Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Маџид Тахтраванчи, изјави дека нуклеарните преговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави „нема да водат никаде“ ако Вашингтон инсистира Техеран да ја намали својата активност за збогатување ураниум на нула, објавија денес иранските државни медиуми.
„Нашиот став за збогатувањето (на ураниум) е јасен и постојано изјавуваме дека тоа е национално достигнување од кое нема да се откажеме“, рече Тахтраванчи, објави Ројтерс. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вчера изјави дека Иран ќе ги продолжи преговорите со САД за својата нуклеарна програма, но дека нема да се откаже од своите права поради заканите од Вашингтон.