20.8 C
Скопје
19/04/2025 10:24
МАКТЕЛ

    

ИНТЕРВЈУ КОЛЕЌЕВСКА: Инвестицијата од милијарда евра на „АКСА“ предвидува пониска цена на струјата и државна сопственост на инфраструктурата

      

Кристина Колеќевска e економист за надворешна трговија – директор за комуникации и маркетинг во инженерската компанија „Сениор Инженери“, специјализирана за развој и реализација на енергетски проекти, која има развиено стратешко партнерство со АКСА, дел од групацијата Казанџи Холдинг, за изградба на енергетска инфраструктура во Македонија, Балканот, но и на други меѓународни пазари. Во рамките на ова партнерство, неодамна се одржа состанок со Владата, на кој беше презентиран голем инвестициски проект во вредност од 1 милијарда евра за изградба на когенеративни електрани, изградба на гасна дистрибутивна мрежа и обезбедување на сигурност во снабдувањето со гас во земјата.

Колеќевска вели дека понудата за гасифицирање на домаќинствата ќе биде економски оправдана и одржлива. Цената на произведената струја од гасните централи ќе биде под пазарната, што ја прави исплатлива опција за продажба на ЕСМ како јавен партнер. Дистрибутивната, топловодната мрежа, како и когенеративните електрани што ќе ги изгради АКСА ќе и припаднат на државата како дел од јавно-приватно партнерство, а повеќе од 50 отсто од инвестицијата ќе припадне на македонски компании. Ова се дел од поентите од интервјуто со Колеќевска.

   

Има план за изградба на три модерни когенеративни централи кои треба да придонесат за почист воздух, за поевтина енергија и за енергетска независност. Каде ќе се изградат овие постројки? 

Колеќевска: Инвестицијата предвидува изградба на когенеративни електрани со инсталиран капацитет од 500 MW. Таквиот проект и понуда произлегува од неколку технички фактори: од потенцијалната потреба на електрична и топлинска енергија, особено изразена со енергетската транзиција која треба да се случи до 2030 година, од оптовареноста и приклучоците на мрежното поврзување, како и од вкупната потреба и потрошувачка на природен гас, односно од количината што би можела да се пренесе до соодветна локација. Со правилната примена на овие критериуми, произлегува дека тоа би се остварило со најмалку две или три електрани со задоволувачки капацитет и ефикасност.

Вие прашувате и за нивната локација. Во околината на Скопје, тоа би било во регион каде што има еколошки услови и каде што нема изградена топловодна мрежа, а има слободен капацитет на приклуоци за гас и за електрична енергија. Истото важи и за регионот на Куманово, а третата постројка би била лоцирана во зависност од анализите на нашата Влада и на нејзините соодветни критериуми. Сакаме да потенцираме дека инвеститорот има направено проценка за ова прашање и дека локацијата и потребната инфраструктура се целосно анализирани и се пресметани по пазарни цени, а со повеќето сопственици на локациите веќе се остварени преговори за откуп.

 

Најавени се и бесплатни приклучоци за домаќинствата кон новата гасна и топлинска мрежа. Дали инвеститорот има доволно голем интерес за приклучување кон мрежата и на кој начин домаќинствата ќе ја плаќаат внатрешната инсталација на уредот? 

Колеќевска: Во пазарни услови, ниту еден инвеститор не може да биде 100% сигурен за било што, односно сѐ зависи од условите што ќе ги понуди на пазарот. Со развојната анализа што е направена од страна на друштвото за инженеринг “Сениор Инженери  ДОО Скопје” и турскиот инвеститор, се утврди дека три критериуми се важни. Прво, ниската цена на енергенсот – природен гас, а подоцна и водород, која што ќе биде неколку пати пониска од цената на електрична енергија потребна за загревање на домовите, за готвење, за греење вода за домаќинствата и слично. Второ, приклучокот за граѓаните, ќе биде бесплатен и трето, пресметката на цената на внатрешната инсталација на уредите, заедно со уредите, ќе биде исплатена преку сметките за енергенсот, на подолг период за да биде што е можно поповолна за граѓаните.

