17.9 C
Скопје
25/06/2025 04:12
МАКТЕЛ

   

Инфраструктурата во 2022: Многу отпочнати проекти, малку од нив завршени навреме

      

Значителна е бројката на проекти од патната, железничката и гасоводната инфраструктура кои се започнати со реализација на терен, но во изминатава година остана проблемот со непочитувањето на роковите за изведба и доцнењата со пуштање во употреба на инфраструктурните објекти. Како завршени проекти од власта во 2022 година може да се сметаат изведбата на втората фаза од експресниот пат Штип-Кочани и изградбата на магистралниот гасовод од Неготино до Битола. Затоа пак, има мноштво на инфраструктурни проекти кои доцнат со реализација. Првенствено тука може да се наведат првите два километри од автопатот Скопје-Блаце, кои доцнат заедно со изборот на изведувач и почетокот на изведбата на втората фаза од овој автопат, на потегот од Блаце до скопската обиколница со должина од 10 километри. Бидејќи состојбата со постојниот пат кон Косово е катастрофална, очекувањата се во 2023 година да се даде приоритет на што поскоро пуштање во употреба на првите два километри од овој автопат.

Автопатот Скопје-Блаце почна да се гради во 2020 година, а првичните ветувања на властите беа дека двата километра од границата со Косово до селото Блаце ќе се возат веќе во 2021 година. Паралелно на ова, за годинава беше ветено дека ќе биде распишан меѓународниот тендер за избор на изведувач што ќе ја гради втората фаза од овој проект, но и тука касни процедурата од страна на надлежните власти за избор на градежна компанија што ќе ја гради делницата. Изградбата на автопатот Кичево-Охрид продолжи и во текот на 2022 година, но завршувањето на овој проект од патниот Коридор 8 веќе подолг период е предмет на потсмев и критики кај граѓаните. Делницата долга 57 километри се гради веќе деветта година по ред, а владините очекувања се дека по една деценија изградба, по новиот автопат ќе може да се вози најдоцна до 31 декември 2023 година. Кинеската компанија „Синохидро“ со својата оператива се вклучи директно во изведбата на градежните работи, а состојбата на терен покажува дека во втората половина на 2022 година се интензивирани градежните активности.

   

И премиерот Димитар Ковачевски, но и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во своите јавни настапи посочуваат дека до крајот на 2023 година треба да заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Очекувањата се дека во 2023 година ќе започне фазно пуштање во сообраќај на делници од овој автопат, при што кон крајот на годинава најинтензивни градежни работи имаше на делот од селото Ботун кон Охрид. Во делот на патната инфраструктура, 2022 година ја одбележа завршувањето на изградбата на експресниот пат Штип-Кочани. Втората фаза од Крупиште до Кочани долга 13,75 километри е комплетирана како ретко кој друг проект, во рамките на планираниот рок за изведба. Вкупната должина на експресниот пат е 28 километри, а првата фаза од проектот беше пуштена во употреба во 2020 година. По експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе се вози со максимална брзина од 110 километри на час. Со неговата финализација, заедно со веќе пуштените експресен пат Штип-Радовиш и автопатот Скопје-Штип, источниот дел на Македонија во изминативе години доби нова патна инфраструктура, со која патувањето од било кое населено место на Истокот до Скопје и обратно е значително забрзано.

Единствен проект од патната инфраструктура којшто доцни со реализација на Истокот е експресниот пат Ранковце-Крива Паланка на Коридорот 8. Овој патен правец е со вкупна должина од 24,5 километри и е поделен на две делници од Длабочица до Чатал и од Длабочица до Крива Паланка. Првичното ветување на владата беше овој експресен пат да биде пуштен во употреба во 2021 година, но актуелните изјави на владините функционери говорат дека новиот експресен пат треба да биде комплетиран токму во 2023 година. Инаку, доцнењето на проектите од патната инфраструктура годинава стигнаа и до Извештајот на Европската комисија за реформскиот напредок на Северна Македонија кон ЕУ. „Патниот коридор X е функционален, но работите долж Коридорот X-d остануваат одложени“, критикуваше Европската комисија во Извештајот за 2022 година и побара од државата да го зајакне оперативниот и техничкиот капацитет на сите засегнати институции вклучени во развојот на Транс-европската транспортна мрежа (ТЕН-Т).

