Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи пристигна во Москва на покана на неговиот руски колега Сергеј Лавров. Предводејќи ја делегацијата на високо ниво, Аракчи ќе му пренесе и писмена порака од лидерот на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Али Хамнеи до рускиот претседател Владимир Путин, пренесува новинската агенција ИРНА.
Портпаролот на МНР Есмаил Бакаи претходно најави дека посетата на иранскиот министер за надворешни работи на Москва е дел од тековните консултации меѓу двете земји, кои се стратешки партнери. Посетата на иранскиот шеф на дипломатијата на Москва доаѓа во време на зачестени американски израелскизакани за напади врз нуклеарните потенцијали во Иран.