Нашата анализа покажа дека овој пристап и понудените услови многу лесно ќе покажат, всушност, колку граѓаните ќе заштедат и дека масовно ќе почнат да се приклучуваат на оваа дистрибутивна мрежа. Сакаме да нагласиме дека ова важи само за домаќинствата, за ранливите категории на граѓани, за микро-претпријатијата и енергетски сиромашните субјекти. Во оваа смисла инвеститорот ниту бара ниту му е потребно некој да ја гарантира потрошувачката на енергијата. Има овде уште еден многу значаен елемент, а тоа е големиот придонес во намалувањето на екстремното загадување на амбиенталниот воздух во сите општини во државата и заситеноста од ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките, што се канцерогени и што произлегуваат од горење на дрво, од нафта, од лесно масло за домаќинствата, од хартија и слично. Замислете, наместо граѓаните за греење да користат сешто во своите домови, ќе имаат почиста, евтина и ефикасна енергија за повеќе намени.

 


                            Една од гасните цеднтрали на АКСА во Анталија

 

Како што се предвидува со новите централи, во државата ќе се произведуваат нови 4,1 TWh електрична енергија. Каде ќе се продава оваа електрична енергија, односно на кој пазар, и дали ЕСМ ќе може да ја купува евентуално по повластена цена? 

Колеќевска:  Овој проект е сеопфатен и голем, всушност тоа го покажува и вредноста, што ни овозможи да направиме многу флексибилни модели и симулации на цените, на носителите на трошоци, на вредноста на парите и слично. Тоа покажа дека цената на електричната енергија, која всушност зависи најмногу од цената на енергенсот, може да биде многу ниска, далеку под берзанските цени. Но, таквата цена може да биде понудена само на јавен партнер, се разбира, доколку има интерес за тоа.

Дополнително, таква цена, преку контролата на цената на гасот, може да се обезбеди на многу долг период и всушност да се замени целата скапа и непредвидлива обврска што е преземена преку јавна услуга, како што е обезбедувањето електрична енергија за домаќинствата, дури и со заработувачка за обезбедувачот на јавната услуга. Исто така, ако се гледаат берзанските цени, постои и огромен простор за трговија на слободниот пазар, што секоја држава тоа го следи и го анализира. Инвеститорот очекува понуди за откуп, а подготвен е да избере оптимална опција, од долгорочен интерес за секоја заинтересирана страна, а тоа може да биде и ЕСМ.

Град Скопје веќе има една мрежа за топлинска енергија која може да се проширува. Дали е потребна уште една таква мрежа? 

Колеќевска: Во Град Скопје има само една мрежа, која со децении не е доволна да обезбеди исти услови за сите граѓани. Жителите на населбите Драчево, Лисиче, Припор, Чаир, како и многу други, со децении се оставени во незавидна ситуација. Со овој проект, како составен дел на инвестицијата на АКСА, ќе се комплетира мрежата, со која ќе стопанисува јавно-приватно партнерство, поточно јавен партнер избран од државата, а инфраструтурата, т.е. мрежата ќе и припадне на државата уште од самиот почеток. Во таа смисла, ние не гледаме дека станува збор за “уште една мрежа”.

 

 

 

Инженерите на Република Македонија (ИНРМ) во нивната скорешна реакција сметаат дека вакви инвестиции треба да бидат домашни и проектите да ги изведува државата? Зошто во овој случај тоа би биле ,,АКСА Енерџи“, односно „Казанџи Холдинг“? 

Колеќевска: Оваа дебата се води без да постои разбирање за суштината на предлогот за реализација на инвестицијата. Овде станува збор за инвестиција што практично е домашна, гледано низ призмата на јавно-приватно партнерство. Тука средствата од самиот почеток, освен ако не е поинаку договорено со јавниот партнер, средствата (assets) и припаѓаат на државата. Таа создава партнерство со приватен партнер, под јасно дефинирани услови за заедничко стопанисување на период што се определува со Законот за ЈПП и што би било во рамките на веќе изготвената финансиска анализа. Во тој период, државата учествува во распределбата на профитот. Државата, всушност, нема да вложи ниту денар, нема да понуди земјиште, нема да даде бесплатни приклучоци на електраните и на инфраструктурата, нема да даде никаква “еднократна финансиска помош”, туку само ќе обезбеди основни административни услови за да се реализира инвестицијата.