Станува збор за експресниот пат Градско-Прилеп, кој веќе полни седум години се изведува на терен. Првичниот рок за пуштање во употреба на овој експресен пат беше крајот на 2022 година, но и овој рок беше пробиен. Годинава Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши рехабилитацијата на патот од Фариш до Прилеп преку превојот „Плетвар“, којшто беше ветен од власта како трета фаза од проектот. Сепак, изградбата и во наредните месеци ќе треба да продолжи на експресниот пат од Градско до Дреново, како и од Дреново до Фариш, а власта во 2023 година ќе треба да го испочитува рокот и конечно да го стави во функција овој експресен пат. За Коридорот 10-д наредната година ќе биде значајна, бидејќи македонската влада веќе го најави почетокот на изградбата на автопатот Прилеп-Битола, којшто треба да се надоврзе на експресниот пат Градско-Прилеп. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во месецов најави дека во 2023 година треба да започне изградбата на автопатот Прилеп-Битола, заедно со автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требениште-Струга-Ќафасан.

Ваквото ветување на Бочварски практично значи дека догодина американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“ ќе треба да ги отпочне со реализација на терен автопатските делници на Коридорите 8 и 10-д. Бочварски најави дека во 2023 година само за изградба на автопатите на патниот Коридор 8 од државниот буџет ќе се издвојат 244 милиони евра. Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми на 14 декември годинава за телевизија „Алсат“ најави дека надзорот над градежните работи за автопатите што ќе ги гради „Бехтел-Енка“ веќе е избран, а догодина треба да заврши процесот на договорање на владата со турско-американскиот конзорциум за условите за изведба на овие автопати. Прв што ќе почне да се гради е автопатот Кичево-Гостивар, но се очекува токму овој автопат и најдолго да се гради, бидејќи минува низ планински терен и за неговата изведба ќе бидат потребни најмногу финансии и време. Од аспект на железничката инфраструктура, 2022 година беше одбележана со новиот почеток на изградбата на железничката пруга кон Бугарија. Го разбирам скептицизмот на граѓаните, но ќе работиме напорно, рече премиерот Димитар Ковачевски на 29 октомври годинава, кога отпочнаа градежните работи на првите две фази од пругата од Куманово до Крива Паланка.

Железничкиот Коридор 8 до Крива Паланка ќе се гради до 2025 година, а на изведбата се ангажирани австриската компанија „Штрабаг“ и турската компанија „Ѓулемарк“. Токму наредните 12 месеци од годинава ќе бидат клучни, бидејќи ќе покажат со кое темпо на реализација на терен ќе се одвиваат градежните работи, а со цел да се испочитува барем еднаш зададениот рок за изведба на пругата кон Бугарија, која се гради уште од 1994 година. Проектот е во вредност од 155 милиони евра во однос на актуелните две фази на изградба. Сепак, 2023 е клучна година за пругата кон Бугарија и од аспект на третата фаза, која воедно е и најскапа и најсложена за изградба. Проектната вредност на оваа делница е 406 милиони евра, но крајната сума која што ќе треба да ја платиме ќе се знае идната година, бидејќи токму наредниве месеци треба да се распише меѓународниот тендер и да се избере најповолен понудувач што ќе ги гради последните 24 километри со 25 тунели и 51 мост од Крива Паланка до границата со Бугарија.

Како и во првите две фази, Европската Унија останува клучниот поддржувач на земјава во изградбата на железничкиот Коридор 8. За пругата од Куманово до Крива Паланка ЕУ обезбеди неповратни 75 милиони евра. Дополнително, за секцијата од Крива Паланка до Деве Баир се најавени вкупни неповратни средства од 210 милиони евра од ЕУ, а најголемиот дел од нив ќе дојдат преку испораката на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан. На македонската влада во 2023 година ќе ѝ остане да ја заокружи во целост финансиската конструкција за третата фаза од пругата кон Бугарија, како би можело самата изведба на капиталниот проект да може да заврши во ветениот рок – 2027 година. Конечно, не помалку значајно за енергетската сигурност на Северна Македонија ќе биде завршувањето на магистралната гасоводна мрежа во 2023 година. Годинава во ноември, владата на чело со премиерот Димитар Ковачевски го пушти во употреба магистралниот гасовод Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола во должина од 92 километри. Овој магистрален гасовод е исклучително значаен за нашата земја, доколку македонската влада планира да го искористи природниот гас за енергетска трансформација на РЕК „Битола“ во идна гасна електрана.

