27.8 C
Скопје
09/06/2025 11:55
МАКТЕЛ

   

Интервју на Богоев за Локално: Справувањето со шверцот и корупцијата ќе биде еден од моите приоритети во претстојниот период на чело на Царинската управа

      

Соочен со незадоволни вработени кои бараат повисоки плати, тукушто назначениот директор на Царинската управа во чија нова канцеларија први влегоа претставници на синдикатите има верба дека сепак ќе биде постигнато заемно прифатливо решение и дека нема да се реализираат заканите за радикализација на протестите.„Не очекувам дека ќе дојде до блокирање на граничните премини. Ги почитувам правата на вработените, како и сите легитимни и демократски права на граѓаните, регулирани со соодветни закони и колективни договори’’, изјави Стефан Богоев за „Локално“.

За барањето за исплата на додатокот од 30% како што рече, ќе разговара со Министерот за финансии, а средба е најавена и со УЈП.
Неспорното, исклучително значење на Царината за вкупното функционирање на државата е појдовна точка во насока на реализација на неговите цели меѓу кои една од приоритетните е забрзување на протокот на граничните премини.„Во блиска иднина, ќе бидат спроведени реконструкции на клучните гранични премини на коридорите кои поминуваат низ нашата држава, а ќе се реализира и проект за автоматизација на граничните премини и воведување на концепт на „паметни граници“, вели Богоев.

   

Во меѓувреме, во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ се работи на дополнителни олеснувања на царинските формалности, а привршуваат и градежните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце за подобрување и проширување на пристапните сообраќајници како на влез така и на излез од државата
Имајќи ги предвид најавите за генерален штрајк, функцијата Директор на Царинската управа ја преземавте во исклучително сложен период. Како помина вашата средба со претставниците на вработените, и дали останува опасноста од остварување на предупредувањето од затворање на граничните премини?

-Како новоназначен директор на Царинската управа, првата официјална работна средба по преземањето на должноста ја имав со претставниците на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Независниот синдикат на Царинската управа. На средбата детално бев известен за нивните барања согласно Законот за Царинска управа и Колективниот договор. Истакнувам дека ги почитувам правата на вработените, како и сите легитимни и демократски права на граѓаните, регулирани со соодветни закони и колективни договори. Пред два дена се одржа мирен протест пред Царинската управа и не очекувам дека ќе дојде до блокирање на граничните премини.

Вработените се заканија дека не се откажуваат од барањето за исплата на додатокот од 30 проценти. Кои се опциите за преговори во оваа насока?
-Како што известив и на средбата со претставниците на синдикатите, веќе е закажана средба со Министерот за финансии на која ќе го отворам и ова прашање, а ќе одржам и консултативна средба со Управата за јавни приходи, како и интерни средби со раководителите во Царинската управа за подетално запознавање со можностите за изнаоѓање на решение на поставените барања. Комуникацијата со синдикатите продолжува и после овие одржаните средби.

Најавите амбициозни цели, меѓу кои и борбата против шверцот и корупцијата. Дали тоа ќе значи обелоденување на имињата на корумпираните вработени, но и преземање соодветни постапки?
-Имајќи ја предвид комплексноста, големината и надлежностите на Царинската управа, при справувањето со шверцот и корупцијата се пристапува на системско ниво и ќе биде еден од моите приоритети во претстојниот период.

Во Царинската управа има воспоставено посебна организациона структура за професионална одговорност, која тековно работи на откривање на отстапувања од професионално и етичко работење, но и за преземање на мерки за спречување на коруптивните појави. Граѓаните и компаниите, своите поплаки/пријави можат да ги достават преку отворената телефонска линија 197 која работи 24/7, преку електронска пошта, писмено или на било кој начин. По сите овие пријави задолжително се постапува.

Дигитализацијата е исто така една од превентивните мерки против корупција односно преку воведувањето на нови сервиси за целосно бесхартиено работење кои се применуваат без непосредна интеракција со царинските службеници, се овозможува намалување на можноста за субјективно одлучување и потенцијани коруптивни појави.Бизнис заедницата одамна инсистира на олеснување при процедурите за премин на транспортните возила. Постои ли можност за конечно ставање крај на проблемите врзани со долгото чекање на границите?

