15.8 C
Скопје
30/01/2025 19:15
МАКТЕЛ

   

ИНТЕРВЈУ АНИТА СТАМНОВА в.д Директорка на Централен регистар: Само стабилни институции можат да ветат здрава бизнис клима

     

Анита Стамнова неколку месеци е на чело на „Централен регистар“ како вршител на должност на позицијата директор, назначена од Владата. Од она што досега го има заклучено е тоа дека оваа институција од клучно значење за функционирање на економските, управните и сите други правни субјекти е тоа дека треба да застане на стабилна финансиска основа. Најголем предизвик ќе биде воведувањето на „Единствен регистар на сметки“ и надградбата на „Регистарот на вистински сопственици“. Стамнова како еден од своите први чекори го истакнува озаконувањето на слободниот бесплатен пристап на новинарите до информации. Доаѓате од сектор директно поврзан со економијата во земјава, имате богато работно портфолио и плодна кариера, дали Централен регистар Ви претставуваше предизвик, со оглед на фактот што се соочивте со институција оставена пред поголеми предизвици во тој период?

Стамнова: Секако, на функцијата вршител на должноста Директор на Централен регистар стапив пред неколку месеци, оваа функција беше нов предизвик не само за мене, туку и за институцијата во целост, нејзините партнери, соработници и воопшто сите чинители поврзани со водењето на успешен бизнис во земјата. Кога ќе се соочите со фактот дека сте подготвени за уште поголеми предизвици истовремено станувате свесни дека резултатите и успесите не доаѓаат преку ноќ, напротив за да се постигнат добри резултати, мора да имате доволна експертиза, знаење, мотив, желба и капацитет за да го работите истото.

   

–  Често сме премногу фокусирани на тоа сите зацртани задачи да се одвиваат според распоредот, со цел сè да е под контрола. Моето работно искуство ме научи дека покрај уредната ориентација кон задачите, всушност треба да бидеме фокусирани кон резултати. Конкретно, ова значи директно поврзување на планираните активности со придобивките што треба да се постигнат и мерење на напредокот на работата не врз основа на бројот на завршени задачи, туку на постигнатите резултати.

–  Бев раководител на сектор за финансиски прашања во Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, кабинетски советник на министерот за финансии, посебен советник на дополнителен заменик на министерот за финансии, раководев со одделение за буџетска координација и буџетска контрола во Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, бев директор за комерцијални работи и член на Управен одбор во АД Електрани на Македонија- ЕЛЕМ, заменик на директорот во Државен завод за статистика. Природно е да се наметне потребата да се канализира она што сте го научиле во позитивна насока. Јас стапив на оваа функција подготвена и свесна дека ќе биде потребно многу труд, работа и посветеност за да дојдат резултати. Веднаш започнавме со активности кои ќе го зголемат развојниот импулс со што ќе дадеме нова развојна димензија на институцијата со директна цел на подобрување на општата деловна клима во земјата, затоа што само стабилни институции можат да ветат здрава бизнис клима!

Ја потенцирате транспарентноста и соработката со релевантни институции и комори. Со кој сé остваривте средба изминатиот период и што очекувате од соработката?

Стамнова: Воспоставивме пракса на работни средби со Комората на сметководители,чии претставници ги презентираa идентификуваните проблеми кои ја засегаат работата на сметководствената бизнис заедница, а се во доменот на Централен регистар. Се договоривме заеднички да работиме за да ги постигнеме целите за кои се залага Комората – борба против сивата економија во стопанството и особено во сметководствениот сектор, формализација на тековната комуникација со институциите кои се релевантни за непречено одвивање на работните обврски на сметководителите (со особен акцент на ЦР како матична институција за собирање и обработка на финансиските извештаи и годишните сметки подготвени од сметководствената бизнис заедница). Одржавме работен состанок со ИСОС Институтот на сметководители и овластени сметководители за продолжување на успешниот процес на размена на податоци кој ИСОС го спроведува со Централниот регистар, како и за натамошно продлабочување на соработката во насока на унапредување на финансиското известување. Со Државниот завод за статистика ја продолживме соработката која се базира на потпишаниот Меморандум и редовното доставување на податоци, а особен акцент беше ставен на имплементација на новата Националната класификација на дејностите НКД рев2.1 заснована на статистичката класификација на економските активности на Европската Унија, која започна да се применува од 1 јануари 2025 година.

