Храната во Македонија за еден месец поскапела за 4,1 отсто. Новите податоци ги објави Државниот завод за статистика(ДЗС). Зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 4,1 отсто, Разновидни стоки и услуги за 1,5 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8 отсто, Облека и обувки за 0,5 отсто, Рекреација и култура за 0,4 отсто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 отсто, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Здравје за 0,1 отсто.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3,6 отсто, Ресторани и хотели за 0,2 отсто и Комуникации за 0,1 отсто.