Згора на тоа, да споменеме дека при изградбата на инфраструктурата за гас е предвидено 80 отсто од вредноста на инвестицијата да им биде доделена на македонски фирми. Што се однесува до когенеративните централи, се очекува вредноста на инвестицијата, што ќе остане во државата, да биде 30-35 отсто од вкупната вредност, само поради тоа што 55 отсто од вкупната инвестиција се распределува на опрема, турбини, електроника, автоматика и слично. Да споменеме дека таквата опрема не може да се произведе кај нас, дури ниту во регионот. Во однос на проектирањето, досега во Македонија немало многу можности за развој на експертиза во оваа област, и затоа имаме ограничен број на компании и поединци со такво стекнато искуство. Од друга страна, со портфолио од проектирани 3700 MW на вакви електрани низ целиот свет, АКСА не само што располага со знаење и капацитет за најефикасна и економична реализација на проектот, туку и ќе создаде можност за стекнување на знаење, искуство и градење на адекватна експертиза во оваа област.

На кој начин ќе се регулира оваа инвестиција проценета на една милијарда евра? Кој модел ќе биде применет? 

Колеќевска: Инвестицијата треба да се реализира на принципот на јавно-приватно партнерство и концесија, преку соодветна законска регулатива. Бидејќи станува збор за јавни услуги, целиот проект треба да биде регулиран преку соодветни законски решенија кои ќе ја обезбедат енергетската независност, во целост усогласена со европските стандарди и нoрмативи, како и со меѓународните правни регулативи. Тука посебно се земаат предвид принципите на “unbundling”, односно принципите на раздвојување на вертикално интегрираните субјекти, со што, во глобала, одлучувањето ќе биде во независно формираните тела. За тоа постои детална регулатива што произлегува од Европската Унија каде што ние припаѓаме како дел од енергетски коридор, како земја-кандидат за членство во ЕУ, но и како сериозен трговски партнер.

Тука, исто така, сакаме да подвлечеме дека со правилното управување со производството на електрична енергија и гас, Македонија ќе биде извозник и спроведувач на енергија во регионот и пошироко. Со тоа се создава огромен потенцијал за нето добивка, односно за профит на субјектите во сопственост на државата, кои се формирани за тие дејности. Уште повеќе, со изградбата и на капацитетите за складирање на електрична енергија, Македонија без сомневање ќе ја обезбедува и сигурноста во испорака на гас и за соседните земји што се на патот на овие енергетски коридори, а за што е предвидена и посебна регулатива.

 

 

 

Дали гасните централи ќе добиваат американски ЛНГ и дали тој ќе доаѓа преку новиот интерконектор што ќе го градиме заедно со Грција? Ќе биде ли исплатливо работењето на целата инвестиција, ако знаеме дека американскиот ЛНГ е значително поскап од природниот гас? 

Колеќевска: Овој проект претставува една функционална целина која што вклучува и снабдување со природен гас, а подоцна и водород. Клучната предност на инвеститорот, би рекле е токму во тој елемент. Потенцијалниот инвеститор е можеби единствен во овој дел од светот, кој поседува капацитет да го обезбеди потребното количество на гас на долг рок. Имено, вкупниот годишен промет на “АКСА Природен Гас” е некаде околу 24 милијарди нормални кубни метри, а за овој проект се потребни околу 1 – 1,2 милијарди. Имајќи предвид дека Република Турција нема сопствени извори на природен гас, тој годишен промет на АКСА е најпрактична мешавина од гас од различни извори и во различна агрегатна состојба. Станува збор за гас снабден во гасна форма од различни извори во светот, преку цевководи (Турски Поток, ТАНАП од Азербејџан, Иранско – Турскиот гасовод) и нормално, гас набавен во течна форма преку морски транспорт. Токму овој гас, вториот, популарно наречен ЛНГ, инвеститорот го набавува од различни извори во САД, Катар, Малезија…, и создава солиден квантум со утврдена цена. Треба да се напомене и дека не секогаш течниот гас е поскап од гасот, во било која форма, набавен на берза (м.з. ТТФ) и кој, во секој случај, е исплатлив.

Дали со оваа странска инвестиција ќе се исплати нашето инвестирање во изградбата на интерконекторот со Грција и магистралните гасоводи, макар и краткорочно? Дали на крајот тоа ќе значи дека ние тоа го градиме и го плаќаме само за да му направиме основа за работа и за финансиска добивка на турскиот инвеститор? 