-Олеснувањето и забрзувањето на трговијата е еден од главните приоритети на Царинската управа на кој постојано се работи. Еден од главните аспекти на овој приоритет е дигитализацијата со што се унифицира, олеснува и забрзува протокот на стоките, а со тоа се обезбедува поголема конкурентност на компаниите и раст на меѓународната трговија. Придобивките од дигитализацијата на Царината и олеснувањето на трговијата, таргетираат над 11.000 домашни компании – активни учесници во увозно – извозните царински постапки.

Значајно за забрзување на царинските постапки е воведувањето на целосно бесхартиеното работење и сервисите воведени во ноември минатата година со т.н. Зелена царинска декларација. Со тоа, економските оператори можат далечински, без интервенција и физичка интеракција со царинскиот службеник да ја завршат постапката за еден час и да ги пуштат стоките во слободен промет. Врз основа на тековните податоци и анализи, овие сервиси овозможуваат за над 80% од увозните и над 90% од извозните декларации кои се селектирани на зелен канал, царинската постапка да се комплетира за еден час.

Во блиска иднина, ќе бидат спроведени реконструкции на клучните гранични премини на коридорите кои поминуваат низ нашата држава, а ќе се реализира и проект за автоматизација на граничните премини и воведување на концепт на „паметни граници“. Целосната имплементација на овој концепт на работа, во кој повеќето процеси ќе се одвиваат автоматски, ќе придонесе за намалување на потребата од човечки фактор на граничните премини и терминали, што од една страна ќе го забрза протокот, а од друга ќе влијае и на поефикасни контроли на границите.

Особено би го истакнал воведувањето на Заедничките гранични контроли (one – stop – shop) на ГП Табановце – Прешево, а истиот набрзо биде воведен и на ГП Ќафасан со Албанија.
Сите овие активности, кои се во согласност со стандардите на Европската Унија, но и во постојана комуникација и координација со барањата од бизнис заедницата, се во насока на олеснување на процедурите при спроведување на царинските постапки, а со тоа и намалување на времето на ќекање на граничните премини.Олеснувањето на процедурите за минување на камионите е и еден од приоритетите на иницијативата Отворен Балкан. Дали можеме да очекуваме придвижување на работите, особено ако имаме предвид дека голем дел од договорите се уште не се ратификувани во Собранието на РСМ?

-Царинските администрации се многу значајни во делот на олеснување на прекуграничната трговија и заедно со земјите од регионот учествуваме во реализацијата на повеќе проекти и активности, особено во рамки на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“. Овие активности се насочени во т.н. 4 европски слободи и тоа: слободно движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.
Она што е многу важнo е тоа што реализација на овие активности се врши координирано на високо владино ниво, што овозможува истите да се реализираат со забрзана динамика. Основа на активностите во кои е вклучена Царинската управа е Меморандумот за олеснување на увоз, извоз и движењето на стоките потпишан од премиерите на трите држави на 29 јули 2021 година.

Активностите кои се реализираат на граничниот премин Табановце се од огромно значење, имајќи предвид дека тоа е најфреквентен премин на стоки односно товарни возила во нашата држава. Податоците покажуваат дека изминатата година преку овој премин протокот е од скоро 40% од увозот и 25% од извозот на стоки од државата.

Инаку во моментот на граничниот премин Табановце – Прешево непречено функционираат 10 ленти на влез, и тоа: 2 за товарни возила, 1 за автобуси и 7 за патнички возила.
Во март оваа година, Владите на Република Северна Македонија и Србија потпишаа нов Меморандум за мерки за унапредување на движењето на луѓе и стоки преку заедничата државна граница. За реализација на заклучоците од овој Меморандум, во фаза на привршување се и градежните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце за подобрување и проширување на пристапните сообраќајници како на влез така и на излез од државата. Ова ќе овозможи навремено позиционирање на возилата во меѓупросторот помеѓу двата премини, нивно рамномерно прераспределување на секоја од лентите, и дополнително ќе влијае на забрзување на протокот на возила.