 

 

На почетокот е важно да ги детектирате стратешките партнери во работата, за заеднички да напредувате во развојот, а бенефитот да биде и за институциите, а пред се за корисниците, во случајов, бизнис секторот и јавноста. Во таа насока, воспоставивме одлична соработка со Министерството за дигитална трансформација, со Клириншката куќа КИБС, бидејќи нé чека реализација на навистина сложени проекти, од кои ќе се подобрат условите за работа на општествено ниво, вклучувајќи го нивото на безбедност на податоците, автентикација на корисниците на услугите и оптимизација на системите.  Интеграција со Министерството за дигитална трансформација и со Клириншката куќа на интербанкарски системи е од големо значење за идните заеднички проекти, а крајната цел е модерни, безбедни и лесно достапни услуги за бизнис заедницата и граѓаните.

Би сакала да се заблагодарам за интересот за нашата работа од страна на Амбасадите, конкретно од Амбасадата на САД во Македонија за интересот за работата на Централен регистар, како институција со јасна визија и планови за периодот кој претстои. Со задоволство ја презентиравме тековната работа, но и идните планови на институцијата, ќе ја продолжиме соработката со Амбасадата која ќе даде свој придонес во рамки на своето делување во сите работни групи и процеси.

Кога сме кај интересот за Централен регистар особено важна категорија кон која сметам дека секоја државна институција има пред се обврска, а потоа и волја да ја пренесе практичната работа, се учениците и студентите. Тие се нашата иднина и дел од општеството во кој треба да вложуваме за да имаме образован иден кадар. Сметам дека максимално е потребно да го пренесеме знаењето на идните генерации и потенцирам дека една од моите идни заложби во иднина ќе биде редовни предавања, обуки и презентации од областа на започнување и водење бизнис за младите.

Забележав дека со ова темпо на развој и дигитализација на услугите, бројот на корисници на услугите на оваа институција е во постојан подем, дефинитивно со моите тимови имаме план да воспоставиме и пракса за одржување на редовни обуки кои ќе бидат усогласени со потребите на корисниците во целост.

Работевме со Коморите и Центрите во нивни рамки кои се важен катализатор во спроведување на развојните и законските промени,  покажаа навистина голем интерес периодов а во Централен регистар препознаа институција секогаш отворена за соработка со сите релевантни фактори во одржување на стабилно функционирање на бизнисот. Средби со претставници од бизнис секторот ќе бидат исто така пракса за ЦР и во иднина.

Со Академијата за судии и јавни обвинители утврдивме потреба од почеста соработка, а на барање на Комисијата за одлучување по прекршок, која е во рамките на ЦР, од страна на Академијата започна одржување на обукиза членовите на комисијата, сѐ со цел Комисијата да дејствува поефикасно во процесите на постапување и одлучување.

Средбата со Гувернерката на Народната Банка е исто така од големо значење и за двете институции, за Народна банка како регулатор на банкарскиот сектор и за Централен регистар, со оглед на проектното портфолио на регистарот во кое, еден од клучните проекти е воспоставување на Единствен регистар на сметки. Со претставниците на Народна банка ја продолжуваме соработката и во рамки на проектите со ЕБРД согласно Меморандумот за WeFI Code (Women Entrepreneurs Finance Code), каде Централниот регистар игра важна улога за обезбедување податоци за полова структура – фирми во сопственост или раководени од жени.

 

Евидентни се активностите кои ги направивте за многу краток период, започнувајќи со работа уште од првиот ден. Што би издвоиле како крупни чекори, со кои е очигледна позитивната трансформација во Централен регистар?