Колеќевска: Одговорот е сосема обратен од прашањето. Оваа инвестиција ќе го направи исплатлив интерконекторот како и целокупната инфраструктура за пренос на гас која што е веќе изградена и ќе обезбеди натамошен развој. Досегашниот промет на природен гас не надминува 300 милиони нормални кубни метри годишен просек, а со оваа инвестиција тој просек треба да се зголеми за 4 пати. Со досегашниот промет се обезбедува постоење на нашиот преносен систем-оператор, кој опстојувa само од тарифи, односно од наплата по еден метар кубен гас низ системот. Сега, таа наплата се очекува да се зголеми за 4 пати и тоа само за прометот во Македонија. Ако се пресмета и транзитот низ државата, кој е потенцијално двојно поголем од тие 1 – 1,2 милијарди нормални кубни метри, тогаш се очекува да имаме зголемување на тарифната наплата за 8 пати. Но, да замислиме и обратна ситуација! Што ќе се случи доколку немаме ваков инвеститор кој ќе обезбеди инфраструктура и потрошувачка на гас? Како би се исплатиле до сега инвестираните речиси 300 милиони евра во цевки кои ќе останат закопани под земја без гас во нив? Како ќе обезбедиме евтина енергија или енергенс на долг рок за граѓаните? Ова се прашања што се наметнуваат и кои очигледно ја разјаснуваат дилемата и прашањето за реализацијата на овој проект и на оваа мошне значајна инвестиција за нашата економија и за нашиот стопански развој!

Во целиот овој деловен потфат Македонија е партнер со инвеститорот, со кого ја дели вкупната финансиска добивка. Македонија обезбедува инвеститор (а не кредитодавач или финансиер) кој деловниот потфат го проектира на долг период правејќи го исклучително поволен за граѓаните и за бизнис заедницата. Инвеститорот деловниот потфат го прави со транзициски енергенс кој е значително помалку штетен за околината од, да речеме, јагленот. Да споменеме и дека на оваа технологија и треба околу 1,1 м2 земја по 1 MW инсталиран капацитет, за разлика од соларната технологија на која и се потребни 8000 м2. И да сумираме, оваа инвестиција, во партнерски облик за што постои законска основа, требало да и се случи на Македонија пред многу години. Со оваа инвестиција се обезбедува значително намалување на загадувањето на воздухот, водата и почвата, на животната средина воопшто, се остварува финансиска добивка, се обезбедуваат евтини енергенси и енергија за граѓаните и се добиваат вкупно 500 милиони евра за работа на наши компании, без нето паричен влог.

Дали во Македонија може да се произведе доволно електрична енергија и со тоа целосно да се замени производството од јаглен со обновливи извори на енергија? 

Колеќевска: Да, секако дека е можно, но за таквиот премин кон користење на енергија од обновливи извори ќе треба време. Токму овој проект и оваа инвестиција ќе го обезбеди времето за целосен премин од јаглен кон обновливи извори на енергија. Светскиот тренд е да се користат обновливи извори на енергија, но пред се, да се заштити животната средина, да се почитува Париската декларација за климатски промени, елементи што се содржани и во овој проект за производство и добивање на евтина електрична енергија која што нема да ја наруши природната еколошка хармонија, а ќе ги задоволи нашите основни потреби.

Александар Кузмановски

  

Најново

При крај е реконструкцијата на патот Охрид-Свети Наум, треба да се асфалтираат уште пет километри

Sase Ivanovski

Словенечки суд го ослободи поранешниот премиер Јанша од обвиненија за корупција

Sase Ivanovski

Змиско око од Кочани

Sase Ivanovski

Утре и задутре нема да се наплаќа во зоните на „Градски паркинг“

Sase Ivanovski

Извршен увид на местото на сообраќајната несреќа во која загинаа три лица, а осум се повредени

Sase Ivanovski

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Бројот на загинати од американските напади врз Јемен се искачи на 80, соопштија бунтовниците

Sase Ivanovski

САД ќе повлечат стотици војници од Сирија

Sase Ivanovski

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја запре депортацијата на обвинети Венецуелци

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим поради верскиот празник Велигден

Sase Ivanovski

САД подготвени да ја признаат руската контрола на Крим за прекин на војната во Украина

Sase Ivanovski

Мелони: Италија има намера да достигне два проценти од БДП за воени трошоци

Sase Ivanovski

Покрената постапка против Унгарија: Дали Орбан ќе плати за пречекот на Нетанјаху?

