Господине Рамовиќ, дали планирате да влезете во трката за градоначалник на општина Долнени?
Пред се добар ден, ви благодарам што ми овозможивте преку вашиот медиум да изнесам свои ставови околу мојата кандидатура за кандидат за градоначаник на Општина Долнени, пред се општина Долнени е мултиетничка општина составена од неколку етникума, се наоѓа на подножјето на Пелагонија, рурална средина составена од 32 месни заедници, мојот предизвик е голем и амбициозен, како на деловен така и на политички план па водејќи се од таа призма одлучив да влезам во трката за кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, СДСМ во Долнени немало свој градоначалник од далечната 2005 година кога таму градоначаник беше почитивaниот Изудин Каришиќ, кој воедно ги постави темелите на една модерна општина, ама за жал после него секој градоначаник ја гледаше општината како отскок за нешто повисоко и за една употреба.
Ќе сакате ли да ни се преставите за да ве запознае нашата публика?
Од моја страна е неблагодарно јас да зборам за самиот себе и да се преставам, тоа ќе го оставам на моите сограѓани пријатели и партнери а секако ако бидам избран за кандидат и воедно победам на тие избори, самото тоа е една слика самиот за себе 

Како ќе обезбедите пари за вашата програма, малите општини кубурат со финансии немаат големи приливи од градежни маркици или пак од големи фабрики или молови како други големи општини?
Долени мало Дубаи, ви давам чесен збор дека Долнени не само во Пелагонискит регион туку во цела Македонија ќе биде пријатно изненадување во позитивен наратив како за раст така и за развој на самата општина, што преку проекти што преку инвестици Градежни уредувања па и забавни и културно образовни настани се со цел Долени да биде една приказна која со генерации ќе се зборува, секако за тоа ми треба помош од самите граѓани и жители заедно да удриме темелите на една нова модерна општина.
Кој ќе застане зад вашата кандидатура, од кои политички субјекти очекувате подршка?
Пред се очекувам мојата матична партија СДСМ да застане позади мене, тоа е природно, имаме преседстел кој знае како и пружа шанса на сите оние кој и мислат добро на државата Подршка очекувам од сите оние кој мислат дека е време Долнени да биде прекрасно место за живеење а верувајте од ден во ден многумина ги има и ми даваат подршка, луѓе од другите политички партии, независни итн итн…
Кои ќе бидат вашите најголеми противници во оваа трка и што се вашите очекувања, дали ќе има фер трка, дали имате шанси за победа?
Сакам фер и демократски извори , не гледам препрека, жителите на Долени заслужуваат подобар живот, во Долнени ќе победи програма визија и желба за она што ќе го ветиш да се исполни, ниеден до сега градоначаник немал втор мандат, тоа самото по себе значи дека работата не чинела, сакам тој тренд да го сменам, сакам да им дадам на знаење дека жителите нема да имаат градоначаник само во едно село, градоначаник само од 8.30 до 16 часот само за време на избори или некои дешавки, туку ќе имат градоначалник 24/7 кој ќе се грижи и ќе ја оправда довербата дадена на избори, а исто така ги охрабрувам сите тие кој го делат моето мислење или имаат уште подобри идеи да се охрабрат и да излезат на избори , сепак се работи за иднина на скоро 18.000 жители кои се жедни за промена.
Кои се можностите но и проблемите на општината?
Можности има многу, ама има такви пробеми кој не се својствени за денешното време, од инфраструктурни па се до локални пробеми, и тоа нее од сегс тоа се таложеле со години и години Меѓутоа имам тим имам визија Знам морам и можам подобро. Тоа моите жители го заслужуваат!