26.8 C
Скопје
18/05/2024 19:52
МАКТЕЛ

  

     

 

ИНТЕРВЈУ Слаѓана Анѓелкоска, професор и психолог: Децата ни се со се поголеми когнитивни потешкотии!

      

Јавноста беше фрапирана пред шест години кога ПИСА тестирањето врз младите покажа дека две третини од нив се функционално неписмени по читање, математика и природни науки. Дали се подобрија работите од тогаш? Не, само се влошија. Најновото ПИСА тестирање, спроведено во 2022 година, покажа полоши резултати, младите назадувале уште повеќе. Последно од истражувањата што ги испитуваат когнитивните капацитети на младите е спроведено од психологот Слаѓана Анѓелкоска. Тестирањето на 2.034 ученици од 7 до 15-годишна возраст низ Македонија покажало дека децата имаат сериозни проблеми со концентрација, не можат да се фокусираат, не можат да запомнат содржини и се зачудувачки слаби кога треба да испланираат ментална активност или да ја спроведат. Дали креираме неспособни генерации? Како овие деца ќе се снајдат подоцна во животот? Каква е нивната иднина, а со тоа и иднината на општеството? На овие теми разговараме со психолог Анѓелкоска. РазговарашеМаја ВАСЕВА-ТРАЈКОВА

   

ФОКУСШто најмногу ве изненади при тестирањето и од резултатите? Што ви беше најпоразително? АНЃЕЛКОСКА: Од децата се бараше да решат едноставни задачи, поврзување на броеви од 1 до 25 последователно за одредено време, и да поврзат број – буква, исто така за одредено време. Најпоразителни ми беа резултатите во првиот дел од задачата, кај децата на возраст од 7 до 15 години. Ако времето потребно да ја завршат задачата беше 30 секунди, само 22 проценти од децата ја завршија задачата во тој временски интервал, 54 проценти од децата ја решија задачата за 60 секунди, 24 проценти од децата ја решија задачата за повеќе од 60 секунди. Вториот дел од задачата ги проценува извршните функции и тука резултатите се поразителни, одредено време за да се заврши задачата беше 70 секунди. Од децата, само 19 проценти ја решија задачата за тоа време, 58 проценти од децата ја решија задачата за 180 секунди и 23 проценти од децата ја решија задачата за повеќе од 180 секунди.

 

ФОКУСШто ни кажува тоа? АНЃЕЛКОСКА: Овие резултати покажаа дека испитуваната група на деца имаат проблем со фокусот, вниманието, координацијата око – рака, брзината на реакцијата, извршните функции.

   

     

ФОКУС: Излегува дека децата не го користат доволно сопствениот мозок.
АНЃЕЛКОСКА: Не би рекла дека не го користат, можеби не се правилно насочени како да го користат и не се стимулирани со правилни активности за развој на овие когнитивни функции.

ФОКУС: Зошто е тоа така? АНЃЕЛКОСКА: Има неколку причини, првата причина е користењето електронски уреди од најмала возраст во неограничено време, но како психолог, главната причина ја гледам во почетокот на вклученост на детето во образовниот систем. Во нашиот образовен систем, децата на училиште поаѓаат од 5 години и 8 месеци. Оваа фаза е фаза на интуитивна интелигенција, спонтани меѓуиндивидуални чувства и општествени односи на подреденост на возрасните. Децата на оваа возраст веруваат дека луѓето околу нив мислат исто како нив, исто така веруваат дека нивните ставови за светот околу нив целосно се совпаѓаат со мислењата на другите луѓе. Ваквата развојна структура не е доволна за детето да може успешно да совлада одредени наставни содржини предвидени за оваа возраст. Она што е потребно за детето да може да ја следи наставната содржина развојно следува во следната фаза, која почнува на 7-годишна возраст.

БЛОКАДИ ВО РАЗВОЈОТ

ФОКУС: Како се одразува тоа врз детскиот развој?
АНЃЕЛКОСКА: Кога ние ќе го вклучиме детето во образовниот систем со образовни активности за кои детето не е спремно да ги совлада, доаѓа до губење на рамнотежата што е потребна за да може когнитивниот развој на детето да се движи во насока на постабилно когнитивно балансирање.

Предвременото задавање активности за кои детето не е созреано да ги совлада предизвикува блокади во когнитивниот развој, нарушување на потребните когнитивни операции потребни за учење, губење на самодовербата, губење мотив за постигнување, а следствено на тоа и постигнување послаби образовни резултати.

ФОКУСЗначи ли тоа дека образовниот систем од старт ги осакатува децата?
АНЃЕЛКОСКА: Јас сметам дека има голем број пропусти во содржината на наставната програма.

ФОКУС: Дали ниските перформанси можат да се припишат на извесна запоставеност на децата од страна на родителите, кои треба да се фактор број еден во нивниот развој?
АНЃЕЛКОСКА: Нема родител што свесно го запоставува своето дете, но денешното темпо на живот и работниот ангажман на родителите сметам дека придонесе до тоа родителите своето отсуство да го надоместат со вклучување на децата во различни дополнителни активности, а на тој начин децата се преоптоварени со активности и немаат слободно време.

