23.8 C
Скопје
19/05/2024 15:58
МАКТЕЛ

  

     

 

Интервју со Бранко Азески – Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

      

Државава мора да почива на вредности, не на апсурди. Нели е апсурдно сè уште да не е законски дефиниран холдингот, да имаш градежна оператива што градела низ цел свет, а да не можеш да ја изградиш сопствената држава, да увезуваш работна сила од Непал и од Бангладеш, а да „извезуваш“ квалификувани работници во Европската Унија? Не изградивме сами ни еден километар железничка линија која поминува низ нашава држава (пругата кон Солун е градена за време на Отоманската Империја, кон Битола во време на владеење на Србите, кон Кочани за време на владеење на Бугарите). Не е реално да очекуваме брз развој на една држава ако самата не е подготвена да изгради функционална инфраструктура за бизнисот.Ова го потенцира првиот човек на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески во интервјуто за бизнис магазинот „Економија и Бизнис“ во кое тој зборува за самата комора, за нејзините постигнувања, но и за економијата во нашата земја…Како ја оценувате Стопанската комора, нејзината работа, нејзината улога и местото што го има во нашево општество?

   

Б. Азески: Нашето патешествие трае 102 години. Фактот дека постоиме толку време зборува за нашата вредност и за квалитетот на коморското организирање. Тоа го докажавме и во последниве 20 години на коморски плурализам. И во услови на доброволно членство, Стопанската комора на Македонија е лидер во заштитата на интересите на бизнисот. Изминативе години дејствуваме како финансиски стабилна и моќна институција зад која стојат сите наши компании членки. Во современиот свет кон кој се стремиме, стопанските комори се на трето место по важност меѓу институциите во една држава и со своето значење и влијание се веднаш по парламентот и владата. За жал, не можам да кажам дека сме ги изградиле парламентот и владата кои треба да ги следат потребите на економските субјекти во државава и како институции кои треба да ја градат пазарната економија и правната држава со што ќе се определи и вистинското место на бизнисот во државава. Но, можам да потврдам дека тоа тешко ни оди.

 

Накусо кажано, се соочуваме со повеќе ПР, а помалку суштина, со повеќе зборови, помалку работење. Јас ја водам комората со цел бизнисот да биде ослободен од сите административни бариери што ја попречуваат конкуренцијата на пазарот и оневозможуваат создавање на повисок профит за компаниите. Непримерно е компаниите да комуницираат директно и во лични контакти со високи претставници во извршната власт за да решат некој тековен проблем. Нашата главна цел како Комора е да бидеме гласот на компаниите. Ние сме во служба на компаниите и нашата улога е да создадеме услови и претпоставки за фирмите да имаат подобри услови за работа. Нашата основна функција е да им помогнеме на компаниите за две клучни прашања: подобрување на нивната конкурентна способност која се верификува преку поголем извоз. Второто е зголемување на профитите.

   

     

Истовремено мора да се држи чекор со трендовите што ја носат иднината. Расте свеста за потребата од тимови на луѓе за прилагодување кон новата економска реалност и употребата на нови технологии, на вештачка интелегенција, на обновливи извори на енергија, на процесот на декарбонизација итн.Во просек, од осамостојувањето на земјава наваму македонската економија има раст кој просечно годишно е помал од 2 отсто. Кои се, според вас, клучните слабости на македонската економија кои треба да се надминат за да се оствари повисок раст? Кои се неискористените потенцијали на македонската економија?

Б. Азески: Македонија имаше исклучително лош старт од нејзиното осамостојување. Ја имавме Лисабонската декларација, српското ембарго, па грчката блокада, па војните во поранешна Југославија, имавме конфликт во сопствениот двор, ни се случи финансиска криза, економска криза, па повторно војна на европско тло. Мора да признаеме дека нискиот раст е остварен во вакво неповолно безбедносно и економско опкружување и услови. Но, вистинското прашање е зошто другите остваруваа повисоки стапки на раст. Се разбира, тоа е поради самодовербата. Во овие 32 години, самите говориме за тоа дека состојбата ни е тешка, дека не можеме сами, мали сме, не можеме да се разбереме итн. Никаде не можеме да слушнеме за позитивен пример и за работи што ни даваат оптимизам.
Да ја шириме вербата дека можеме да успееме како нација и економија. Наместо тоа слушаме пароли и навреди. Тоа е нашиот амбиент во кој секој сè знае. За водењето на бизнисот има многу сезнајковци, па ги учат бизнисмените што треба да прават. Доаѓаме до одговорот на прашањето дали може во ваков општествен амбиент да се изгради систем кој ќе овозможи поголем раст. Бизнисот бара стабилност и предвидливост, мудрост, но и преземање ризик. Затоа често го истакнувам мојот став дека на македонските бизнисмени треба да им се додели орден за издржливост. И овој скромен економски развој е постигнат во крајно неповолни околности.

