штетни појави и противправни дејствија кои го загрозуваат телесниот интегритет и имотот што се обезбедува, рече тој.

Клубот „Пулс“, како што дополни, го обезбедувале без писмен договор, без претходна безбедносна проценка и проверка на сигурносните услови на објектот, опасност и можност за евакуација во случај на опасност, проверка на влезови и излези и нивна исправност, како и преполнетост на капацитет на посетители на објектот.
-Сите овие услови наложувале агенцијата задолжително да изготви План за обезбедување при одржување на јавен ред на настан од забавен карактер со присуство на поголем број на посетители и да ангажира повеќе работници на обезбедување, а таков план не бил изготвен и доставен на одобрување до надлежен орган на подрачјето каде се одржува настанот. На критичниот ден не контролирале и овозможиле влез и присуство на малолетни лица во објектот по полноќ, а исто така не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материи- пиротехнички средства од страна на членови на музичката група ДНК со кои бил предизвикан пожарот, потенцираше Коцевски.

Од Јавното Обвинителство информираат дека увидните дејствија на терен за несреќата во дискотеката „Пулд“ сѐ уште траат, а државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска повторно е во Кочани
Дел од обвинетите се и четворица директори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден генерален инспектор кои во период од 2012 до 2025 година, не презеле мерки за заштита од пожари, иако биле свесни за можните последици. Не организирале надзор, не спровеле законски обврски и не распоредиле инспектор во Кочани, со што придонеле за настанување на штетата, спротивно на Законот за заштита и спасување и Законот за организација на органи на државна управа.

Раководителот на инспекциската служба во ДЗС, пак, не ја организирал и координирал работата согласно Законот за инспекциски надзор. До 2020 година не предвидел инспекциски надзор во Кочани, а од 2021 година постапувал спротивно на методологијата за проценка на ризик. Иако знаел за постоење на објекти како „Кабаре Пулс“, не спровел ниту една контрола, со што дозволил објекти без соодветна заштита да работат и да ја загрозуваат безбедноста на посетителите.

-Со тоа овие осомничени овозможиле угостителскиот објект „Кабаре Пулс“ Кочани да обавува дејност од забавен карактер наменета за голем број на посетители, иако не ги исполнувал условите за заштита според пропишани стандарди со што ги изложиле посетителите на угостителскиот објект на опасност во непроверен и неконтролиран субјект на надзор, рече Коцевски.
Пет државни службеници, еден државен секретар и двајца министри се обвинети за неправилно издавање лиценци за угостителска дејност на „Кабаре ПУЛС“ во Кочани, без исполнување на законските услови. Според обвинението, тие не постапиле согласно прописите и не иницирале вонреден инспекциски надзор. За петмина, вклучително двајца поранешни министри, постапката е запрена поради недоволно доказен материјал.

– Во обвинението детално се наведени пропустите кај секоја од лиценците поединечно. Во оваа група, за пет лица, меѓу кои двајца поранешни министри, постапката е запрена, бидејќи обемот на прибраниот доказен материјал до овој момент не е доволен за да се покрене обвинение против нив, дополни обвинителот.
Како поединечни случаи, Коцевски дополни дека во истрагата се обезбедиле докази за еден државен службеник кој постојано ги изготвувал лиценците за „Пулс“ и кој директно побарал и примил подарок за себе и за други за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.

-Во 2019 од првообвинетиот побарал и добил 12.000 денари парична награда кои му биле исплатени на неговата банкарска сметка. Во 2024 година, пак, за поголема имотна корист од 226.000 денари на првообвинетиот му изработил две фалсификувани лиценци, кои ги заверил со службениот печат на Министерството за економија, а на кои своерачно се потпишал како да се потпишала обвинетата државна секретарка, рече обвинителот.Во однос на Државниот пазарен инспекторат појасни дека доказите упатувале на поинакво ниво на одговорност кое во основа паѓа на инспекторите директно надлежни за контрола и самостојни во планирањето и извршувањето на надзорите.