За да се случат било какви позначајни поместувања во гасниот сектор, во 2023 година владата ќе мора да го заврши со изведба и магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар во должина од 76 километри, чиешто пуштање во употреба се одолговлекува веќе подолг период. Сепак, клучно за гасификацијата на земјата е изведбата на гасниот интеконектор со Грција, односно изведбата на гасоводната линија од Неготино до македонско-грчката граница и поврзувањето со грчкиот гасоводен систем. Должината на гасниот интерконектор со Грција е 68 километри, договорот за изградба меѓу двете земји беше потпишан во јули 2021 година, но она што во моментов се чека е практичната изведба на градежните работи на терен. Директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи кон крајот на годинава најави дека гасоводната врска со Грција ќе биде изградена во 2023 година. Но, за да се реализира ваквото ветување, неопходно е распишување на тендерска постапка и избор на изведувач што ќе го гради гасоводот.

Северна Македонија во моментов има гасоводна врска изградено единствено со Бугарија, од каде пак досега увезувавме природен гас од руски „Газпром“. Поради руската воена агресија во Украина, постојаните заострувања на санкциите на ЕУ, САД и останатите земји-членки на Г-7 кон официјална Москва и континуираното користење на снабдувањето со гас како политичко оружје на Русија, сосема неизвесно е колку македонското општество може во иднина да се потпира на рускиот гас. За да се обезбеди енергетска независност, клучно за земјава е да се изгради гасниот интерконектор со Грција и да се обезбедат други, посигурни снабдувачи со природен гас во текот на 2023 година. Накратко речено, во 2023 има сериозни инфраструктурни проекти коишто не трпат натамошни одложувања на роковите за изведба. За ова директно критикуваше и Европската комисија во поглед на железничкиот Коридор 8, а огромно предупредување има и за потребата од диверзификација на снабдувањето со природен гас во земјава. Од брзината на реализација на инфраструктурните проекти, зависи сигурноста на снабдувањето со гас на македонската економија, обезбедувањето на централно парно греење во Скопје, осигурувањето на дополнителни неповратни средства од ЕУ за инфраструктурните проекти, но и самиот рејтинг на актуелната влада.

   

Најново

Ристески: Пријавени повеќе од 6.000 лица за самовработување, од вчера објавена мерка за вработување и раст на правните субјекти

Sase Ivanovski

Руте: Незамисливо е Русија да нè престигне во вооружување, мораме да направиме повеќе

Sase Ivanovski

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ – БЕСПЛАТЕН културен спектакл под отворено небо!

Sase Ivanovski

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност со цел да ги заташкате работите

Sase Ivanovski

Палестина: Бараме прекинот на огнот да се прошири и на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Србија треба да избегне нов договор за гас со Русија, вели Енергетската заедница

Sase Ivanovski

Зголемен обем на работа на јавните обвинителства во 2024 година, покажа Годишниот извештај

Sase Ivanovski

Османи: Извештајот на Вајц бара од земјата да продолжи по европскиот пат преку уставни измени

Sase Ivanovski

Израелска армија: Воената кампања против Иран не е завршена, претстојат операции, но ИДФ засега ќе се фокусираат на борби во Појасот Газа

Sase Ivanovski

МНР на Бугарија: Манипулативното толкување на перцепцијата за идентитетот од страна на Скопје честопати служи како изговор за неисполнување на обврските

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди –  Владата додели средства за развој на урбаните подрачја, Македонија атрактивна дестинација за француските инвеститори

Sase Ivanovski

Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите – укинати субвенции, стопирани програми

Sase Ivanovski

Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа: Се намалуваат царинските стапки на 67 стоки и се либерализира трговијата со САД

Sase Ivanovski

ПРОСЕЧНАТА БРУТО ПЛАТА ВО АГЕНЦИЈА ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО Е 2500 ЕВРА

Sase Ivanovski

ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ ВО ХРВАТСКА: Казна од 1.000 евра за една „ситница“, но и цените ќе ве изненадат

Sase Ivanovski

Се огласи Путин: Ќе му помогнеме на Иран така што во Октомври ќе направиме арапско – руски самит

