МАКТЕЛ

     

Интервју со Азески: Бизнисот ги знае информациите неколку месеци однапред, но знаењето не се користи

      

Кризата ги погоди сите земји, не само регионот, туку и во светот. Секоја на свој начин се обидува да се справува со предизвиците, но она што е многу важно е дека секоја од земјите во регионот има и различна почетна позиција од аспект на сопствените суровини, домашната поддршка, изворите на енергија, на деловните односи со одредени големи светски економии итн. Ние во регионот на Западен Балкан сме во нерамноправна положба, па конкурентноста на македонските компании е значително влошена, вели во интервју за весникот Вечер, првиот човек на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој кажа дека оваа криза е продолжение од онаа која започна во 2008 година и која, практично, никогаш и не заврши.Тој посочува дека здравствената криза се претвори во финансиска, па во ликвидносна. Но, исто така се осврнува и на 2021 година кога следуваше енергетската криза, за која вели не беше недостигот од енергија, туку цената по која таа треба да се плати.Како најстара комора во земјава и со најбројно членство, сигурно сте загрижени за бизнисот во земјава во услови на ваква сериозна енергетска, но и финансиска криза, поради брзиот раст на инфлацијата, растот на цените на репроматеријалите, обезвреднувањето на капиталот, поради ниските плати на вработените… Кој е Вашиот став за државните мерки што се преземаат за стопанството и дали се тие доволни или, пак, конкретно ќе посочите Ваша забелешка и каде треба најбргу да се дејствува?

Стопанската комора на Северна Македонија го практикува концептот Комора на иднината – консултант на бизнисот, па затоа секојдневно на терен е во директна комуникација со своите членки, во услови кога неизвесноста и непредвидливоста се главниот предизвик. Ставајќи се целосно во функција на потребите на компаниите членки, ги евидентира проблемите и забелешките, креира предлози, иницира мерки. На дневна основа, преку службите на Комората, во интерес на фирмите од различни сектори и дејности, активно се реализираат средби со надлежните државни институции.Факт е дека, на барање на бизнисот, мерки од државата има. Имајќи предвид дека кризата сè уште трае и постојано ги менува формата и содржината, поставувајќи нови неизвесности и предизвици, има потреба и простор за нови мерки и за поддршка на бизнисот, за што ние креираме предлози. Но централен проблем е нивната примена со динамика и во форма која ќе даде брзи ефекти и која ќе ја одржи кондицијата на македонските компании за да опстојат на пазарот, бидејќи се тие моторот на економијата.Како Комора и Вие како нејзин претседател сте одлични познавачи на состојбите и уште пред да започне кризата први укажавте на клучните моменти, но како да се немаше слух за Вашите препораки. Можете ли да нè потсетите на што укажавте уште пред да започне кризата?

За кризата, генерално и конкретно, кажував многу во континуитет. Потврда за тоа што сè пишувавме и што сè зборувавме е книгата „Што ни се случува“, која излезе од печат на почетокот на 2022 година. Уште на самиот почеток кажав дека оваа криза е продолжение од онаа која започна во 2008 година и која, практично, никогаш и не заврши. Сериозно застрашувачки е кога ќе се погледне дека во континуитет една и пол деценија (15 години) никако да се најде одговор за неа, зашто, веројатно, општеството, но и целата светска заедница не најдоа начин да се носат со предизвиците. Особено од почетокот на пандемијата, предизвикана од вирусот ковид-19, од почетокот на 2020 година, стопанството се носи со еден многу тежок предизвик и се бори на повеќе фронтови. Досега вакво искуство не сме имале и затоа секогаш во нашите проекции има сериозна доза на воздржаност и на песимизам. Неизвесноста од новите форми на криза нè тераат да бидеме сериозно претпазливи. Здравствената криза се претвори во финансиска, па во ликвидносна. Во 2021 година следуваше енергетската криза, во која проблем не беше недостигот од енергија, туку цената по која таа треба да се плати.На ова прашање како Комора му посветивме големо внимание со тимот бизнис-експерти во дејноста и повеќепати јавно алармиравме дека како увозно зависна земја (компаниите кои го креираат домашниот бруто-производ струјата сами ја купуваат на берзата во Будимпешта) струјата ќе нè дрма повеќе од очекуваното. Неминовно, тоа водеше кон нова криза, која сега во оваа 2022 година се отсликува како состојба во која царува инфлацијата, цените во малопродажбата растат, а компаниите се борат со конкурентноста и за опстојување на пазарот, што на крајот се одразува преку намалување на бројот на вработени и преку пад на обемот на продажба. Многупати досега сум кажал дека бизнисот ги знае информациите неколку месеци пред статистиката, директно од терен и од дневните деловни релации и бизнис-зделки што ги реализира. Но таа предност и тоа знаење на бизнисот некако не се користат многу.