– Затоа со обвинението се опфатени четири службени лица – инспектори од Одделението за инспекциски надзор – Штип со градовите Кочани, Свети Николе, Делчево, Берово и Виница. Тие воопшто не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита пропишани со Законот за инспекциски надзор, Законот за организација и работа на органите на државната управа, Законот за државен пазарен инспекторат, како и Законот за угостителската дејност, како и Правилникот за минимално – техничките услови за вршење на угостителската дејност, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, но се согласиле со нејзиното настапување. Нивните пропусти поединечно во временскиот период во кој не постапувале инспекторите се детално образложени во обвинението и за секој од нив ќе бидат изнесени соодветни докази, рече Коцевски.

Сите овие дејствија, како што заклучи, и на извршување, и на свесно пропуштање на правна обврска, се нераскинливи и се надоврзувале едно на друго директно кон последицата, и свесното игнорирање на безбедносните процедури од многу поединци и институции придонеле за исклучително тешките последици и неможноста да се спречи трагедијата и на време да се спасат 62 млади животи.

-Секоја од овие алки имала моќ и законски надлежности да ја спречи трагедијата или да го намали потенцијалот на истата во однос на загубата на животи, но никој тоа не го направил, нагласи Коцевски.Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен изјави за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот, по пожарот. Како резултат на севкупноста на пропустите на сите обвинети, на критичната вечер, како што дополни, на усно договорен настап без формално потпишан договор со музичката група ДНК, заради сценските ефекти при настапот била договорена и употреба на пиротехнички средства, а во клубот се пропуштале посетители помеѓу кои и деца со што бил надминат дозволениот број посетители.

Јавните обвинители утврдиле дека три пиротехнички уреди биле нелегално набавени и активирани истовремено преку базни уреди со телескопска антена. Пиротехниката била внесена и употребена без дозвола, спротивно на законите за експлозивни материи. За употребата на пиротехниката, покрај дел од членовите и придружбата на ДНК, од кои еден дел се починати, а за еден постапката е прекината поради неговата се уште лоша здравствена состојба, одговорност е лоцирана и кај првообвинетиот сопственик, неговиот син – управител на фирмата и кај четворица членови на обезбедувањето на клубот.

-Пиротехничките средства биле употребени во целосно небезбедни и опасни услови за преземање на таквото дејствие кои произлегле од вкупните пропусти на службените и одговорните лица за наведениот објект – кој целокупниот период континуирано воопшто не ги исполнувал законски услови за вршење на угостителска дејност. Фонтаните исфрлале искри во правец на плафонот над сцената и како резултат на тоа започнало прогресивно опожарување на полиуретанскиот сунгер со кој бил обложен плафонот во објектот по кој веднаш пожарот се проширил по должината на целиот плафон, а потоа и низ целата внатрешност и конструкција на објектот. Поради вградените материјали во објектот кои биле без огноотпорни својства и небезбедните конструктивни зафати почнал стихијно да се шири отворен оган проследен со чад и висока температура во внатрешноста на објектот поради што помеѓу присутните посетители настанало масовно, некотролирано и панично бегање преку единствениот излез за евакуација, кој не бил безбеден затоа што на патот за евакуација во прсвец на напуштање на објектот од внатре кон надвор имало двокрилна двонасочна врата која претставувала пречка за движењето. Самата надворешна врата немала евакуациона намена со систем за кочење во отворена положба и хоризонтален ракофат со пропишани димензии и заради што дополнително била отежната евакуацијата. Поради целосното непочитување на безбедносните правила за заштита од пожар, преполнетоста на објектот со постители, настанало масовно туркање и паѓање на посетителите во ходникот со што напуштањето на објектот било целосно попречено и биле предизвикани тешките последици, образложи Коцевски.

Бидејќи единствената последица која ги врзува сите овие кривично-правни дејствија е катастрофалниот пожар, во кој животите ги загубија 62 лица, меѓу кои и шест деца, Коцевски информираше дека на сите обвинети им се ставаат на товар – Тешки дела против општата сигурност од чл.292 ст.2 в.в. со чл.288 ст.3 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик за кое се предвидени најмалку три години затвор.Дополнително, двајцата првообвинети, татко и син ќе одговараат и за – Тешки дела против општата сигурност од чл.292 ст.2 в.в. со чл.288 ст.3 в.в. со ст.1.
Само поранешната државна секретарка во Министерството за економија е обвинета за – Тешки дела против општата сигурност од чл.292 ст.4 в.в чл.288 ст.4 в.в ст.3 и в.в ст.2 од Кривичниот законик.
Обвинетиот државен службеник од Министерството за економија кај кого беа откриени и дејствија на поткуп, ќе одговара и за едно кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 ст.1, едно кривично дело – Примање поткуп од чл.357 ст.4 в.в. со ст.1 и едно кривично дело – Фалсификување службена исправа од чл. 361 ст.1 од Кривичниот законик.За обвинетите правни лица поднесено е обвинение за кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.5 в.в ст.3 в.в ст.2 од Кривичниот законик.