Евидентни се активностите кои ги направивте за многу краток период, започнувајќи со работа уште од првиот ден. Што би издвоиле како крупни чекори, со кои е очигледна позитивната трансформација во Централен регистар?

 

Стамнова: Почитување на вистината и правото на јавноста да биде информирана прави новинарите да претставуваат клучен фактор во пласирањето на точни информации за јавноста. Оствариме средби со агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, како и со Здружение на Новинари на Македонија – ЗНМ, кое воедно е и промотор и заштитник на професионалните стандарди на слободата на изразување. Со цел успешна соработка и продолжување заеднички да работиме почитувајќи го јавниот интерес, Централен регистар и законски го регулираше бесплатниот пристап до информации од страна на новинарите.

На продукција ја пуштивме надградбата на регистарот на вистински сопственици кој од своето воспоставување претставува ефикасна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам.

Зголемување на транспарентноста на сопственичката структура на правните субјекти претставува главна придобивка на надградбата, при што истата овозможува преглед на истовремената вклученост на вистинските сопственици како контролори на капитал во приватниот и во државниот сектор.

Имено, надградбата обезбедува информација за тоа дали едно лице истовремено е запишано како вистински сопственик во определено друштво со приватен капитал, а исто така и дали истото има и контролна функција во субјект изземен од обврската за упис во регистарот на вистински сопственици, пред сé во институциите во државна сопственост.

Во таа насока, со ново имплементираните функционалности на надлежните субјекти и органите на прогон дополнително им се обезбеди релевантен извор на информации за видот на анализа која треба да ја спроведат во однос на сопственичката структура на субјектот со кој стапуваат во деловен однос, а во согласност со пресметаното ниво на ризик од страна на Управата за финансиско разузнавање. Ваквата функционалност оди во прилог на користење на регистарот како еден ефикасен инструмент во борбата против злоупотреба на финансискиот систем и спречувањето на корупцијата. Преземањето на навремени и превентивни мерки преставува клучен фактор во навременото идентификување, спречување и санкционирање на финансискиот криминал, а од тука и спречување на поткопување на стабилноста како на финансискиот, така и на целокупниот правен систем.

На работната средба со Македонската Банкарска Асоцијација се согласивме дека со континуирано  усовршување на системите, ќе се стремиме и кон квалитетно софтверско решение за упис на вистински сопственици на трустовите и правните аранжмани, а во согласност со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Централен регистар изминатата година, за жал и оваа година ја заврши со загуба. Главните мои заложби во периодот кој следи ќе бидат “застанување на институцијата на здрави нозе”, бидејќи само стабилен Централен регистар, со внимателно донесена развојна стратегија и визија за одржување и развој на регистрите може да биде сервис на граѓаните и професионалните корисници односно бизнисите.

Работниот кадар на една институција е моторот кој треба да ја движи напред. Вложувањето во човечкиот потенцијал е клучен за развојот на една институција. Паралелно работиме на подобрување на услугите, но и на реорганизација на приоритетите на институцијата.

Успеавме за кратко време да ги приспособиме просториите во сопственост на Централен регистар, во палатата Лазар поп Трајков, со цел вработените да имаат достоен и доволен простор за работа. Сметам дека со добра стратегија, мотив и фокус, може да се реализира се што ќе зацртаме како цел.

 

 

 

Каква е општата бизнис слика во земјава, колку активни субјекти имало 2024 во споредба со 2023? Дали се бришеле повеќе субјекти од претходната година? Кој сектор доминира кај активните фирми?

Стамнова: Во 2024 година имавме поголем број активни субјекти во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица на крајот од годината, вкупно 122602. Во 2023 година бројката изнесувала 118070.

Во 2024 година бројот на уписи на бришење на субјекти е намален и изнесуваше 3775. Во 2023 година бројот на уписи на бришења изнесувал 4335.