Се разбира, прашање над сите прашања е дали со годишни стапки на реален раст од 2 до 3 % можеме некаде да стигнеме. Одговорот е, не можеме никаде да стигнеме.
Нашите предности остануваат географската местоположба на земјава, нашата дијаспора, можностите за развој на рударството, фармацевтската дејност, индустријата, развојот на новите технологии, сточарството и младата популација…

Вие сте автор на онаа позната изрека дека „не може да има хотел со пет ѕвездички во земја со три ѕвездички“. Дали проблемите на македонската економија можат да се решат само со економски мерки или се потребни и пошироки промени во самото општество?

Б. Азески: Самодовербата, имплементацијата и одговорноста се трите волшебни збора за успешен и брз развој на едно општество и економија. За самодовербата зборував во претходното прашање. Вториот клучен збор е имплементацијата. Кој не може да го исполни тоа што е донесено како законски пропис мора и да си поднесе одговорност. Доволно ни се ветувања во стилот „ќе биде“. Мора конечно да кажеме дека нешто е завршено и имплементирано. Мора да се престане со навиката за неподнослива леснотија во давањето на ветувања кои потоа никој не ги исполнува. Не може да се даваат ветувања дека нема да се зголемуваат даноците, а потоа тие да се покачуваат. Или ќе кажеме дека недела нема да биде неработен ден, а потоа ја прогласуваме за неработен ден…
Државава мора да почива на вредности, не на апсурди. Нели е апсурдно сè уште да не е законски дефиниран холдингот, да имаш градежна оператива што градела низ цел свет, а да не можеш да ја изградиш сопствената држава, да увезуваш работна сила од Непал и од Бангладеш, а да „извезуваш“ квалификувани работници во Европската Унија? Не изградивме сами ни еден километар железничка линија која поминува низ нашава држава (пругата кон Солун е градена за време на Отоманската Империја, кон Битола во време на владеење на Србите, кон Кочани за време на владеење на Бугарите). Не е реално да очекуваме брз развој на една држава ако самата не е подготвена да изгради ни пет километри пруга.

Неодамна промовиравте неколку стратешки документи на Стопанската комора поврзани со идниот развој на македонската економија. Кои се, според вас, клучните пораки од тие документи?
Б. Азески: Веќе ми здодеа да ја слушам констатацијата дека Комората немала став за клучните економски прашања кои се во нејзината надлежност на дејствување. Нашите ставови се јасно искажани во четирите документи кои ги издаде Комората, а кои се однесуваат за стратегијата за развој и за промовирање на нов економски модел, за реиндустријализацијата на економијата… Ова не се документи направени од поединци или се наменети за еднократна употреба. Тоа се документи во кои се вградени знаењето и искуството на илјадници вработени во нашите компании членки, на научните сознанија и на разни анализи и истражувања на домашни и на странски институции. Јавноста мора да знае дека Комората има јасни ставови и има и решенија за секој наш економски проблем, но тоа не може да дојде до израз и на површина поради надвладување на партиските интереси.

Една од клучните заложби на Стопанската комора е зголемување на извозот од земјава. Што преземате на тој план?
Б. Азески: Мала економија како македонската не може да смета на забрзан раст без поголемо присуство на компаниите на меѓународните пазари. Прашањето за поголем извоз за Македонија е да се биде или не. Поради тоа посветуваме многу внимание на подобрување на извозот. Стопанската комора е единствената институција која троши средства за анализи, која прави проекти и ги промовира можностите пред компаниите за зголемување на извозот. Ниедна друга институција во Македонија не посветува поголемо внимание на извозот. За ова имаме огромна поддршка од нашите партнери како што се УСАИД и Владата на Швајцарија. Ако останеме да произведуваме само за домашниот пазар не може да очекуваме побрз раст на економијата. Едноставно тоа што ќе го произведеме дома ќе нема кој да го потроши. Затоа постојано работиме на отворање на странските пазари и подобрување на конкурентноста на македонските производи. Во тој контекст нема да отстапиме од секоја иницијатива која ќе овозможи поголема трговска размена и oд регионалнатa соработка и која на македонските компании ќе им овозможи поголеми можности за извоз. Овде би ги посочил иницијативите како Берлинскиот прoцес, Коморскиот инвестициски форум, Отворен Балкан итн.
Преку Коморскиот инвестициски форум, алатка за соработка на стопанските комори од регионот на Западен Балкан во рамките на иницијативата Берлински процес, вие сте длабоко вклучени во процесите за зголемување на економската соработка во регионов. Каква е вашата оценка за тековната регионална економска соработка и што можеме да очекуваме во иднина?