Sase Ivanovski

На граничните премини за излез се чека најмногу половина час

Sase Ivanovski

Денеска во Кочани нов протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

СЕ ЧИНИ КАКО ИДЕАЛЕН ВИКЕНД, АМА ВРЕМЕТО ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДИ Ќе блесне сонце, но еве каде ќе има дожд

Sase Ivanovski

Пронајдени трите девојчиња кои беа пријавени за исчезнати во Ќерамидница

Sase Ivanovski

Таравари почнува со интензивни разговори за потенцијалниот кандидат за градоначалник на Тетово

Sase Ivanovski

(Фото) Непознати ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо утрото кога ја киднапирале Вања

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Нови Сад пречекани студентите велосипедисти од Стразбур

Sase Ivanovski

Tрагедија во Хрватска: Во сообраќајка загина поранешен фудбалски репрезентативец

Sase Ivanovski

По локалните избори очекувам да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС, вели Ангелов

Sase Ivanovski

Таравари: Разговарав со Ахмети, но само телефонски

Sase Ivanovski

Автомобил изгоре во струмичкото село Банско

Sase Ivanovski

Нова снимка од атентатот на Фицо: Од реакцијата, до првиот истрел, до затворање на вратата од лимузината

Sase Ivanovski

Вин-Вин – Интервју со министерот за култура Зоран Љутков

Sase Ivanovski

Саботажа сезона 11 бр. 54

Sase Ivanovski

Еден месец подоцна: Кочани живее од што се мора

Sase Ivanovski

Идеалот за остварување на сонот е секогаш присутен – интервју со Влатко Стефановски

Sase Ivanovski

B-1B Bones направи невидено распоредување на оперативната група бомбардери во Јапонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 500-годишната велигденска традиција на Скопио дел Каро во Фиренца, Италија

Sase Ivanovski

По распадот на СССР, кошаркарската репрезентација на Литванија не можеше да си дозволи да учествува на Олимпијадата во 1992 година, па Грејтфул Дед ги финансираше трошоците на тимот и испрати опрема во националните бои на Литванија. Тие ја освоија бронзата на таа Олимпијада

Sase Ivanovski

Позади штитот и репутацијата на лош човек се крие друг Џенаро Гатузо кој е голема људина

Sase Ivanovski

На полувремето од хуманитарниот натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда, легендите на двата клуба истрчаа почесен круг околу теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СКОПЈЕ МИ Е ДОМА – ЃОРЃИ ГАЛЕТАНОВСКИ: За градот, ЗОО Скопје, ноќниот живот, спомените и Скопје во некои други и поинакви времиња

Sase Ivanovski

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА СИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО ГРЦИЈА – ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ДИГИТАЛНАТА РАБОТНА КАРТИЧКА: Нема работа на црно

Sase Ivanovski

НА ВЕЛИКИ ПЕТОК ПОМОШ ЗА НАЈСИРОМАШНИТЕ: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Отец Оливер поделија пакети со храна

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМАТА ЗАПАДНА БАНКА КОЈА УШТЕ РАБОТИ ВО РУСИЈА ЈА СТОПИРА ПРОДАЖБАТА: Причината е промената на односите меѓу САД и Русија

Sase Ivanovski

ТРАГЕДИЈА: Три лица загинаа вечерва кај Кичево, други итно се префрлаат на скопските клиники

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЕЊЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ПРЕД РТС: Студентите ги повикуваат граѓаните заедно да ги поминат празниците

Sase Ivanovski

ОЈО Кочани побара замена на мерката куќен притвор за двајца осомничени од ДПИ по пожарот во клуб „Пулс“

Sase Ivanovski

Скопјанец пријавил дека исчезнале неговите три внуки

Sase Ivanovski

Ексдиректорoт на Пазарна Трајковски, ослободен од куќен притвор: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Sase Ivanovski

Таравари за БГНЕС: Уставот мора да се промени, оптимист сум дека ќе се најде решение меѓу Софија и Скопје и да започнеме преговори со ЕУ