   

Најново

Силјановска Николиќ: Вишиот управен суд потврди картел на веледрогериите АД Д-р Пановски и Фарма Трејд, следува институционална координација

Sase Ivanovski

Дозволиле активирање на пиротехниката“, осомничените 13 полицајци се однесени во суд

Sase Ivanovski

За фалсификатот лиценци за „Пулс“, државен службеник побарал и зел 226.000 денари од сопственикот

Sase Ivanovski

Беким Незири и Дритон Кучи се министрите за кои е запрена постапката за Кочани

Sase Ivanovski

Герасимовски: Граѓаните со големи пофалби за новоизградената градинка Пролет

Sase Ivanovski

Кина ги предупреди своите граѓани во Иран и Израел за потенцијални напади

Sase Ivanovski

Херцог повторно со религиска реторика ги правда нападите: Израел има исконско право и света должност да се брани

Sase Ivanovski

Муцунски: Нашиот пат кон ЕУ треба да стане предвидлив, не смееме да дозволиме да бидеме понижени

Sase Ivanovski

Годишно по 20 македонски студенти ќе добиваат стипендии за студии во Унгарија

Sase Ivanovski

Муцунски и Сијатро потпишаа Договор за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија

Sase Ivanovski

Меџити: Блокирани вкупно 226 страници за онлајн коцкање

Sase Ivanovski

Ќе се обновуваат дел од сервисните улици на булевар Јане Сандански

Sase Ivanovski

УЈП: Угостители, трговци и вршители на дејност да го регистрираат готовинскиот промет и да издаваат фискални сметки

Sase Ivanovski

Две трансплатации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ

Sase Ivanovski

Пијан радовишанец со мопед удрил во деветгодишно девојче

Sase Ivanovski

Ваучерите за образование на возрасни се успешна алатка за зголемување на конкурентноста

Sase Ivanovski

Почнува уписот во средните училишта – од утре прво електронско пријавување во јуни

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки и кривична одговорност од Јанев и Тошковски за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Исчезнат е штипјанецот Владимир, семејството со апел до граѓаните за каква било информација

Sase Ivanovski

Пазарџиите немаат дерман од „лепливите прсти“ на муштериите, бадем и маслинка за проба, овошка в џеб и отиде дневниот пазар

Sase Ivanovski

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Македонија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано Пуштен патот од Охрид до Св. Наум, обновени 24,4 километри Законот за Судски совет во собраниска процедура до крајот на овој месец Ќе застане на сцената во Грузија: Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на детската Евровизија Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена. Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу двете влади, Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028. Меморандумот, како што соопштија од МНР, ќе биде потпишан од министерот Петер Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Британскиот кредит и инфлацијата: Владата ветила 139 мерки за подобар живот – реализирала 18

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Пентагон подготвен за евентуална инвазија на Гренланд, потврди Хегсет во Конгресот

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

Грузиски активист осуден на четири и пол години затвор по учество во проевропски протест

Sase Ivanovski

Мицковски – На Сиљановска и е редот да оди во Хаг,јас бев во Вашингтон. Бугарија прави егзибиции наместо Радев го праќа Жељазков и средбата „виси“

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Не реков само за Османи туку и за Ковачевски, Маричиќ и Пендаровски. Мицковски ретерира

Sase Ivanovski

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава која ја поднесовме против Мицкоски

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг би се сретнала и со Желјазков ако има таква подготвеност од негова страна, велат од нејзиниот кабинет

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

Кој беше убиен во израелскиот напад врз Иран? Воени команданти, нуклеарни научници…

Sase Ivanovski

ФОТО: Архиепископот Стефан со црковна делегација на прием во Руската амбасада

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Нападот врз Иран беше „многу успешен“, операцијата ќе трае со денови

Sase Ivanovski

Рубио: Немаме никаква врска со нападот, Израел презеде еднострани дејствија

Sase Ivanovski

Еве кои се досега осомничени за трагедијата во Кочани – Што ќе соопшти денес Коцевски?!