Б. Азески: Има 74 иницијативи за подобрување на економската соработка на Западен Балкан кои не успеале. Ќе успее онаа иницијатива која ќе дојде од самите нас. Работиме на тоа сите иницијативи кои се живи иницијативи за Зaпаден Балкан да се спојат на едно место и да се идентификува реалниот претставник на приватниот сектор на Западниот Балкан, кои ќе ја потпишат оваа иницијатива како изворна и која е произлезена од самите компании и бизниси и прилагодени на новиот економски раст како најважна алатка на Берлинскиот процес. Но, ние одиме и чекор напред. Ѝ даваме живот на најстарата регионална институција − Асоцијацијата на балкански комори − со нејзиното ангажирање за инфраструктурно инвестирање на целиот Балкан. На тој начин ќе му се помогне на бизнисот кој ќе ги зголеми конкурентноста и профитабилноста со помали трошоци.
По долги години кај приватниот сектор конечно е разбиена дилемата дека без владеење на правото нема никаков напредок во економијата. Ние тука градиме нова стратегија која ќе биде промовирана по изборите. Отворено ќе ги повикаме сите институции во државава да ги извршуваат своите надлежности.

Во спротивно ќе преземеме мерки со кои ќе го заштитиме бизнисот и ќе ги заштитиме своите интереси. Јавно ќе ги објавуваме нашите ставови во однос на прашања од економската политика со кои не се согласуваме. Второ, ќе инсистираме на учество во конципирањето на законите пред нивното донесување, а не само да коментираме откако тие ќе бидат изготвени. Натаму, јасно ќе го повикаме новиот шеф на државава да го искористи своето право да не ги потпишува законите и потоа во рок од 30 дена да се одвива суштинска јавна дебата за прашањата за кои немаме согласност. Ако сето тоа не даде резултат нема да можеме да ги спречиме компаниите своето функционирање да го пренасочат или во други земји во регионот кои се членки на Европската Унија или во земји кои не се членки на ЕУ, но имаат подобри услови за функционирање на бизнисот.

Се наоѓаме во изборен период. Една од заложбите што ја слушаме од политичките партии во јавноста е обезбедување на национално единство. Во таа насока, Стопанската комора пред извесно време промовираше Декларација насочена кон постигнување на општествен консензус за економските политики на земјава. Можеме ли конечно да се усогласиме сите по ова прашање?

Б. Азески: Ова е најтешкото прашање за кое изгубивме најмногу време, но не е залудно. Вложивме огромен труд и знаење да ја формулираме Декларацијата и да ја понудиме на институциите. Беше целосно поддржана од сите партии. На чекор сме од прифаќање на постулатите кои ќе овозможат економијата во следниве десет години да има приоритетно значење.

Во предизборниот период имавте средби со претставници на политички партии со кои разменивте мислења за нивните планови за идните економски политики. Кој е вашиот впечаток од овие средби и кои се очекувањата на бизнис-заедницата за наредниот период? Која е вашата порака до идната влада?

Б. Азески: Средбите беа темелно подготвени од двете страни. Имавме конструктивни разговори во конструктивна атмосфера. Очекуваме позитивни поместувања по изборите. Доколку се прифатат постулатите на Декларацијата и економијата стане вистински приоритет на сите нас, полесно ќе се справиме со проблемите и ќе овозможиме услови за раст на бизнисот. Мојата порака до политичките лидери е: изгубивме 32 години за да воспоставиме ефикасен систем на владеење на правото. Мораме да го надоместиме изгубеното време за што повеќе да се приближиме кон нашата определба за интеграција во европските процеси. Потребно е да го искористиме стратешкото партнерство со најважната земја во светот, да ги усогласиме ставовите со ЕУ како наш најголем трговски партнер. И да дојдеме во состојба да одговориме на едноставното прашање: Што е проблемот со нас кога за стратешки партнер ги имаме САД, кога наш најголем трговски партнер е Германија и го имаме решено најголемиот дел од споровите со соседите? Тоа сугерира неспособност од наша страна за која ќе треба да поразговараме. Но, најважно од сè е констатацијата изнесена во Стопанската комора дека тој дијалог мора да биде суштински, а не да се користи од некои актери за „самопромоција“. Конечно, очекуваме тоа што ќе биде кажано во меѓусебните комуникации и да се исполни.Извор и Фото: „Економија и Бизнис“

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....