Иранската противвоздушна одбрана собори уште еден израелски борбен авион Ф-35 во Табриз. Ова беше четврти израелски борбен авион Ф-35 соборен од Иран, објави иранската новинска агенција Мехр. Сепак, од друга страна израелската армија (ИДФ) соопшти дека нема сознанија за таков инцидент.
Израел ги отфрли претходните тврдења на Иран дека бил соборен израелски авион како „лажна вест“, пишува „Тајмс оф Израел“.