Најголем број на активни субјекти по организационен облик во 2024 беа трговските друштва:

 

01.0 – органи на државна власт и локална самоуправа: 265

02.0 – јавни установи: 5063

03.0 – јавни претпријатија: 198

04.0 – агенции, берзи и други организации основани со посебен закон: 213

05.0 – трговски друштва: 87748

06.0 – финансиски организации: 21

07.0 – задруги: 182

08.0 – комори и деловни здруженија: 159

09.0 – политички партии и синдикати: 407

10.0 – општествени организации, фондации и здруженија на граѓани: 15962

11.0 – фондови, заводи: 6

12.0 – верски заедници: 47

13.0 – самостојни извршители на дејност: 11988

15.0 – претставништва на странски фирми во земјата (без правно својство): 176

16.0 – меѓународни организации и други претставништва: 148

Субјекти за кои не се евидентирани соодветни податоци за организационен облик: 19

Од секторите, како и во 2023 година, така и во 2024 година доминира Трговијата на големо и трговија на малосо 25% од вкупниот број на активни субјекти или 30204 субјекти, потоа други услужни дејности со 14% или 16972 субјекти, преработувачка индустрија со 9% или 11557 субјекти, стручни, научни и технички дејности со исто така 9% или 11228 субјекти, градежништво со 7% или 9053 активни субјекти.

На што ќе се фокусирате во блиска иднина?

Стамнова: Акцент ќе ставиме на Развој, Транспарентност во работењето и Стабилност на институцијата. Како сервисно ориентирана институција која е одговорна за функционирање на голем број на јавни регистри и услуги од суштинско значење за државата, она што можам да го потенцирам како цел е транспарентно работење и зајакнување на финансиската стабилност на институцијата. Меѓу проектите кои ќе се работат во иднина се:

– Единствен регистар на сметки – Со донесување на новиот Закон за платни системи и платежни услуги, на ЦР му припадна улогата за водење на Единствениот регистар на сметки како администратор на регистарот. Воспоставувањето на Единствениот регистар на сметки е еден од тие важни чекори, коишто треба да ја олеснат обработката на податоците за платежните сметки, депозитните сметки и сефовите, што ќе придонесе за поефикасно делување на институциите, а ќе обезбеди и зголемена заштита на потрошувачите.

– Надградба на Централизираниот менаџмент со корисници, интеграција со Министерство за Дигитална трансформација и КИБС.

– Надградба на регистарот за вистински сопственици, бидејќи преземањетонанавремениипревентивнимеркипреставуваклученфакторвонавременотоидентификување, спречувањеисанкционирањенафинансискиоткриминал, аодтукаиспречувањенапоткопувањенастабилностакаконафинансискиот, такаинацелокупниотправенсистем.

– Надградбата на едношалтерскиот систем,

– Софтверско решение за генерирање на извештаи и

– Систем за заштита и архивирање на податоци.

Покрај наведеите има и други развојни проекти кои ќе ја следат мисијата на Централен регистар, да ги прошири и развие своите бази со дополнителни податоци (формирање на нови основни регистри и постојано унапредување на постојните) со што ЦР претставува единствена централна информативна база на правни и друг вид релевантни податоци, значаен учесник во креирањето на подобра бизнис клима во Републиката, промотор на странски инвестиции  и општествено одговорна Институција, а со самото тоа директно ќе придонесеконразвојот на националната економија.

 

 

 

Најново

Јаневска за Нацрт-концепцијата за гимназиско образование: Сите аргументирани барања ќе бидат прифатени

Sase Ivanovski

Стојаноски: Со посветена работа, веќе ги гледаме првите резултати, до крајот на мандатот ќе бидат целосно реконструирани студентските домови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, а Владата ќе го фасцилитира тој процес

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Ги оставивте работниците на маргините, зошто не прифаќате минимална плата од 500 евра?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како од поранешни функционери на СДСМ се прави политика и манипулира при пресметката на минималната синдикална кошничка

Sase Ivanovski

Јаневска: Јавната дебата за Нацрт-Концепцијата за гимназиско образование е во тек, по 24 години неопходна е реформа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки дожвеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

Sase Ivanovski

Филков: Поразителни се бројките од анкетата за задоволството на судските услуги

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Граѓаните се решија на бојкот, ќе признаете ли дека згрешивте со погрешните политики?