Sase Ivanovski

Инспиративната приказна на Дина Дамјановиќ

Sase Ivanovski

Љубљана е проглесена за најдобра дестинација во Европа за пролетно патување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дали некогаш сте се запрашале кои се најопасните населби во Загреб – Каде се најчести кражбите и кои места треба да ги избегнувате?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски во ексклузивното интервју за Телма, дадено по повод концертите во мај со кои тој ќе одбележи 50 години на сцена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Архитектката Мила Димитровска: Колку е важно Водно за Скопје и колку го прави уникатен град?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Парите на измамените со лажните пратки од пошта завршиле во виртуелна банка во Хонг Конг

Sase Ivanovski

Аеродромот во Истанбул стана прв во Европа кој покрена истовремени операции на три писти

Sase Ivanovski

МАЈКАТА НА ЗАГИНАТИОТ ТОМАС ВО „ПУЛС“: ЖИВЕЕМЕ ЗА ДА ОДИМЕ НА ГРОБИШТА ДА СИ ПОМУАБЕТИМЕ СО НАШИТЕ ДЕЦА, ПРАВДА МОРА ДА ИМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторан Бигор во Вруток – Најголемата ботаничка градина во изобилство на зеленило и природа придружено со вкусна храна

Sase Ivanovski

Шпанија: Пијана жена без дозвола предизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повреденипредизвика несреќа во шпанско одморалиште, двајца загинати, десет повредени

Sase Ivanovski

Господ нема да ги заштити од пожар,134 бугарски храмови немаат ПП апарати!

Sase Ivanovski

ТРАМП СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА АНА ИВАНОВИЌ Претседателот на САД е маѓепсан од Србинката, тврди дека е најубавата жена на светот

Sase Ivanovski

ХРВАТСКА ВОВЕДУВА ВОЕН РОК Хрватите имаат две опции, првата е храна, сместување, пари, а другата….

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАСЕТНИ БОМБИ ЈА РАЗНЕСОА СЕКОЈА УЛИЦА ВО ХАРКОВ Еден загинат и 54 повредени во новиот руски напад

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УБИЕЦОТ НА СТУДЕНТИТЕ Е СИН НА ПОЛИЦАЈКА И ГО КОРИСТЕЛ НЕЈЗИНОТО ОРУЖЈЕ Мајката на напаѓачот од Универзитетот во Флорида е заменик на шерифот на округот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА Има мртви и исчезнати, но тука не е крајот

Sase Ivanovski

ПРЕКИН НА ОГНОТ ВО УКРАИНА ИЛИ 500% ТАРИФИ И САНКЦИИ Трамп го притиска Путин, му даде 3 дена да одлучи

Sase Ivanovski

Протече мировниот план на САД: Украина губи територии, не може во НАТО …

Sase Ivanovski

Украина прими стотици тела на војници во размена со Русија

Sase Ivanovski

Љутков: Го враќаме брутализмот како архитектура која треба да се одбележи како културно наследство

Sase Ivanovski

Иран ги осуди американските напади врз Јемен како варварски

Sase Ivanovski

Министерство за култура: Вработените ќе ги добијат платите со зголемување на почетокот од следната недела

Sase Ivanovski

Лени Кравиц ги отвори вратите на својот дом во Париз

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Одлична средба со Ал Мухари, заменик извршен директор на инвестициската компанија “Мубадала од Абу Даби

Sase Ivanovski

Муцунски на Средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

Sase Ivanovski

Падна дрво кај Млечен, оштети три автомобили и скина кабли од бандери

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинците одбиваат голем напад на југот: „Уништивме 29 возила, елиминиравме 140 Руси“

Sase Ivanovski

Легендата на Интер, Горан Пандев… со трофеј 👑🏆📸

Sase Ivanovski

Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет

Sase Ivanovski

Компанијата „Спејс Екс“ на Илон Маск е главен кандидат за изградба на „Златната Купола“ – ракетниот штит на Трамп

Sase Ivanovski

Холандска карикатура од 1903 година го критикува лицемерието на Русија кон Македонија

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп удри по странските студенти и даночниот статус на Харвард

Sase Ivanovski

Контрамитингот на Вучиќ во македонските медиуми: Шаренолики информации за обоената револуција

Sase Ivanovski

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Sase Ivanovski

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

Sase Ivanovski
Вчитувам....