Sase Ivanovski

„Не знам како сум жив“ – шокантна исповед на единствениот патник кој ја преживеа несреќата на Боингот 787 во Индија

Sase Ivanovski

Осудениот Љупчо Ѓоргиевски: Со гордост ја носиме „дипломата“ дека сме ванчомихајловисти

Sase Ivanovski

СДСМ бара оставки од Јанев и Тошковски и кривична одговорност

Sase Ivanovski

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од било какви патувања кон Израел и Иран

Sase Ivanovski

Израел изврши напади врз Иран – хронологија на војната

Sase Ivanovski

Полицаец возел пијан, пресекол полна линија и се заканувал на возач, заработи кривична пријава

Sase Ivanovski

МВР: Бројот 192 не е во функција поради технички причини

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Sase Ivanovski

Писториус: Германија нема да и испорача на Украина ракети Таурус

Sase Ivanovski

Вучиќ им рече на блокадерите: Побрзајте со радикализацијата, па да видиме до каде ќе стигнете

Sase Ivanovski

Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид – Св. Наум, најави Владата

Sase Ivanovski

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава

Sase Ivanovski

Израел го нападна Иран – цел на нападот се нуклеарни постојки, погодени се и цивилни објекти

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полициски службеник за безобѕирно управување со моторно возило

Sase Ivanovski

Автократскиот популизам

Sase Ivanovski

ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД КОЧАНИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ПУЛС!

Sase Ivanovski

СДСМ ја поздравува акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

Sase Ivanovski

Акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, во Кочани уапсени 13 лица

Sase Ivanovski

„Рајанер“ воведува строги казни за нељубезните патници

Sase Ivanovski

Некој фрлил камен од надвозникот на скопската обиколница кај Стајковци, возач од Косово е повреден

Sase Ivanovski

Огромно мнозинство држави во ООН со громогласен аплауз усвоија повик за итен прекин на огнот во Газа, Македонија воздржана

Sase Ivanovski

Инцидент меѓу цимери од Турција во Скопје – се степале, едниот извадил нож и го ограбил другиот

Sase Ivanovski

Уште летово сите службени автомобили ќе бидат обележани, вели Томовски

Sase Ivanovski

Тинејџер излетал од пат со мопед во Гостиварско, повреден е и сопатникот

Sase Ivanovski

Ангел Димитров по седницата на Историската комисија: Атмосферата беше најдобра на ручекот

Sase Ivanovski

ГРОМ БАРА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ И ОСТАВКА ОД ВЛАДАТА НА ЧЕЛО СО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Sase Ivanovski

„Д-р Пановски“ досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции

Sase Ivanovski

ФАРМА ТРЕЈД: Цените што се понудуваат во рамки на јавните набавки не се слободна комерцијална одлука, туку се строго регулирани

Sase Ivanovski

Напаѓачот во Грац го испланирал масакрот „до најмал детал“

Sase Ivanovski

Ќе се реконструира кочанската физикална, пациентите од „Пулс“ ќе се лекуваат во координација со штипската болница

Sase Ivanovski

Не помина предлогот на ЛДП за една изборна единица – ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа

Sase Ivanovski

Мицкоски: Груби кукавички избега, имаме индиции дека се наоѓа во регионот

Sase Ivanovski

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ: Мега проектот за Стаклара – Каменик конечно станува реалност – после половина век мојот народ добива чиста вода за пиење!

Sase Ivanovski

Насилник од Тетово му се заканувал на наставник и кршел во училиште

Sase Ivanovski

Македонија ja доби Молдавија и дојде на чекор од Втората дивизија во Дејвис купот

Sase Ivanovski

Полицијата е недостапна на 192

Sase Ivanovski

Полицаец од Зелениково ќе одговара, пијан дивеел низ Кисела Вода

Sase Ivanovski

Епископот Партениј му честиташе на Георгиј на изборот за митрополит

Sase Ivanovski

Ако има каква било иницијатива за средба Давкова-Жељазков во Хаг, таа треба да се прифати, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

Над 20 пожарникари со седум возила го гаснат пожарот во Вардариште

Sase Ivanovski

Маж од Кумановско ја силувал малолетната ќерка

Sase Ivanovski
Вчитувам....