18.8 C
Скопје
03/05/2025 20:43
МАКТЕЛ

     

ИНТЕРВЈУ СО ИЛИАС ПАПАДОПУЛОС, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ГРЧКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА: Има силни деловни врски и многу простор за зголемена соработка

      

Постојат многу можности и грчките компании можат да пренесат искуство и експертиза кои, можам да кажам, се покажаа како корисни и доста успешни. Трговијата и инвестициите меѓу нашите две земји продолжуваат да растат, поттикнати од силни деловни врски и заеднички економски интереси, вели во интервју за Фактор, потпретседателот на Грчката Бизнис Асоцијација, Илиас Пападопулос, кој е и Сениор директор за кредитни ризици во Стопанска Банка АД Скопје.

Како Потпретседател на Грчката бизнис асоцијација, како гледате на моменталната економска и деловн клима за грчките компании кои работат во земјата?

   

Пападопулос: Грчките претпријатија работат во динамично економско опкружување, кое понекогаш вклучува и предизвици. Постојат многу можности и грчките компании можат да пренесат искуство и експертиза кои, можам да кажам, се покажаа како корисни и доста успешни.Трговијата и инвестициите меѓу нашите две земји продолжуваат да растат, поттикнати од силни деловни врски и заеднички економски интереси.Културите се многу слични, приспособувањето на флексибилноста и носењето паметни одлуки се заеднички карактеристики. Постојат предизвици поврзани со комплексноста на регулативата и бирократијата, што понекогаш може да го забави деловното работење.Нашиот фокус во Грчката бизнис асоцијација е да ја олесниме соработката, да ги надминеме тешкотиите, да ги поттикнеме инвестициите, и да ги поддржиме претпријатијата.

Какви можности гледате за понатамошен развој и поголема соработка меѓу компаниите во двете земји?

Пападопулос: Како што веќе реков, грчките компании можат да ја пренесат својата специјализирана експертиза во поглед на инфраструктурни проекти во енергетиката, финансиите, каде големите групации како НБГ се подготвени да инвестираат во дигитализацијата, а би го додал и земјоделскиот сектор, каде што има компании кои можат да ги пренесат своите иновативни и прогресивни практики. Освен тоа, еколошко-социјалните и управувачки практикисе приоритетни за грчките компании и тие развија рамки што можат да се применат на локалниот пазар. Во земјата постои силен претприемачки дух и за мене тоа е најважниот елемент за водење бизнис. Стопанствениците се многу активни и можам да потврдам дека ја користат секоја можност што ја имаат. Компаниите се многу динамични и се трудиме оваа порака да ја пренесеме на грчкиот пазар.

Од аспект на обемот на трговска размена со земјата, Грција е трета, по Германија и Велика Британија. Наша цел е да го зголемиме обемот на трговската размена во следниот период и дополнително да ја развиваме и да ја зајакнеме билатералната трговија. Морам да нагласам дека, особено овој период, лично грчкиот амбасадор и грчката влада активно ги поддржуваат сите наши напори.

Како ја оценувате улогата на банкарскиот сектор во поттикнувањето на трговијата и инвестициите?

Пападопулос: Банкарските и финансиските услуги можат да играат клучна улога во олеснувањето на прекуграничните инвестиции, додека иницијативите и трговските договори поддржани од владата можат дополнително да ги подобрат деловните синергии. Ние, банките, сме костурот и крвта на економијата и континуирано поддржуваме нови идеи и иновации. Конкретно,Групацијата НБГ е во процес на трансформација и дигитализација на Стопанска банка АД Скопје и инвестира во капиталот и вработените во банката.

Живеете овде последните 5 години. Какви се вашите впечатоци?

Пападопулос: Видете, не беше тешко човек да се прилагоди овде. Културата е многу слична, а луѓето се исклучително пријателски расположени и гостопримливи. Ова е порака до сите грчки компании – овде ќе наидат на соработка и голем број сличности.

Вие сте и Сениор директор за управување со кредитен ризикво Стопанска банка АД Скопје. Со развојот на економските предизвици, како банката ги прилагодува своите кредитни политики на поддршка на бизнисите и домаќинствата во несигурни времиња?

Пападопулос: Во Стопанска банка, препознаваме дека економската несигурност бара проактивен и флексибилен пристап кон кредитните политики. Се прилагодуваме нудејќи повеќе приспособени опции, флексибилни планови за отплата и иновативни финансиски производи кои обезбедуваат стабилност на претпријатијата и домаќинствата. Дополнително, вршиме анализа на податоци за поефективно да го процениме кредитниот ризик и да обезбедиме одговорно кредитирање кое поддржува долгорочен економски раст. Свесни сме за големото наследство на Банката и нејзиниот огромен отпечаток во општеството, па затоа ја комбинираме традицијата со иновативноста. Го прилагодуваме нашиот пристап кон секој поединечен клиент.“

Колку се важни дигиталното банкарство и финансиската технологија во поддршката на прекуграничните деловни активности и дали гледате простор за понатамошни иновации во оваа област?