Исто така, се работи и на дополнителни олеснувања на царинските формалности. Во периодот што следи ќе започне да се применува и мерката за признавање на потврдите за вагање или т.н. „кантарски белешки“ на товарните возила помеѓу Царинските управи на Република Северна Македонија и Србија, што ќе значи дека истите нема да мора повторно да се мерат при влез во една од двете држави.
Сите овие активности, заедно со целосната екипираност како на царинските службеници така и на граничните полициски службеници, заедно со нивно професионално спроведување на постапките, ќе овозможат реално забрзување на протокот на возила во пракса.

   

Најново

Анатомија на протестите во Лос Анџелес: Што навистина ја поттикна ерупцијата на незадоволството?

Sase Ivanovski

Секој втор странски работник сака да остане во Хрватска до крајот на својот живот

Sase Ivanovski

Ако ви доцни летот, ви следува надомест од 500 евра – нема повеќе „вонредни околности“ за авиокомпаниите

Sase Ivanovski

СДСМ: Незаконска употреба на пиротехника на журката на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Мицкоски до функционерите: Обврската која ја добивме од граѓаните е пред сè одговорност, сите мора одговорно да се однесувате кон секој народен денар

Sase Ivanovski

Мицкоски: СДС ги продаваше македонските интереси, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план

Sase Ivanovski

Мицкоски: Помина времето на криминалците и клановите, Македонија победува и припаѓа повторно на народот

Sase Ivanovski

Мнозинството Бугари работат во ниско платени сектори, не земаат ни просечна плата

Sase Ivanovski

Во Косјериќ советничката листа на Вучиќ победи со 51 глас повеќе од опозицијата

Sase Ivanovski

Мицкоски: За Кочани не се помага со прес-конференции, туку со дела, а СДС постојано прави груба злоупотреба на трагични случаи

Sase Ivanovski

Шолја кафе опасна по живот кога производителот не означува што ставил во пакувањето

Sase Ivanovski

Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените

Sase Ivanovski

САД го напаѓаат иранското „банкарство во сенка“ со нови санкции

Sase Ivanovski

Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг

Sase Ivanovski

ЕУ подготвува нов удар за Русија, сакаат да им ги попречат финансиските трансакции

Sase Ivanovski

БОМБА НА ФОКУС: Уапсен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ, тој е тајниот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кој Обвинителство ја прошири истрагата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп се сопна при качување во авионот, едвај се задржа за да не падне

Sase Ivanovski

Владата да не го нарушува концептот „Вардарска долина“, реагираат од Здружението „Инженери на Република Македонија“

Sase Ivanovski

Утрово приведен струмичкиот бизнисмен Крмзов

Sase Ivanovski

Инцидент во центарот на Подгорица – млад човек пукал во кафуле, повредени шест лица

Sase Ivanovski

Предлогот Азир Алиу да биде министер за здравство денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Со армиски хеликоптер евакуиран планинар кој паднал во провалија на Шар Планина

Sase Ivanovski

Муцунски во посета на Казахстан

Sase Ivanovski

Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Трамп на состанок со воени претставници во Кемп Дејвид

Sase Ivanovski

Нов осомничен за пожарот во „Пулс“ е вистинскиот газда на обезбедувањето!

Sase Ivanovski

Руски ракетен напад во Западна Украина, Полска превентивно ги крена авионите

Sase Ivanovski

Рјабков: Намалувањето на трупите на НАТО во Источна Европа е корисно за безбедноста на целиот континент

Sase Ivanovski

Времето денес сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

ЌЕ ИМА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Еве ја прогнозата за времето неделава

Sase Ivanovski

НИЕ СМЕ ПРВИ ВО ЕВРОПА И ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕУ: Мицкоски се пофали

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

АЛКАРАЗ ГО ОДБРАНИ „РОЛАН ГАРОС“ Се играше најдолгото финале на турнирот во историјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАСК И ТРАМП ВО НОСТАЛГИЧНА БАЛАДА НА „ПИНК ФЛОЈД“ Ново ремек дело на вештачката интелигенција

Sase Ivanovski

Стототици туристи во Кушадаси биле цел на измама со картички

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Меѓудржавна спасувачка акција кај Ливадичко Езеро: Повредено лице спасено од бездна!