   

Имате одлична соработка со регионалните комори. Какви се Вашите сознанија за тоа што се случува со бизнисот во нивните земји? Дали имаат поквалитетни мерки кои би можело да се применат и кај нас?Генерално, кризата ги погоди сите земји, не само во регионот, туку и во светот. Секоја на свој начин се обидува да се справува со предизвиците, но она што е многу важно е дека секоја од земјите во регионот има и различна почетна позиција од аспект на сопствените суровини, домашната поддршка, изворите на енергија, на деловните односи со одредени големи светски економии итн.Значи, секоја планина носи своја тежина. Во тој контекст, ние во регионот на Западен Балкан сме во нерамноправна положба, па конкурентноста на македонските компании е значително влошена. На пример, Србија, поради снабденост со соодветни количини енергенси, и Босна и Херцеговина како извозник на струја се во сериозна предност пред другите земји од ЗБ6. Србија, бидејќи не е членка на Светската трговска организација, има политика на субвенционирање на домашните стратешки производи, а ние како членка на СТО немаме можност за такви форми на поддршка.Тоа е вториот проблем поради кој македонската преработувачка индустрија е во подредена положба. Сепак, она што е исклучително важно е сериозно реализирање на активностите дефинирани во рамките на „Отворен Балкан“ за регионална економска интеграција, за побрзо проток на стоки, услуги, капитал и на луѓе и за воспоставување поголем регионален пазар, кој ќе стане атрактивен и за нови странски инвестиции и за мобилизирање работна сила, како и за поттикнување поголема меѓусебна деловна соработка меѓу компаниите во рамките на регионот.

 

   

Најново

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СТРУМИЦА Дрво смачка автомобил, пожарникарите на терен

Sase Ivanovski

Таравари: Жал ми е што премиерот стана жртва на некои уверувања, лично ќе му ги објаснам работите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Лишен од слобода маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Германија протестира за забрана на крајнодесничарската партија АфД

Sase Ivanovski

Трамп со порака до Украина и до Русија: ОДРЖЕТЕ СРЕДБА, ВЕДНАШ

Sase Ivanovski

Додик: Пресудата против мене треба да се поништи

Sase Ivanovski

Прегазена жена во Кочани

Sase Ivanovski

„Здраво перверзњаку“: Измама што тврди дека сте снимани во тек на интимен чин

Sase Ivanovski

Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат

Sase Ivanovski

Крис Павловски пристигна во Македонија: Најави дека ќе го бара гробот на Александар Македонски

Sase Ivanovski

Македонските ракометари се пласираа на ЕП, осми пат по ред

Sase Ivanovski

Илјадници луѓе во Париз протестираа против исламофобијата

Sase Ivanovski

Излезна анкета: Социјалистичката партија на Рама победи на изборите во Албанија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето

Sase Ivanovski

Келог: Прво прекин на огнот, а потоа мировни преговори меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа трговски договор

Sase Ivanovski

Скопје и регионот зафатени со дожд и засилен ветер

Sase Ivanovski

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Sase Ivanovski

Зеленски: Ќе го чекам Путин во Турција во четврток, лично

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРТ: КАКО „ИСЧЕЗНА“ ЗАКОНОТ ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТ?

