Судот на Босна и Херцеговина доцна во средата издаде меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ. Како што пренесуваат српските медиуми, а јавува Истрага.ба, налогот за апсење е веќе внесен во системот на Интерпол. Се чека потврда од генералниот секретаријат на Европол во Лион, Франција.
Како што наведува медиумот списокот на барани лица всушност не е активен, што значи дека може да го видат само луѓе кои работат во контакт точките на Интерпол. Сите земји-членки добија известување, не смеат да постапуваат по него додека Лион не го одобри официјалниот повик, наведува медиумот. За потсетување, Додик и Стевандиќ се бараат поради сомнение дека сториле кривично дело „напад на уставниот поредок“ од чл. 156 од Кривичниот законик на БиХ, јавува Данас.хр.