ФОКУС: Што мислите во какви личности ќе израснат овие деца, кои се ненамерно запоставени? Што може да се очекува од лица што навреме не успеале да ги совладаат основните знаења и вештини?
АНЃЕЛКОСКА: Ќе израснат со помала самодоверба, доколку не се тренира фокусот и концентрацијата, тоа ќе им пречи во извршување  на професијата со која ќе се занимаваат, ќе бидат со стравови од неуспех.

ФОКУС: Каква е улогата на образовниот систем во овој дел? Имаме образование, кое генерално се фокусира на теорија, меморирање и репродукција, дали недостасуваат практични вештини, вонучилишни активности, поттикнување на социјализација, стимулација на креативност. Дали училиштата треба да преземат дел од вината?
АНЃЕЛКОСКА: Секако треба да се направат одредени измени во наставните програми, наставната програма да се адаптира согласно капацитетот на децата за одредена возраст, односно да се следи развојниот потенцијал на детето.

УЛОГАТА НА МЕДИУМИТЕ

ФОКУС: Ако го земеме и предвид поширокиот контекст, која е одговорноста на целото општество и медиумите, бидејќи и тие имаат своја улога во воспитување на децата? Со право можеме да кажеме дека нема продукција на едукативни содржини во медиумите.
АНЃЕЛКОСКА: Да, доколку некој медиум е спремен да направи нешто за децата, би можела да им дадам цел еден план за креирање квиз за деца, во кој децата ќе бидат предизвикани на одредени когнитивни активности. Со игровни, предизвикувачки активности, кои ќе бараат од детето да вложи когнитивен напор за да ја реши задачата.

ФОКУС: Вие работите на развојна стимулација кај децата, што забележувате, кои се вашите согледувања?
АНЃЕЛКОСКА: Децата ги сакаат игрите што ги применувам во мојата работа, голем дел од тие активности се предизвикувачки кај децата, а децата сакаат предизвици. Се случува на почеток во активностите да се демотивираат кога нема да можат да решат одредена задача, но откако ќе им дадам правилна инструкција и кога децата ќе го дадат правилното решение, тие се уште повеќе мотивирани.

ФОКУС: Излегува дека е потребно само некој да им обрне внимание за да процветаат?
АНЃЕЛКОСКА: Така е.

ФОКУС: Честа појава кај новите генерации се и АДХД, забавен развој, подоцнежно појавување на говорот. Дали овие појави и порано биле присутни, или во последно време претставуваат сѐ поголема закана за новите генерации?
АНЃЕЛКОСКА: Секако дека биле присутни од секогаш, но денес се многу позачестени и родителите се сѐ посвесни за нивното присуство, па бараат помош за своите деца уште од најмала возраст.

ФОКУС: Што мислите зошто се позачестени?
АНЃЕЛКОСКА: Технологијата на која се изложени децата од најмала возраст прави децата да бидат такви какви што се.

МОДЕЛ ЗА УЧЕЊЕ

ФОКУС: Се поставува прашањето кој да ги научи децата на позитивни вредности, на справување со стрес, на социјални вештини, ако дома се конектирани на интернет постојано, бидејќи родителите се презафатени со своите работни обврски?
АНЃЕЛКОСКА: Првата развојна стимулација треба да ја даде родителот, но работните обврски на родителите понекогаш не дозволуваат тие да поминат доволно време со своите деца.

Но, би требало да се потрудат она време што го поминуваат со децата да биде конструктивно, да не им се дава на децата телефон или таблет, туку да се седне и да се игра со детето со играчки соодветни за нивната возраст.

Сѐ поголем број деца немаат развиено модел за учење, учење по кое детето полесно и побрзо би го запомнило материјалот. Кога на детето од почетокот на совладување на материјалот ќе му се даде модел на учење што е најблизок на потенцијалот на детето, кај него ќе се развие способност за одржување на фокусот и концентрацијата, детето ќе знае да го поврзува претходно научениот материјал со новиот, нема да учи на памет, туку ќе учи со примена на логичкото размислување и ќе го развие функционалното знаење.

ФОКУСИзгледа дека и ние родителите не се снаоѓаме добро на „игралиштето“ на возрасните. Стресот и динамиката на живеењето не ни оди во полза, отуѓеноста и меѓусебната дистанца нѐ изолира во свој свет, а немаме ни навика да побараме помош од психолог кога се наоѓаме во психолошка криза.
АНЃЕЛКОСКА: Така е.

ФОКУС: Гледајќи назад во времето како и кога дојде до овој пресврт? Кога застранивме од нашите приоритети?
АНЃЕЛКОСКА: Тоа се случи постепено откако се скрати слободното време на родителите.