Sase Ivanovski

Групацијата ЕИБ постигна рекордни резултати во 2024 година, цели кон инвестиции од 95 милијарди евра за 2025 година

Sase Ivanovski

Кирков: ЈП Лајка потребно е да најде брзо, ефикасно и системско решение за трајно да го решиме проблемот со бездомните кучиња

Sase Ivanovski

Стојаноски: Согласно законот за реорганизација на државната управа ќе се намалат буџетските корисници, на тој начин овие институции ќе се реорганизираат под надлежност на министерствата

Sase Ivanovski

Директорот на Царинска управа додели признанија од СЦО за особени заслуги за зголемување на ефективноста на институцијата: во втората половина од 2024 година наплатени приходи од над една милијарда евра

Sase Ivanovski

Јаревски: Филипче да се потсети на времето кога тој беше министер за здравство, кога свесно се кршеле законите и се правел криминал

Sase Ivanovski

Јаневски: Не поддржуваме одлука која предвидува нередовни автобуски линии во руралните и приградските населби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска: Власта направи хаос со инспекторатите, пазарните инспектори не може да казнуваат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува бојкотот против ланците на профитери кои за жал СДС ги штити и сака да ги амнестира

Sase Ivanovski

Донаторска конференција со фокус на младите во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Sase Ivanovski

Јаневска: Добро е за сите нас кога компаниите ја покажуваат општествената одговорност со инвестирање во образованието

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Бојковски со порака до Арсовска и ЈСП: Месните и урбаните заедници треба да учествуваат во одлуката за менување на возните линии на ЈСП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чии кадри се бираат во Муртино, наместо во партиските органи

Sase Ivanovski

Лашкоска: Грижата за водите е одговорност на секој од нас, бидејќи сме дел од заедничкиот простор во кој живееме

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС со најмизерни зборови ги напаѓаат Муцунски и Митески, Општина Аеродром посветено работи на подобрување на условите во кои растат и се развиваат децата

Sase Ivanovski

Стојановски: Ние советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаме за решавање на проблемот на граѓаните на Општина Сарај со водоснабдувањето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николова до Јаневска: Има лавина реакции за лошата концепција-ќе преземете ли одговорност за уништување на критичната мисла?

Sase Ivanovski

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Врховниот суд

Sase Ivanovski

Герасимовски: Покрената иницијатива за почисти училишни дворови, ја подигнуваме свеста кај децата за грижа за животна средина

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Марковска Илиевска по четврти пат поставува прашање, дали уредувањето и сите активности за мега паркот зафаќаат дел од втората заштитна зона каде што се бунарите, но одговор од Арсовска нема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Кој лаже за бојкотот, Мицкоски или Трајко Славески со неговите срамни изјави?

Sase Ivanovski

СДСМ: (Најава) Претседателот Филипче во работна посета на Хрватска

Sase Ivanovski

Осврт на филмот Perfect Days, во режија на филмскиот автор Wim Wenders. Текстот е објавен на веб-порталот Трн.мк

Sase Ivanovski

Сите видови италијански сирења…

Sase Ivanovski

Осврт на антологискиот албум Station to Station на David Bowie, објавен во јануари 1976.

Sase Ivanovski

КИНЕСКИОТ „ЧАТ ГПТ“ КОРИСТЕЛ ПОДАТОЦИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ БОТ? „Спутник моментот“ на DeepSeek е полн со контроверзии

Sase Ivanovski

АСАД ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН Новиот претседател на Сирија упатил барање до Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска одржав средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Патот Тетово-Призрен наскоро ќе стане реалност

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ја укина заштитата од депортација за 600.000 Венецуелци

Sase Ivanovski

Училиштата во САД се обидуваат да ги заштитат учениците без документи од имиграционите рации на Трамп

Sase Ivanovski

Спасовски: Поднесовме иницијатива, бараме Надзорна расправа за загадениот воздух

Sase Ivanovski

Мајк Џонсон го брани агресивниот почеток на Трамп, изјавувајќи дека „сè е на маса“