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Падна авион со 20 патници во Тенеси: 6 повредени, нема жртви

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Минхен: Португалија преку пенали до трофејот во Лигата на Нации

Sase Ivanovski

Дистрибуирани 17.000 пакети храна во Газа и покрај заканите од Хамас

Sase Ivanovski

Полицијата во Белград заплени 11 килограми кокаин

Sase Ivanovski

МНОГУ Е ГОЛЕМА СМРТНОСТА ОД НЕГО, СТЕ ЧУЛЕ ЛИ ЗА СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ?! СЕ ДОБИВА ОД МНОГУ СТРЕС, НЕКОГАШ И ОД МНОГУ РАДОСТ ИЛИ НАГЛА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Sase Ivanovski

Во ЗОО Скопје, беше отворена Хуманитарна изложба на студентските трудови изработени на работилницата , насловена „Биди суперхерој за животните“, при што беа откупени околу 25 акварели и цртежи

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Американскиот универзитет на Европа – ФОН, претставуван од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски, деканките проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Билјана Стојчевска, како и директорката Сезен Цаноска, и Управата за извршување на санкции, претставувана од директорот Александар Пандов

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На 4 јуни 2025 година, свечено беше отворена ИЗЛОЖБАТА НА СТУДЕНТСКИ ДЕЛА на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа -ФОН

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На утринската програма „Македонија на утро“ на МРТ, професорот Игор Шокаровски од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН, сподели теориски и стручни согледувања за влијанието на аудиовизуелната форма во пренесувањето информации, особено во контекст на претстојната кампања за локалните избори

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев Скопје, вработува .NET DEVELOPER 💻💾

Sase Ivanovski

ДРАЧ, ВАЛОНА, САРАНДА ИЛИ ТИРАНА Секој петти стан во Албанија бил купен од странец

Sase Ivanovski

Баба Монди првпат проговори каква ќе биде бекташката држава во Албанија

Sase Ivanovski

Гори депонијата во Неготино, по повеќе од три часовна борба пожарот е локализиран!

Sase Ivanovski

Битола „гори“, се слави новата титула: Фитиљ пак запеа, Алонсо се заблагодари на македонски! (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Капитенот на македонската ракометна репрезентација ги навреди Скопјани па се извини: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Sase Ivanovski

Мицкоски до младите: Останете тука, градете тука, Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност

Sase Ivanovski

Попов: Ние сме младите кои ја менуваат Македонија, за една година покажавме што значи грижа за младите и реализација на проекти

Sase Ivanovski

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Крит: Нов потрес на грчкиот остров

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Sase Ivanovski

Москва чека потврда од Киев за префрлање на телата на загинатите украински војници

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

Sase Ivanovski

Мицкоски најави борба за „декласирање и превоспитување“ на ДУИ

Sase Ivanovski

Израелската војска во подземен тунел во Газа го пронајде телото на убиениот лидер на Хамас

Sase Ivanovski

ФОТО | Белгија е веќе минато: Фудбалерите го одработија и последниот тренинг пред Казахстан

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на кратка средба со Макрон во Ница

Sase Ivanovski

Остра изјава на Медведев за Украина: Дезинфекцијата против паразити продолжува

Sase Ivanovski

ПОЧИНА МАТИЈА ДЕДИЌ Џез пијанистот е син на Габи Новак и на Арсен Дедиќ

Sase Ivanovski

Експерти ќе утврдуваат дали Железничката станица во Нови Сад ќе се урива или обновува

Sase Ivanovski

Апсења во Белград откако полицијата заплени кокаин вреден 1,2 милиони евра

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАЖ ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА, ГО ИЗВЛЕКУВАЛЕ СО ХЕЛИКОПТЕР Спасувачка акција кај Ливадичко Езеро

Sase Ivanovski

ОСТАНЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, БОРЕТЕ СЕ СО ВАШИОТ УМ, ИСПРАВЕТЕ СЕ! Мицкоски се обрати пред младите од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Заталкан куршум пробил кров од автомобил во Чаир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати во судар на камион и минибус во Танзанија

Sase Ivanovski

САД: Најпознатиот и најбогат тиктокер Каби Ламе уапсен поради истечена виза

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, да создадеме систем на ред и одговорност

Sase Ivanovski

Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3.000 метри стиплчез

Sase Ivanovski

Македонија сè повеќе се оддалечува од Европската унија, вели Јотова

Sase Ivanovski

Кичевчани ја притиснаа општината. Почна расчистување на депонијата во центарот на градот

Sase Ivanovski
Вчитувам....