Sase Ivanovski

Три дена падната светилка во Аеродром – без реакција од Град Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци

Sase Ivanovski

Мартин Костовски: СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот сон

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба

Sase Ivanovski

(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори

Sase Ivanovski

Костова: СДСМ нуди решенија за подобрување на стандардот на граѓаните

Sase Ivanovski

Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи

Sase Ivanovski

Демократски сојуз: Заканите за дестабилизација се очајнички обиди на Ахмети за враќање на власт

Sase Ivanovski

Костова: Владата има очајни економски резултати, животниот стандард е на дното

Sase Ivanovski

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски од Инџиково: Наскоро од денес се отвора детската градинка за најмалите, продолжуваме да ја градиме Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: 24 часа Филипче молчи да одговори на каков начин ја добил златната виза за Дубаи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна, Венко го негира Филипче

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Филков: Судскиот совет повеќе нема да биде терен за тајни договори, туку арена за интегритет и стручност

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата помага и ќе продолжи да помага со сите средства на сите опфатени со трагедијата во Кочани, го повикуваме СДС да престане да ја политизира работата

Sase Ivanovski

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

Sase Ivanovski

Трипуновски од Василево: Излегуваме во пресрет на земјоделците, побргу ќе ја направиме проценката, за да се обноват површините кои што се зафатени од невремето

Sase Ivanovski

Денес започнаа парламентарните избори во Албанија

Sase Ivanovski

Стара географска карта извадена од контекст за да се пофали Русија

Sase Ivanovski

Трамп тврди дека постигнал „целосно ресетирање“ на трговските односи меѓу САД и Кина по разговорите за царините во Женева

Sase Ivanovski

ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИГНОРИРАНИ ДО СМРТ ОД ИНСТИТУЦИИТЕ

Sase Ivanovski

Како забраната за вештачки бои ќе влијае на производтсвото

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУЧЕ ВЛЕЧЕНО СО АВТОМОБИЛ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Владимир Димковски: Дали смокот е опасен?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Стефан Андоновски: „Ходникот е најчесто место каде се чуваа серверите во Македонија“

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Москва го обвини Киев дека го прекршил примирјето 14.043 пати, и тврди дека руските сили го почитувале прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Пациентка пријавила доктор од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венко демантира поседување на виза, Филипче признава дека бојата на визата е златна

Sase Ivanovski

Зеленски: Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот, целосен, постојан и сигурен, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Турски државјанин тепал со капак од шахта сограѓанин во Скопје, заврши во притвор

Sase Ivanovski

Во Кичевско син со секира го уби таткото и тешко ја повреди мајката

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Земјотресот се случи на 8 мај, промената започна, нема да запре!

Sase Ivanovski

Истрага за сообраќајка во Чаир, тешко повреден е мотоциклист

Sase Ivanovski

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје, 50 казнети возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Левица: Нов ценовен шок – власта повторно немоќна и без решенија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Никогаш заборавени! Вечна слава на македонските херои!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бенџамин Пасини и Малучи Вивар: Директно од Перу, нашите гостински шефови влегуваат во кулинарски дуел што ќе ги разбуди сите сетила!

Sase Ivanovski

Каранфилова Пановска: Власта нема желба за исчекор во европските интеграции и земјата е ставена во авто блокада

Sase Ivanovski

СДСМ до Максим Димитриевски: Луѓе фатени во корупција не можат никого да прозиваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фрчкоски на албанската државна Радио -Телевизија: За односите Македонија – Албанија и Македонци – Албанци во Македонија

Sase Ivanovski

Османи за РСЕ: Владата спроведува селективна правда, ја уништува ЕУ-перспективата и го анулира Охридскиот договор

Sase Ivanovski

Премиерот ќе оди во Кочани на средба со родителите откако тие одбија средба во Скопје

Sase Ivanovski

Мицковски ќе го викнел Таравари на “збогум кафе”

Sase Ivanovski

Кој чепкал во струјата во Штипската модуларна болница? Сакал ли реприза на трагедијата во Тетово?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривична пријава за мачење животни

Sase Ivanovski

Радев бара референдум за еврото

Sase Ivanovski

Мицкоски најави инвестиција од десетици милиони евра на швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“

Sase Ivanovski
Вчитувам....