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ ЦЕЛА ВЕЧЕР ВО АКЦИЈА, ГИ „ЛОВЕШЕ“ ЗАГАДУВАЧИТЕ: Градоначалникот на Гази Баба се пофали на социјалните мрежи ќе дежурал додека е потребно

Sase Ivanovski

Средба меѓу Сиљановска и Жељазков во Хаг нема да се случи – вели Муцунски

Sase Ivanovski

ОВИЕ лекови не треба да ги пиете со кафе

Sase Ivanovski

МИСТЕРИОЗЕН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА НА АЕРОДРОМ ПРЕД САМИТОТ НА НАТО Некој ја саботирал железницата во Амстердам?

Sase Ivanovski

Бројот на жртви во Газа надмина 56.000

Sase Ivanovski

Повеќе од 600 луѓе убиени во Иран од почетокот на израелските напади

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО ПОВОД ЕДНА ГОДИНА ВЛАДА, ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СЕ СООЧИ НА МТВ СО УРЕДНИЦИ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ И СО ДВАЈЦА АНАЛИТИЧАРИ

Sase Ivanovski

Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Sase Ivanovski

РЕЦЕНЗИЈА НА ДЕНОТ, ВИБРАТОРОТ ЌЕ ГО БИДЕ

Sase Ivanovski

СКОПЈАНИ БАРААТ ДА СЕ ВРАТИ СМРТНАТА КАЗНА ВО ЗЕМЈАВА

Sase Ivanovski

Блумберг: Нерешена мистерија – каде е ураниумот на Техеран?

Sase Ivanovski

Словенскиот европратеник Тонин: Усвоениот извештај во АФЕТ точно да ја одразува моменталната состојба во земјата

Sase Ivanovski

Трамп ја објави честитката од Руте за „одлучната акција во Иран“

Sase Ivanovski

НЛБ Банка Скопје одбележува 40 години постоење

Sase Ivanovski

Муцунски: Жалам што актуелната бугарска влада влегува во рускиот наратив за дестабилизација на регионот

Sase Ivanovski

ЛУДА ИЗЈАВА НА БУГАРСКИОТ ШЕФ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Македонскиот вековен идентитет бил провокација за милиони Бугари со потекло од Македонија?!

Sase Ivanovski

УЖАСНА ИЗЈАВА Шефот на бугарската дипломатија го поздравува тоа што АФЕТ не се вовлекол во наративи за „вековен македонски идентитет“

Sase Ivanovski

Киев: Средба Трамп-Зеленски утре на маргините на Самитот на НАТО

Sase Ivanovski

ДРАМА ВО ХРВАТСКА: Платил двајца да ја убијат неговата екс сопруга и новиот партнер, полицијата го уапси

Sase Ivanovski

Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието

Sase Ivanovski

Извештајот на Вајц со „македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП

Sase Ivanovski

Трамп: Очекувам значајни достигнувања од Самитот на НАТО во Хаг

Sase Ivanovski

СКОПСКИ СТО КЕЦ ХИТ НА ГРЧКА ГРАНИЦА

Sase Ivanovski

Мицкоски за извештајот: Добро е што ја поминавме првата фаза, видовме дека не се стотина Бугари во Устав, туку дека е подлабока болката

Sase Ivanovski

Владата со мерки против топлотниот бран – климатизиран јавен превоз во жешките денови

Sase Ivanovski

Измама во гостиварско – го зел „аудото“ да го однесе на мајстор пред да го купи, па му се губи трагата

Sase Ivanovski

Израел соопшти дека се „воздржува“ од понатамошни напади врз Иран по телефонскиот разговор меѓу Нетанјаху и Трамп

Sase Ivanovski

Групацијата ЕИБ го зголемува плафонот за финансирање за 2025 година на рекордни 100 милијарди евра за да ги зголеми инвестициите во безбедноста и одбраната, енергетските мрежи и технолошкото лидерство во Европа

Sase Ivanovski

Стоилковиќ: Меѓуетничките односи во државата се стабилни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Додека функционерите на власт се гоштаваат со папаја и манго, работниците се оставени сами

Sase Ivanovski

Томовски: Владата продолжува да издвојува средства онолку колку што е потребно за настраданите лица од Кочани да добијат соодветни услови и да не бидат изложени на додатни трошоци

Sase Ivanovski

Охриѓанец (75) почина по службен разговор во полиција

Sase Ivanovski

Млад возач (18) од Сарај кај Бит Пазар прегази пензионер

Sase Ivanovski

Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Sase Ivanovski

Бугарското МНР не е против „модерни“ перцепции за идентитетот

Sase Ivanovski

СДСМ: Митески да одговори каде се ветените нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром?