Пападопулос: Дигиталното банкарство и иновациите во финансиското работење се од суштинско значење за модернизацијата на прекуграничните деловни активности. Трансакциите во реално време и автоматизираното финансирање на трговијата го трансформираат начинот на работа на претпријатијата. Сè уште има значителен простор за подобрувања, но, како што технологијата се развива, банките треба да продолжат да инвестираат во овие решенија за да останат конкурентни.

Гледајќи нанапред, кои се клучните приоритети за Грчката бизнис асоцијација во зајакнувањето на економската соработка?

Нашиот примарен фокус е на продлабочување на трговските и инвестициските врски меѓу двете земји преку олеснување на интеракцијата помеѓу претпријатијата, владите и финансиските институции. Освен тоа, ние сме активна клетка на општеството и учествуваме со донации, како што направивме и по трагедијата во Кочани. Наша цел е да создадеме посилни партнерства меѓу компаниите, да се залагаме за политики кои го поттикнуваат економскиот раст во регионот, како и да обезбедуваме деловни ресурси за претпријатијата во регионот да бидат успешни. Освен тоа, работиме и на иницијативи за подобрување на можностите за вмрежување, поддршка на одржливи деловни практики и максимално искористување на дигиталната трансформација за да се подобри ефикасноста во прекуграничната трговија. Нашата порака е јасна: ние сме пријатели и соседи, да соработуваме во заедничка корист.

  

Најново

ВМРО става вето на државата!?

Sase Ivanovski

Нови летови за Барселона и Лион од Скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

Тројно убиство во фризерски салон во Шведска, шестмина уапсени

Sase Ivanovski

Касами ќе бара втор мандат за Тетово: Кои се кандидатите за градоначалник на ВЛЕН?

Sase Ivanovski

Во Неготино повеќе луѓе умираат, отколку што се раѓаат, а бројни домови останаа со затворени врати поради преселба во странство!

Sase Ivanovski

Ахмети да не се крие зад националистичката реторика, порачаа од Влада

Sase Ivanovski

Вучиќ имал силна болка во градите и висок притисок

Sase Ivanovski

Таравари се ракуваше со Мицкоски, но не со поранешните политички партнери

Sase Ivanovski

Телото на убиената жена предадено на обдукција – се прибираат докази

Sase Ivanovski

Скопјанец ја убил сопругата и тргнал да бега – фатен е на Табановце

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) (НЕ)СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ-Георгиевски,Опетческа,Беловски,Гоговски-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: ГАЗИ БАБА ДОБИВА 9 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Денеска почнуваме нов проект,изградба на автопатoт Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шекеринска во серијалот „Скала на кариерата“: Мојата работа е како мусака

Sase Ivanovski

Велјановски: Политички монтираната интерпелација не помина, Тошковски продолжува бескомпромисно да се бори против криминалот и корупцијата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕАко Филипче се претставува како нова опција, тогаш зошто промовира ист модел како оној на Заев и го посочува како некој од кого “треба да учи“ ?

Sase Ivanovski

Одлука за Законот за јазиците по изборите – Османи се сомнева дека ќе се укине

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од БДП владата предводена од ВМРО -ДПМНЕ продолжува со развојни политики со цел подобар стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Татко и син од Аеродром заедно ја тепале невенчаната сопруга на синот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костадиновски : На 19 јуни ќе се одржи Подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Филков: Кога медиумите се слободни, граѓаните се информирани, а правдата е погласна

Sase Ivanovski

УРНЕБЕСНО: Судија се повреди во ПЛ, Варди мораше да ја превземе свирката…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведено едно лице, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола во угостителски објект покрај патот Тетово-Гостивар, приведени пет странски државјанки

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Забрчанец и Груби – симболи на медиумското подземје и корумпираната пропаганда на поразената власт

Sase Ivanovski

СДСМ: Лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект на СДСМ, за кој велеа дека е „историски кримнал“

Sase Ivanovski

(ФОЕТО) Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Кога Филипче вели дека треба да се учи од Заев, дали мисли на давањето бизниси на свои роднини?