Sase Ivanovski

СУБВЕНЦИИ ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ КОИ ЌЕ ПОСЕТУВААТ ОБУКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Sase Ivanovski

Службениците за имиграција: „Најлошото оди прво“, но сега нема „бесплатна пропусница“

Sase Ivanovski

Трамп му нареди на центарот за јавно здравство на САД да ги стопира сите заеднички проекти со Светската Здравствена Организација

Sase Ivanovski

Приведен 46-годишен Кумановец. Бил агресивен кон полицајци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа, помошта за новороденче остана непроменета

Sase Ivanovski

Нема преживеани во авионската несреќа во Вашингтон, САД

Sase Ivanovski

Saturday Family Brunch – Секоја сабота во @groovelyn од 11:00 до 14:00 !

Sase Ivanovski

Француските весници го тужат Линкедин за користење на нивната содржина

Sase Ivanovski

Патуваме кон југот, регионот на Егејска Македонија, денес Северна Грција, каде можеме сеуште да посведочиме сочувани примери на традиционалната архитектура

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС

Sase Ivanovski

Гешовски: Граѓаните „полудеа“ по производи на „Тему“ , а не стивнува и интересот за платформата „Алиекспрес“

Sase Ivanovski

Македонски Концепт со остра осуда за иницијативата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Sase Ivanovski

Лоран Бајрами направи увид на потпорниот ѕид кај Детска клиника кој почна да се распаѓа уште лани во јуни месец…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Франција загина средношколка, повредени се голем број ученици

Sase Ivanovski

Захарова: Не смее да се дозволи во Србија да владее хаос

Sase Ivanovski

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

Sase Ivanovski

Министерството за финансии ќе продава државни хартии од вредност за 57 милиони евра

Sase Ivanovski

Телефонски број и имејл адреса пред печат за продолѓување регистрација – МВР го комплетира Сејф сити

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Глигор Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Извозот е суштински за да опстанеме и како компании и како држава“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Внимание: Не растат платите туку цените – следува бојкот!

Sase Ivanovski

Пресуда против Италија за неактивност во справувањето со мафијашките диви депонии со токсичен отпад

Sase Ivanovski

Тешко повредено едно лице во сообраќајка во Тетовско

Sase Ivanovski

Кафето „арабика“ достигна рекордни вредности, во Бразил се очекува намалена жетва

Sase Ivanovski

Неправедно осудениот Јапонец кој помина 46 години во затвор бара оштета од 1,2 милиони евра

Sase Ivanovski

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Sase Ivanovski

Русија забрзано ги повлекува своите воени трупи и опрема од сириското пристаниште Тартус

Sase Ivanovski

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот за здравство Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО): Неколку минути пред трагедијата добил порака од сопругата: Трогателен разговор со сопруг на патничка од авионот од Вашингтон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гаши: Немам ингеренции да предлагам претседател на Комисијата за социјална политика, туку само да одредам пратеник за свикување седници

Sase Ivanovski

Во Шведска убиен ирачки бегалец пред судската пресуда за палење на Куранот

Sase Ivanovski

Пет години по Брегзит, Британците жалат – мнозинството сака да се врати во ЕУ

Sase Ivanovski

Државна ревизија: 39 отсто од лековите на скопска Дерматологија се со поминат рок

Sase Ivanovski

Уште не почнат, бојкотот го исплаши маркетите: Некои нудат пониски цени, некои ќе прават попис

Sase Ivanovski

Варшава е најмодерниот град во Европа!

Sase Ivanovski

Ги охрабрувам сите пациенти на кои им е барано мито да пријават и кај нас, вели Таравари

Sase Ivanovski

СДСМ: Стари кадри од режимот го советуваат Мицкоски, обврска на власта е да ги зголеми платите

Sase Ivanovski

Топ Тема: Бојкот на трговските ланци – што освен симболична порака може да се смени?

Sase Ivanovski
Вчитувам....