Sase Ivanovski

Филипче за ТВ 24: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

Sase Ivanovski

Милошоски: Наградно прашање – Дали некој во оваа држава знае барем една работа што останала зад името на Андреј Жерновски

Sase Ivanovski

Лавров: НАТО се обидува да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Aрктикот

Sase Ivanovski

Герасимовски: Подготвуваме одлична програма, анкетите ни даваат ветер во грб за втор мандат

Sase Ivanovski

ПУТИН МОЖЕ ДА ГО НАПАДНЕ НАТО ЗА 5 ГОДИНИ Зеленски вели дека доцни планот за трошење во Алијансата

Sase Ivanovski

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

Sase Ivanovski

ЖИВНУВА РЕГИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ Перински вели дека ќе се пренасочуваат пари од централниот буџет на локално ниво

Sase Ivanovski

ОЈО отфрли пријава дека новинар тајни снимал со телефон – Шефица на Одделот за односи со јавност во Град Скопје тврдела дека ѝ била нарушена приватноста

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ГО ПРЕКИНА ИЗВОЗОТ НА МУНИЦИЈА ПО РЕАКЦИИТЕ НА МОСКВА Захарова го повика Белград да каже дали го помагал Киев

Sase Ivanovski

НАСТАВНИЧКИОТ СОВЕТ ДА НЕМА НАДЛЕЖНОСТ ДА ПОПРАВА ОЦЕНКИ Јаневска вели дека тестирањето во „Георги Димитров“ било по закон

Sase Ivanovski

Арагчи: Нема договор за прекин на огнот, но ако Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади

Sase Ivanovski

Владата пред граѓаните со почеток на кампања го презентираше сработеното за 1 година: Година на стабилизација, основа на идниот раст и развој

Sase Ivanovski

Се подготвува новата еврообврзница, износот ќе биде поголем од 700 милиони евра

Sase Ivanovski

Земјотрес во Албанија, ги затресе и југозападните делови на Македонија

Sase Ivanovski

Изменет е обвинителниот акт, судењето за таткото на Васил Јованов е одложено за септември

Sase Ivanovski

ДУИ: Балансерот се заменува со годишни извештаи, за Албанците овој закон е штетен

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС лаже, освен Бугарите кои се членови на ЕПП, другите членови од нашите сестрински партии гласаа „ЗА“, социјалистите на СДС против Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Уништените плоштади, Старата чаршија и амфитеатарот во Варош – резултат од четиригодишното владеење на ДПМНЕ

Sase Ivanovski

„Веќе вклучуваме во петта и шеста брзина“ најави Мицковски и вети инвестициски бум

Sase Ivanovski

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените сојузници во европскиот парламент

Sase Ivanovski

ЌЕ ВИ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО Мицкоски им се обрати на јавните службеници

Sase Ivanovski

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА 32-ГОДИШЕН МАЖ ВО КАРПОШ Младиот скопјанец бил пронајден во својот стан

Sase Ivanovski

ТРИ ТЕШКИ СООБРАЌАЈКИ ВО ЕДЕН ДЕН Повредени се пешак и 5 млади луѓе во Куманово, Неготино и во Скопје

Sase Ivanovski

ТРАМП МУ С’РЖА НА ИЗРАЕЛ, „НЕ ГИ ФРЛАЈТЕ ТИЕ БОМБИ“ Шефот на САД бара Тел Авив „да се смири“

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Една година владеење со достоинство, опипливи резултати и јасна визија за иднината

Sase Ivanovski

Препораки од ИЈЗ за претстојниот топлотен бран

Sase Ivanovski

Четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања – почнува членувањето во СЕПА

Sase Ivanovski

„Кај мама и тато на работа“ – Проект на ЕВН кој ги мотивира најмладите да станат дел од светот на енергетиката

Sase Ivanovski
Вчитувам....