Sase Ivanovski

Жестока тепачка меѓу фанови на Димано и Хајдук! Уапсен навивач успеа да и побегне на полицијата…

Sase Ivanovski

Албанезе ќе продолжи да биде премиер на Австралија

Sase Ivanovski

Тешка несреќа во Кавадарци – моторџија се излизгал на крстосница, тешко е повреден

Sase Ivanovski

50-годишен скопјанец е тешко повреден, го прегазил возач на „Голф“

Sase Ivanovski

Почна да се гради новиот автопат Тетово-Гостивар, ќе нè чини 90 милиони евра за 17,5 километри

Sase Ivanovski

Ѓорческа без финале на турнирот во двојки во Грузија

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект што го нарекуваше „тежок криминал“

Sase Ivanovski

Епилог од масовната тепачка меѓу навивачите во Сплит: Двајца тешко повредени, во болница и полицаец

Sase Ivanovski

Бакингемската палата се огласи по изјавата на принцот Хари дека сака помирување

Sase Ivanovski

Муцунски се сретна со заменик-шефот на јапонската дипломатија

Sase Ivanovski

Вучиќ е примен на ВМА во Белград, откако му се слоши и ја прекина посетата на Америка

Sase Ivanovski

Жената која се разнесе со бомба пред банка во Солун била Грузијка со „дебело“ полициско досие

Sase Ivanovski

Украинки, Србинки и Албанки уапсени во кафеана меѓу Тетово и Гостивар, МВР вели дека „го злоупотребиле туристичкиот престој“

Sase Ivanovski

Кавадарци: Крадец фатен во продавница со рацете во касата

Sase Ivanovski

Браќа ограбиле коцкарница во Бутел, однеле 24.000 евра здружени со вработен во казиното

Sase Ivanovski

Апасиев го прашува Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Sase Ivanovski

И во десеттиот обид, Косовскиот парламент не успеа да избере претседател

Sase Ivanovski

Тошковски вели дека опозицијата ги организирала семејствата на загинатите во Кочани да протестираат во Скопје на денот на интерпелацијата

Sase Ivanovski

АВМУ: Слободата на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци

Sase Ivanovski

Даштевски, Габер-Дамјановска и Лидија Неделкова во трката за судија во Стразбур, познати се и другите кандидати

Sase Ivanovski

Насилници тепале обезбедувач во Драчево, не сакал да пушти малолетно момче во казино

Sase Ivanovski

Бомба експлодира рано утрово во Солун, загина жена која сакала да ја постави на банкомат

Sase Ivanovski

Трилинг – Кога се очекува на дневен ред да се стави точката за Законот за употреба на јазиците?

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Sase Ivanovski

„Вашингтон пост“: Трамп планира илјадници отпуштања во ЦИА и други разузнавачки агенции

Sase Ivanovski

Обвинителството бара притвор за зетот на Зоки Фаци – ги запалил викендичката и станот на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Две години од масакрот во „Рибникар“, сите српски телевизии ја прекинаа програмата во 8:40

Sase Ivanovski

На Вучиќ ненадејно му се слошило, ја прекинал посетата на САД и се враќа во Белград

Sase Ivanovski

Изборот на нов папа нема да трае долго, проценува Ватикан

Sase Ivanovski

Хрватска: Половина од пратениците во Саборот се кандидираат за градоначалници и жупани

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Трамп како Гадафи и Садам Хусеин – со голема парада ќе слави јубилеј на војската, на неговиот роденден

Sase Ivanovski

УНИ банка ќе бира нов извршен директор, Хаџидинев заминува во централата во Бугарија

Sase Ivanovski

Сончев и летен ден, температурата ќе се искачи до 30 степени

Sase Ivanovski

Политиканти.мк Епизода 21 / Сезона 03

Sase Ivanovski

НАТКАСТ со Љупчо Цветановски – ЕП. 18 – гостува Љупчо Пренџов

Sase Ivanovski

Кавадарци на таргет од големите супермаркети. Веро, Рамстор, Тинекс и Кам…

Sase Ivanovski

КИСЕЛА ВОДА ИМА ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА ВО ОДБОЈКА!

Sase Ivanovski

Симпсонови знаат… Македонија засекогаш☀️❤️👌

Sase Ivanovski

Распишан конкурс за краток стрип на фестивалот „Стрип трип“, со рок до 25 мај

Sase Ivanovski

Трамп го назначи Мајк Волц од позицијата советник за национална безбедност на функцијата амбасадор во ОН

Sase Ivanovski

Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

Sase Ivanovski

Германските разузнавачи ја означија крајнодесничарската партија АФД како екстремистичка

Sase Ivanovski

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да си ги проверат годишните даночни пријави за 2024

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина

Sase Ivanovski

Принцот Хари ја загуби правната битка за полициската заштита во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години, поднесени 900 апликации од општините за проекти, инфраструктурни инвестиции во Кавадарци

Sase Ivanovski

Ковачки: Правдата не смее да се уценува со улица – Ахмети бега од вистината и се крие зад партиски знамиња

Sase Ivanovski

Министерство на внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“

Sase Ivanovski
Вчитувам....