34-годишен турски државјанин, кој е директор на фирма од Скопје, вчера пријавил во полиција дека сопругот на жена вработена во фирмата дошол на нејзиното работно место и му се заканувал, соопшти МВР.
„Вчера во 12 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж од Република Турција, со престој во Скопје, директор на правно лице, пријавил дека околу 09 часот во просториите на правното лице во Скопје, Џ.Ш. од Скопје, сопруг на една вработена, му упатувал закани и ги вознемирувал останатите вработени, велат од полицијата, додавајќи дека преземаат мерки за расчистување на случајот.