Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.Потоа додадоа дека сирените за воздушен напад се вклучиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.Израелската војска подоцна соопшти дека жителите на северот од земјата можеле да ги напуштат засолништата откако сирените биле активирани претходно поради заканата од ирански ракети.
„Најмалку една ракета била испукана од Иран во Израел по прекинот на огнот“, објавија израелските медиуми.
Службата за итни случаи „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека не добила повици за повредени, освен еден човек кој бил полесно повреден додека трчал кон засолниште.
Министер: Наредив силен удар врз Техеран
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац штотуку објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) силно да одговорат на она што го нарече кршење на договореното примирје од страна на Иран.„Наредив на ИДФ силно да одговори на кршењето на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Иран негира
Иран негира дека испукал ракета или ракети кон Израел откако стапи на сила прекинот на огнот.
Иранските државни медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти дека испукал ракета кон Израел откако стапи на сила прекинот на огнот.
Ова е одговор на претходната изјава на израелскиот министер за одбрана Израел Кац, кој го обвини Техеран за кршење на договореното прекин на огнот и најави „силен одговор“ од израелската војска.