АНКСИОЗНОСТ И ДЕПРЕСИЈА

ФОКУС: Живееме во една константна неизвесност на политички и општествен план. Нема политичка култура, наместо тоа имаме високо ниво на корупција во секој сегмент, немаме правда и почитување на законите, сведоци сме на клиентелизам и некомпетентност, дали се ова стресогени фактори во животот на еден просечен Македонец?
АНЃЕЛКОСКА: Секако дека се, сето тоа влијае врз секојдневното однесување на граѓаните, но и врз нивното ментално здравје.

ФОКУС: Како се манифестираат овие фактори на менталното здравје? Кои се најчестите психички проблеми на Македонците?
АНЃЕЛКОСКА: Најчестите психички проблеми за кои доаѓаат да побараат помош луѓето во денешницата се анксиозноста и депресивноста.

ФОКУС: Која е улогата на психолозите во насока на подобрување на менталното здравје? Дали мислите дека недостасува проактивност на фелата, поголема ангажираност на општествен план и поголема критичност на појавите?
АНЃЕЛКОСКА: Психолози има многу, сметам дека ако до пред ковид-кризата луѓето се плашеа да зборуваат за своите проблеми, денес луѓето се отворени да побараат помош за својот проблем. Можеби недостига поголема вклученост на психолозите во одредени институции, каде што би можеле да помогнат за подобрување на менталното здравје на вработените.

ФОКУС: Каков е односот на државата и институциите кон фелата, дали има простор психолозите да бидат подобро искористени од државниот апарат?
АНЃЕЛКОСКА: Секако дека да, недостига поголема вклученост на психолозите во одредени институции, каде што би можеле да помогнат за подобрување на менталното здравје на вработените.

    

Најново

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski

Европски фронт: Скандалозен јавен политички притисок врз Управниот суд од страна на поразените

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви

Sase Ivanovski

Судир на два воза во Белград

Sase Ivanovski

Членовите на ДИК се жалат на притисоци, стравуваат за својата сигурност

Sase Ivanovski

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да биде власт, ќе го замениме СДСМ во левиот блок

Sase Ivanovski

Денеска е меѓународен ден против хомофобија, бифобија и трансфобија

Sase Ivanovski

Продолжуваат средбите на работните групи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

Sase Ivanovski

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Sase Ivanovski

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА – таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

Sase Ivanovski

Стара измама – нова жртва, прилепчанка останала без 6.000 евра

Sase Ivanovski

Работите не изгледаат добро – грчки аналитичари за новиот спор за името

Sase Ivanovski

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“

Sase Ivanovski

Претрес во Струмица, приведен дилер

Sase Ivanovski

„Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост, на културната сцена во шест градови

Sase Ivanovski

Соопштение за јавност: ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО СТОПАНСКИ ДВОР

Sase Ivanovski

Отстранети знамињата на ЕУ и НАТО од Кабинетот на претседателот? Eве што велат од таму

Sase Ivanovski

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа

Sase Ivanovski

Во среда ќе има прегласување на седум изборни места, ДИК ги разреши претседателите и изборните членови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРДАНОВСКИ: НЕ ОЧЕКУВАВ ТОЛКУ ЖЕСТОК СТАРТ НА СИЉАНОВСКА И МИЦКОВСКИ, ЗА САМО 2 ДЕНА НАПРАВИЈА БУРА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОРДАНОВСКИ: ПО СЕ ИЗГЛЕДА, БУДИМПЕШТА ЌЕ БИДЕ НОВИОТ БРИСЕЛ ЗА НАС

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ: ВО ВЛЕН СЕ МНОГУ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ИЗЈАВИТЕ НА МИЦКОВСКИ И СИЉАНОВСКА КОН ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ ЌЕ ГО УНИШТИ ВЛЕН КАКО ШТО ДУИ ГО УНИШТИ СДСМ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА: БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ РАБОТЕШЕ КАКО ЛУД НА РАБОТНИТЕ АКЦИИ ВО ЕКС ЈУ, НА БРАНАТА ЃЕРДАП МЕСТЕШЕ ПО 50 БЛОКОВИ НА СААТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА: 1990-TA ТРЕБАШЕ ДА БИДАМ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЛАДИНА НА ЈУГОСЛАВИЈА НА ПРЕДЛОГ НА НОВИНАРКАТА ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕРО КАМИКАЗА РАСПАЛИ ПО ДАНЕЛА, ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ, МИЛЧИН, РАСКАЖА СЛУЧКИ СО БРЕГОВИЌ, БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ

Sase Ivanovski

ПРВ УСПЕХ НА ВМРО ДПМНЕ: ПАК НЕ ИМА НА ББЦ И ЦНН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА: ВМРО ДПМНЕ 5 ДЕНА ЈА ПРОВОЦИРА ГРЦИЈА И НЕ ПРАВИ СИТЕ БУДАЛИ

Sase Ivanovski

БУЈАР ОСМАНИ: ВЛАДА СО НЕЛЕГИТИМНИ АЛБАНЦИ Е ИСТО КАКО ВЛАДА БЕЗ АЛБАНЦИ

Sase Ivanovski

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

Sase Ivanovski

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ…“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

Sase Ivanovski

„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник

Sase Ivanovski
Вчитувам....